Според процедурите, доколку судот даде позитивно мислење тоа ќе биде испратено до министерката за правда Рената Дескоска која ќе го има финалниот збор, но доколку судот одлучи дека не треба да се изврши екстрадиција, понатаму барањето ќе биде разгледувано во Врховниот суд.
Доколку Кривичен донесе позитивна одлука на барањето кое беше испратено денеска таа понатаму ќе биде разгледувана во Министерството за правда.
“ Ќе ги разгледаме нивните аргументи и врз основа на анализа на аргументите ќе биде донесена одлуката од Министерството за правда. Одлуката на ќе биде врз основа на домашното и меѓународното право.” , велат од министерството.
Морина веќе 12 дена се наоѓа во екстрадиционен притвор во Шутка, откако беше уапсен на граничниот премин на Блаце. Разврската околу неговата екстрадиција предизвика бурни реакции во Македонија, Србија и Косово. И Приштина, која бара негово итно ослободување и Белград, кој бара екстрадиција очекуваат случајот да се реши во нивна корист, во спротивно и едните и другите се закануваат дека во Скопје веќе нема да гледаат пријател.
Вицепремиерот Бујар Османи за Канал 5 вчера рече дека испорачувањето на Морина во Србија би ја нарушила стабилноста во регионот.
Поранешниот припадник на УЧК во Србија се сомничи за учество во воени злосторства против Србите во Косово во 1999 година.