Министрите за енергија на ЕУ утре ќе одржат вонреден состанок - Канал 5

Министрите за енергија на ЕУ утре ќе одржат вонреден состанок

Министрите за енергија на ЕУ утре ќе одржат вонреден состанок. Целта на состанокот е да се испитаат можностите за координиран пристап во контекст на настаните на Блискиот Исток - се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Министрите за енергија на ЕУ утре ќе одржат вонреден состанок

Состанокот ќе се одржи онлајн и не се очекува да бидат одобрени никакви одлуки.

Минатата недела министрите за финансии на земјите од еврозоната се состанаа и онлајн. По состанокот, европскиот комесар за економски прашања Валдис Домбровскис истакна дека настаните на Блискиот Исток би можеле да доведат до повисока инфлација и помал економски раст во ЕУ. Тој се повика на прелиминарните процени, според кои оваа година не е исклучено економскиот раст во еврозоната да биде за 0,4 проценти помал од предвидувањата на Европската комисија во есенската економска прогноза, а инфлацијата да се зголеми за еден процентен поен над очекувањата. Доколку денешните предизвици продолжат на долг рок, можни се уште поголеми последици, со намалување на растот за 0,6 проценти оваа и в година - прецизира тој.

„Не исклучувам дополнителни последици, ова не е прогноза, туку процена на можните последици“, објасни Домбровскис.

На крајот од минатата недела Европската комисија презентира работен документ, во кој извести дека ЕУ се соочува со можност за прекини во снабдувањето со енергија и забележа дека транспортот останува многу зависен од увозот на нафта и нафтени производи. Комисијата повика на забрзување на транзицијата кон електрифицирана економија.

Електрификацијата со ниски јаглеродни емисии останува единственото решение за безбедноста на снабдувањето и за трајно справување со ранливоста на Европа на надворешни енергетски шокови, објави ЕК во работен документ подготвен пред состанокот на еврогрупата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите

Атрактивната италијанска ТВ водителка  Елеонора Инкардона импресионираше на самиот почеток на Светското  фудбалско првенство иако нејзината Италија не учествува на 23 Мундијал.

Фото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите

Сексапилната Елеонора со серија фотки го запали социјалните мрежи и сега сите како што минуваат деновите, очекуваат нови изненадувања од неа.

Италијанската водителка Елеонора Инкардона, која многумина ја нарекуваат најубавата Италијанка, објави серија фотографии од Светското првенство, овој пат го следеше натпреварот помеѓу Франција и Сенегал.

Елеонора на мечот се појавила во комплет составен од панталони и топ, во светли нијанси.

Ефективна шминка и само една нараквица дополнително го надополнија целото издание, а Елеонора позираше со насмевка и уживаше во сите комплименти што ги привлече.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нејмар го пропушта и 2 коло на Мундијалот

Ѕвездата на фудбалската селекција на Бразил, капитенот Нејмар  го пропушта и дуелот од 2 коло  против Хаити на Светскиот шампионат во САД, Канада и Мексико, потврди тамошната Федерација.

Нејмар го пропушта и 2 коло на Мундијалот

Нејмар нема да патува во Филаделфија за натпреварот од второто коло од групната фаза. Тој ќе остане во Њу Џерси, каде што влегува во завршната фаза од процесот на рехабилотација од повредата.

Синоќа Нејмар тренираше за прв пат откако се приклучи на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство.

Тој работеше индивидуално во теретаната на хотелот каде што престојува делегацијата. Сè уште му е забрането да учествува во активности што бараат физички контакт.

Тој не одиграл официјален натпревар од 17 мај, а оттогаш е посветен на единствената цел - рехабилитација. Прашањето е дали ќе биде во протоколот за натпреварот против Шкотска на 25 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикини

Една од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави каде што позира во бикини, но во некои провокативни фустани. 

Фото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикини

Моделот Емили Ратајковски се појави во центарот на вниманието кога откри непознати детали за нејзиниот развод и животот потоа, откривајќи сè за нејзините авантури за една ноќ ...

Убавата Емили која е позната и како кралицата на провокациите сега ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со серија фотки на кои позира или во бикини или во провокативен фустан .

Бидејќи моментално ужива во одморот, таа ја одбра својата омилена дестинација - Мајорка, Емили позираше во бикини кои речиси откриваа премногу, а потоа покажа црвен мрежест фустан кој речиси ништо не покрива.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер