МакедонијаМинистерството за транспорт ја заврши една од главните артерии во КочаниЗавршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во градот.Инвестицијата е во вредност од 12,7 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку Проектот за локални патишта. Во рамки на истиот проект завршени со реконструкција се и улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“. Паралелно со овие активности, преку проектот за поддршка на општините, Владата инвестира и во изградбата на градската магистрална улица „Новопланирана 1“, како и во реализација на уште неколку значајни инфраструктурни проекти во општината, во вкупна вредност од околу 320 милиони денари. Со реализацијата на овие проекти испраќаме јасна и силна порака дека Владата е заедно со граѓаните на Кочани и активно работи на решавање на нивните потреби. Овие инвестиции претставуваат конкретни чекори кон создавање подобар и поурбан и град за живеење, како и нови можности за граѓаните и за деловната заедница. Со овие активности покажуваме дека Владата континуирано работи на создавање услови за локален економски развој, привлекување нови инвестиции и обезбедување подобра иднина за граѓаните на Кочани. Министерство за транспортТагови: Министерство за транспорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБројот на загинати во земјотресот Индонезија се искачи на најмалку 47Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,7 степени што ја погоди Индонезија во саботата се искачи на најмалку 47, додека десетици луѓе се повредени, а стотици згради се урнаа, соопштија индонезиските власти.Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,7 степени што ја погоди Индонезија во саботата се искачи на најмалку 47, додека десетици луѓе се повредени, а стотици згради се урнаа, соопштија индонезиските власти, предупредувајќи дека бројот на жртвите би можел да се зголеми. Според претходните извештаи, бројот на жртви изнесувал 38. Шефот на Националната агенција за управување со катастрофи, Сухарјанто, изјави дека спасувачките екипи извлекле најмалку 47 тела, главно во областите Сика, Мангарај и Источен Мангарај, додека најмалку 50 лица биле пренесени во болници. Според него, земјотресот целосно уништил најмалку 157 куќи и оштетил уште речиси 200, поради што околу 2.000 жители морале да ги напуштат своите домови и да се преселат во привремени засолништа. 🇮🇩Horrifying footage from Indonesia as a massive earthquake strikes… and you can see the panic unfold in real time. Buildings shaking, people scrambling for safety, and absolute chaos. These visuals capture just how terrifying a 7.7-magnitude earthquake can be.… https://t.co/MxBCnC0swA — Mario Nawfal (@MarioNawfal) August 16, 2026 Оштетени се и многу јавни објекти, вклучително 87 образовни установи, 18 здравствени установи, пет верски објекти, шест владини канцеларии и друга јавна инфраструктура. Indonesia El retroceso del mar que anticipa el tsunami: los videos virales tras el terremoto de 7.7 en Indonesia pic.twitter.com/PNrqIQZIEN — Tendencias en X (@TendenciasenX1) August 15, 2026 Земјотресот, како што пренесува АП, го погоди подрачјето на островот Флорес во 5:58 часот наутро по локално време, на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Владата останува партнер на работниците Владата останува партнер на работниците и преку заеднички дијалог и договор се создаваат долгорочни и одржливи решенија за раст на платите.Преку институционални решенија и колективно договарање, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ создава услови и долгорочни решенија за зголемување на платите на работниците и го унапредува социјалниот дијалог, а резултати се видливи и мерливи. Во периодт од две години преку колективни договори со важност до 2028 година се регулираа повеќе од 95 проценти од односите со вработените во јавниот сектор, со што се обезбедуваат стабилност, предвидливост и сигурност за илјадници вработени. Историски чекор е направен и во администрацијата, така што за првпат по долг период е постигнат договор со синдикатите УПОЗ и САДУ за повисоки плати на административните службеници, кон кој се приклучија и други синдикални организации, со што се создава основа за системско подобрување на статусот и материјалната положба на вработените во администрацијата. Образованието е еден од сектори каде што има значителен раст на платите, така што од преземањето на обврската Владата да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, платите на просветните работници и на сите вработени во образованието се зголемени за 20 проценти. А, согласно колективниот договор, до крајот на мандатот ќе имаат од 46 до 60 проценти повисоки плати, додека платите на универзитетските професори се зголемени за 14 проценти. Значително зголемување во здравството се постигна со потпишувањето на анексот на колективниот договор со што се обезбеди повисока плата за сите вработени во македонското здравство така што платите на здравствените работници се зголемени за 4.815 денари нето, додека кај медицинските сестри зголемувањето достигнува 6.200 денари. До крајот на мандатот, согласно договорената динамика, растот на платите треба да достигне до 50 проценти. Во соработка и дијалог со синдикалните организации за прв пат се постигна колективен договор и во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој предвидува зголемување на надоместоците и подобрување на работниот статус на вработените, а поголеми плати се обезбедени и за вработените во безбедносните структури, со јасен план за нивно натамошно зголемување. Овие резултати се потврда дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува партнер на работниците и дека преку дијалог и договор се создаваат долгорочни и одржливи решенија, затоа што само со задоволни, сигурни и почитувани вработени можеме да градиме просперитетна и сигурна иднина. Владата продолжува да работи во интерес на граѓаните, со политики што обезбедуваат раст на платите, сигурни работни места, унапредување на работничките права и стабилен економски развој. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
МакедонијаСДСМ: Мицкоски на увид во Идризово - стручњак на вистинското место за вистинската темаПремиерот Христијан Мицкоски денеска е на увид на изградбата на фекална канализација во Идризово.Логичен избор. Откако граѓаните во Гостивар цел месец пиеја фекалии, премиерот конечно одлучи да се занимава со фекалната инфраструктура. Само овојпат од правилната страна на цевката. Додека во Гостивар немаше ниту еден негов увид, ниту една посета, ниту една „здравица“ со граѓаните кои се труеа и заболуваа, сега има време за фотографирање покрај канализација во Идризово. Идризово, место што народот го поврзува со затвор, денеска го пречекува премиерот како експерт за фекален систем. Савевски да си ја работеше својата работа, а не по барање на Мицкоски, можеби Мицкоски ќе останеше подолго во Идризово и ќе имаше можност посериозно да ја проучи темата, научно. Еден месец криза со загадена вода. Илјадници заболени. Епидемија на жолтица. Отруена вода во болницата. Епидемија на западнонилска треска. Двајца починати од западнонилска треска. Болниците во колапс. А премиерот? Прво на научна екскурзија. Потоа на увид на фекална канализација. Приоритетите се кристално јасни. Скопје, 16.08.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook