МИОА: Извештајот на вработени во јавниот сектор ја прикажува реалната бројка, ДПМНЕ разочаран дека не одговара на нивните лажни проекции

Министерството за информатичко општество и администрација, вчера го објави Извештајот на вработени во јавниот сектор за 2019-та година. Извештајот покажува зголемување на бројот на вработени за 832 лица, односно за 0,6%, споредено со 2018-та година.

Бројка, што ДПМНЕ не може да ја прифати затоа што не одговара на нивните лажни проекции и дезинформации за илјадници нови вработени, кои изминатиот период ги пласираа во јавноста.

Денеска, дополнителната заменичка министерка Невенка Стаменковска Стојковски, немајќи докази за да ги побие објавените бројки, го критикува временскиот период на на кој се однесува Извештајот. Имено, согласно Законот за вработени во јавен сектор, донесен за време на ДПМНЕ, Извештајот се објавува „најдоцна до крајот на првототримесечје во тековната година, за претходната календарска година“.

Извештајот објавен вчера, на овој начин се објавува од 2016та година и временската рамка никогаш не била спорна.

ДПМНЕ, продолжува да шпекулира и да презентира селективни информации, но кога од другата страна се соочуваат со анализи и извештаи кои се резултат на законски пропишани правила, единствено што им преостанува се хаотични тврдења.

Дополнително, забораваат дека има вработени кои го напуштаат јавниот сектор и апсолутните бројки мора да бидат резултат на анализа и на новите вработени, но и на лицата кои се пензионираат или доброволно заминуваат во приватниот сектор, стои во соопштението од МИОА.

Уапсен е уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва, во кој загинаа 145 луѓе

Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на салата Крокус во Москва на 22 март, изјави денеска портпаролот на полицијата за Тас.

„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја истражуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.

Според РБЦ, полицијата го уапсила таџикистанскиот државјанин Џумохон Курбонов.

Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.

Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.

Битиќи:На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби,за сплотена и силна Македонија

„Грешките во владеењето можеме да ги поправиме, но поделбите во општеството нема да ги залечиме доколку на 8-ми мај не се спротивставиме на политиките  на раздорот, на национализмот, на сеењето страв.“

Социјалдемократскиот сојуз е единстваната обединувачка политичка партија за силна и сплотена Македонија – земја и европски дом во кој ќе има место за секого, независно од неговата етничка, религиозна, културна, политичка или социјална припадност“, порача на денешните средби со жителите на Топаана и Шуто Оризари, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој порача дека резултатите од првиот круг на претседателските избори не треба да се прифатат со малодушност ниту пак да се обесхрабрувачки, туку треба да се перцепираат како предизвик кој во себе носи можност за сплотување на сите прогресивни сили во државата за двојните избори на 8-ми мај.

„Со нашата предизборна програма нудиме повеќе од економски раст и развој, повеќе од повисоки плати и пензии, многу повеќе од европски животен стандард, ние нудиме иднина во која секој граѓанин ќе биде прифатен, почитуван, градиме земја во која ќе владее дијалогот, меѓусебното разбирање, а не раздорот. Затоа на 8-ми мај, победата на СДСМ и коалицијата ќе значи пораз на стравот од различностите, на поделбите. Ќе зачекориме кон заедничка и споделена европска иднина“, порача Битиќи.

Зборувајќи за концептот на едно општество за сите, како суштинска политичка вредност на СДСМ, тој ја нагласи потребата граѓаните да го отфрлат национализмот како свој политички избор, затоа што тој е наметнат избор.

„Ве повикувам заеднички да го отфрлиме национализмот кој е надвиснат над Македонија, да кажеме НЕ на ксенофобијата, да се ослободиме од стравовите и да го прифатиме единството, единството во различностите бидејќи таму лежи нашата сила. Верувам во вас, во граѓаните, верувам дека тоа ќе го препознаете, дека ќе ги отфрлите политиките кои ви се наметнуваат од елити кои немаат што да ви понудат освен да ве туркаат кон минатото и поделбите“, рече Битиќи и порача дека Македонија не е само ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е многу повеќе, таа е на сите, на Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Власи.

„Нашата сакана земја е на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе, многу повеќе од тие што се прикажуваат како победници во првиот круг на претседателските избори. Затоа нема откажување, заеднички, едни покрај други, рамо до рамо, сите различни, продолжуваме и победуваме на 8-ми мај“, порача Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

Петровска: 1198 т.н. проекти на ВМРО-ДПМНЕ значат само бројки

„ Bараат промени за да не' вратат назад, кога добиваа наредби од еден центар на моќ и граѓаните освен што гледаа скапо платени реклами, не добиваа ништо. “

Ќе ставиме акцент на прашањата за кои граѓаните сме воочиле дека чувствуваат слабост кај нас. Можеби гласачите што гласале во првиот круг за Османи, Таравари или Димитриевски во вториот круг нема да бидат мотивирани да гласаат, од тука не би прифатила дефиниција за префрлање гласовии. Со оглед на пристапот што и до сега го имаше Претседателот Пендаровски го имаше изминатите пет години и неделбата на граѓаните по социјална или верска основа, можеби ќе му донесе и повеќе гласови во втор круг, а со тоа можен е пресврт. Се што нудат од 1198 т.н. проекти на ВМРО-ДПМНЕ значат само бројки, а бараат промени за да не' вратат назад, кога добиваа наредби од еден центар на моќ и граѓаните освен што гледаа скапо платени реклами, не добиваа ништо. Клучните проблеми на граѓаните не ги решаваа, и сега ја извртуваат тезата сакајќи да играат на картата на патриотизам и непотребно го билдаа, а кај нив знаеме дека е лажен. Прво повикуваа на обединување само на Македонските партии, а потоа кога сфатија дека им е погрешна стратегијата, ја променија, рече Славјанка Петровска носител на листа во ИЕ6 во вечерашната Само Вистина.

притисни ентер