Министрите од ЕУ му се заканија на Ердоган: Нема да дозволиме уцени

Европската унија нема да дозволи да биде уценувана и ја повикува Турција да се придржува кон договорот за запирање на мигрантите, изјавија европските министри за надворешни работи од самитот во Загреб.

На вонредната министерска средба, ЕУ се обидува да се согласи за заеднички одговор на кризата што се закани со нов мигрантски бран кон Европа.

Шефовите на европската дипломатија ја поддржаа Грција пред состанокот, преземајќи ги сите неопходни чекори за заштита на надворешните граници на Унијата и го поздравија примирјето што вчера го постигнаа Русија и Турција.

Тие најавија дека ќе ја разгледаат иницијатива за создавање безбедна зона во северна Сирија и дополнителна финансиска помош за Анкара.

„Турција носи голем товар на грижата за бегалците, но во исто време е неприфатливо мигрантите да бидат средство за притисок“, изјави пред новинарите високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика, Џозеп Борел.

Европејците тврдат дека мигрантите кои со години биле сместени во Турција се движат кон грчката граница, а не оние што бегаат од насилството во Идлиб.

„Ова е јасен доказ дека ова движење е создадено и организирано од страна на Турција. ЕУ нема да дозволи инструментализација на човечките страдања“, истакна грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас.

Потврдувајќи ја заслугата на Турција во запирањето на мигрантскиот бран од 2015 година, хрватското претседателство со ЕУ ја повика Анкара да се врати на одредбите на договорот од 2016 година.

„Ова е она што го сакаме, верувам дека е единственото решение да не се повтори ситуацијата од пред четири и пол години“, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Тој верува дека мигрантите кои пристигнале на грчката граница последниве денови треба да бидат вратени во Турција. „Сметаме дека ова е најсоодветно. Не станува збор за луѓе кои дошле заради сегашната состојба во Идлиб, туку за луѓе кои се наоѓаат во Турција веќе неколку години“, вели Пленковиќ.

Земјите-членки покажаа солидарност со Грција и ја поддржуваат да ги преземе сите неопходни мерки за одбрана на надворешната граница на ЕУ.

„Ние сме против насилството и за хуманитарен пристап. Веруваме дека има доволно мерки што може да се применат, а не нужно гумени куршуми“, рече Пленковиќ.

Шефот на холандската дипломатија смета дека треба да се земе предвид достоинството на мигрантите при заштитата на границата. „Јас не сум таму, на лице место, но сите треба да се третираат со почит“, рече Штеф Блок.

Курти ѝ се пожалил на американската државна потсекретарка за заканите од Србија кон Косово

Курти ја изрази својата загриженост поради постојаните закани на Србија кон косовската држава.

Косовскиот премиер, Албин Курти на денешната средба со потсекретарката за јавна дипломатија на Стејт департментот на САД, Елизабет Ален, која престојува во Косово, ја изрази својата загриженост поради постојаните закани на Србија кон косовската држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти владината служба за информирање, Курти на средбата со Ален рекол дека „авторот и водач на терористичката и паравоена српска група“, која го изврши нападот во Бањска во северно Косово во септември минатата година, Милан Радоичиќ, сè уште е на слобода во Србија.

Косовскиот премиер изразил и жалење што барањето на Косово за членство во оваа институција не е ставено на агендата на Комитетот на министри на Советот на Европа за 17 мај.

„На средбата се разговараше и за односите меѓу Косово и Србија и за процесот на дијалог со посредство на Европската унија. По ова прашање премиерот Курти ја истакна важноста од целосно и безусловно спроведување на основниот договор и неговиот анекс. Во однос на патот на Косово кон евроинтеграциите, премиерот Курти изрази жалење што Комитетот на министри на Советот на Европа одби да го вклучи Косово во агендата за гласање на 17 мај, со оглед на тоа што Косово ги исполни сите критериуми за членство“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.

Во текот на разговорот, Курти ја запознал Ален со „случувањата во земјата, напредокот во владеењето на правото, социјалните политики кои ги поддржуваат жените и децата, реформите во образованието со цел поврзување на образованието со пазарот на трудот, како и политиките и инвестициите во енергетиката“.

Курти изјави дека САД се сојузник и историски партнер на Косово и очекува зајакнување на меѓусебните односи во иднина, особено на полето на економијата и трговијата.

Пред да се сретне со Курти, американската дипломатка, Ален претпладнево се сретна и со претседателката на Косово, Вјоса Османи, со која потпиша договор за разбирање меѓу владите на САД и Република Косово, против манипулациите со информации од други држави. /МИА

Идентификувана точната локација на падот на хеликоптерот Раиси

 Командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Источен Азербејџан, Асгар Абасголизадех изјави дека ИРЦГ откриле сигнал од хеликоптерот и од мобилен телефон на еден од екипажот на местото на инцидентот.

- Во моментов, заминуваме со сите воени сили во областа и се надевам дека ќе им дадеме добри вести на луѓето, посочи Абасголизадех

Претходно, иранскиот заменик-претседател за извршни работи Мохсен Мансури изјави дека двајца патници од хеликоптерот со кој патуваше претседaтeлот Ебрахим Раиси, комуницирале со спасувачките сили.

Мансури истакна дека тоа значи оти несреќата најверојатно била со помал интензитет. /МИА

Се зголемува бројот на земји кои му нудат помош на Иран во потрагата по хеликоптерот на Раиси

Саудиска Арабија изрази подготвеност да обезбеди каква било помош за Иран по уривањето на хеликоптерот со кој патуваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Во соопштението до саудиското Министерство за надворешни работи се наведува Кралството ги следи извештаите за несреќата со „голема загриженост“.

И Катар соопшти дела е подготвен да му помогне на Иран во потрагата по хеликоптерот.

Во меѓувреме и турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Иран „побарал техничка поддршка во потрагата“ и оти се разговара каква помош би можела да биде испратена што е можно поскоро.

- Се надеваме дека иранските власти, вклучително и иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амирабдолахиан, се здрави и здрави, се посочува во соопштението на турското МНР.

Претходно, Европската комисија на барање на Иран ја активираше услугата за сателитско мапирање за да помогне во лоцирањето на хеликоптерот на иранскиот претседател. Помош на Иран му понудија и Русија, Ирак и Азербејџан. /MИА

притисни ентер