Министрите за култура на Македонија и Бугарија се договорија да ги зајакнат контактите - Канал 5

Министрите за култура на Македонија и Бугарија се договорија да ги зајакнат контактите

Во Министерството за култура на Бугарија, министерот Венцислав Минеков ја пречека својата колешка, министерката за култура на Македонија, Ирена Стефоска.

Министрите за култура на Македонија и Бугарија се договорија да ги зајакнат контактите

По средбата, министерката Стефоска за дописникот на МИА од Софија изјави дека со нејзиниот колега Минеков разговарале за продлабочување на културната соработка меѓу Софија и Скопје.

Одлична основа е постојната програма за културна соработка, која постои подолго време со Република Бугарија, рече Стефоска и додаде дека со тоа се отвораат нови можности за уште поголема соработка меѓу двете земји, како во областа на живата културата, така и во заштитата на културното наследство.

-Се согласивме дека постојниот договор од областа на културата, којшто е навистина многустран и сеопфатен, треба да се активира во сите негови области, коментира министерката Стефоска за МИА во Софија.

Двајцата министри се договорија од септември да започнат интензивни контакти меѓу филхармониите на Бугарија и Македонија и да разменат посети. Според министерката Стефоска, сега тоа е потешко да се случи, заради состојбата на Ковид во двете земји. Договорот им овозможува на институциите директно да соработуваат едни со други, а ние, посочува таа, сме должни да создаваме услови и атмосфера за работа меѓу нив. Во рамките на пријателските односи, се очекува да се зајакнат контактите не само помеѓу двете филхармонии, туку и меѓу музеите и театрите.

Таа ја коментираше посетата на концертот на познатиот македонски пијанист Симон Трпчески во салата „Бугарија" со нејзиниот бугарски колега министерот Минеков, велејќи дека тоа е пример за тоа како треба да работат.

-Ова е прва средба на министрите за култура меѓу Македонија и Бугарија за две и пол години, коментира Ирена Стефоска и изрази уверување дека работите се одвиваат во вистинската насока во областа на културата.

Министерот за култура на Бугарија, Минеков, за МИА коментира дека се познава со неговата колешка само пет дена, но има чувство дека се познаваат подолго време и можат да помогнат во развојот на културните односи. Тој беше категоричен дека културата отвора граници.

Двајцата министри се согласија за време на состанокот во Софија да го олеснат преминувањето на бугарско-македонската граница за уметници и елементи од изложби во двете насоки за учество на изложби и други настани. Стефоска и Минеков разговарале и за учеството на фестивалот во Охрид, како и на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата".

По средбата со бугарскиот колега, министерката Стефоска го посети Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, каде директорот Сашко Насев ја запозна со нивните активности и културни настани што ги организираат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска

Уште еден голем успех за македонскиот танц на меѓународната сцена! Македонската танчерка Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во хип-хоп и попинг, кое се одржа во Киелце, Полска, запишувајќи значаен резултат за Македонија.

Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска

Палчевска го освои третото место во категоријата „All Styles Battles Junior 1“, со што се вброи меѓу најдобрите натпреварувачи во својата категорија на светско ниво.

Со својот талент, посветеност и танцови вештини, Анастасија успеа да се искачи на светскиот подиум и гордо да го развее македонското знаме, остварувајќи резултат што претставува успех не само за неа, туку и за македонската танцова сцена.

Овој медал е уште една потврда дека Македонија има млади таленти кои со својата работа, упорност и љубов кон танцот можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во светот.

Бронзениот медал на Анастасија Палчевска претставува повод за гордост и инспирација за новите генерации млади танчери во Македонија.

Со овој успех, македонскиот танц добива уште едно значајно меѓународно признание, а Анастасија Палчевска уште еднаш покажува дека талентот, трудот и посветеноста се вистинскиот пат до светскиот врв.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на изборите во Брвеница, дали е на јахтата на Заев или во Дубаи на одмор?

По успехот кој го имаше СДС на предвремените локални избори во Брвеница, со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, Филипче го снема од медиумскиот простор.

Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на изборите во Брвеница, дали е на јахтата на Заев или во Дубаи на одмор?

Иако знаеше секој ден да излегува и да беседи на прес-конференции, сега по историскиот успех кој го направи во Брвеница, изгледа се уште е во еуфорија, па сигурно отишол да прослави некаде.

Дали прославата од Бихаќка, Филипче ја однесе на јахтата на Заев на Егејското море или отиде на рехабилитација во Дубаи?

По таков огромен успех на изборите во Брвеница, каде што СДС беа декласирани од ВМРО-ДПМНЕ со 4 спрема 1, очекувавме од Филипче да не причести со една прес-конференција и да каже дека победиле на изборите.

Шегата на страна, СДС со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори. СДС со Филипче слави да биде 4 партија во Македонија, а и под знак прашалник е дали на следните избори ќе бидат и прва опозиција по бројот на пратеници во собранието.

Сепак, ВМРО-ДПМНЕ му дава огромна поддршка на Венко Филипче, му ги честитаме успесите и посакуваме уште многу вакви успеси какви што имаше во Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев.

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно унапредување преку продлабочување на политичкиот дијалог и развивање на соработката во областите од заемен интерес.

Во амбиент на глобална енергетска криза, двајцата претседатели разменија мислења за растечките проблеми и можностите за нивно решавање.

Во духот на пријателството и меѓусебното разбирање, потврдено и зацврстено со официјалната посета на претседателката на Баку, Сиљановска-Давкова и Алиев се согласија за продолжување и проширување на соработката во областа на енергетиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер