Министерството за култура со поддршка на проекти за развој, афирмација и промоција на културата - Канал 5

Министерството за култура со поддршка на проекти за развој, афирмација и промоција на културата

Не смее да се очекува овој конкурс да ги реши сите децениски наталожени проблеми.

Министерството за култура со поддршка на проекти за развој, афирмација и промоција на културата

Акцентот е ставен врз квалитетот на проектите, нивното значење за јавниот интерес во културата, нивната релевантност на животот на граѓаните, поддршка на автори од различни етнички заедници, стимулирање на креативни творци, на ранливи маргинализирани групи, реално вреднување на трудот за да се заштити достоинството на авторот, сподели на денешната прес-конференција министерката за култура Ирена Стефоска за резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година по дејности и области.

За првпат, вели таа, одобрени се солидни средства за заштитата на нашето културно наследство. Додаде дека бројни се проектите во програмата со интеркултурен карактер. Одобрени се голем број проекти како поткрепа на заложбата за деметрополизација на културата.

– Не смее да се очекува овој конкурс да ги реши сите децениски наталожени проблеми. Оттука промените во овој конкурс се само првиот пионерски чекор кон усовршување на целиот систем, нагласи министерката Стефоска, која рече дека со соопштување на резултатите се доцни од објективни причини – работа во ковид услови и намален буџет од три милиони евра, поради, како што рече, поранешни нерегуларности со кои сега се занимаваат надлежните институции.

Доделени се толку средства со колку што располага Министерството.

– За првпат не се преземаат обврски повисоки од буџетските средства. За распределба на 11 милиони евра, пари на даночните обврзници, пристигнаа 6.352 апликации – рекорден број, рече Стефоска, која изрази голема благодарност до стручните комисии, за, како што рече, нивната непопустливост пред огромните притисоци на кои биле изложени.

Добар дел од другите корисници и националните институции имале неадеквантно и нецелосно пополнети апликации. Нагласи дека мора да се работи на високата свест за взаемна отчетност за трошењето на секој денар.

– Дел од корисниците кои од различни причини, понекогаш легитимни, понекогаш нелегитимни, се извештиле низ годините како да го надмудруваат конкурсот, па така на разни начини се протнуваат низ дупките во системот – еднаш се појавуваат како автори, другпат како уредници, консултантни, учесници во манифестација, членови на жири комисии, во групен проект. Исти лица си конкурираат самите на себе и така конкурсот ја изгубил смислата на натпревар. Неретки се и оние кои аплицираат со копи пејст проекти, кои изминатите години биле веќе поддржани. Во ваков сложен и проблематичен контекст и комисиите и јас како министерка зазедовме став за суштинска позиција да се обезбеди одговорно, транспарентна и праведна дистрибуиција на парите на даночните обврзници за културата, рече Стефоска.

Дел од апликантите вклчучително и националните установи, додаде, побарале непристојно големи суми, а дел побарале средства за проекти кои заради ковид рестрикциите тешко дека ќе можат да се реализираат.

– Убедена сум дека во резултатите од програмата, културната јавност ќе го препознае напорот за напуштање на прицнипот „по малу за сите" – таквиот принцип ја обесмислува културата и ја убива креативноста, заклучи Стефоска.

Таа апелираше до Собранието што побрзо да го донесе новиот закон за јавен интерес во културата кој го очекуваат 3 500 културни работници. Роковите за корисниците оваа година, нагласи, ќе бидат пролонгирани за да имаат време да си ги реализираат проектите.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека исплатите во однос на годишните проекти од минатиот конкурс, Министерството за култура ќе ги направи до последен денар и замоли за трпение додека институциите си ја завршат работата. За проектите годинава, рече дека е организирана целата работа многу побрзо да се склучат договорите со корисниците и да се изготват решенијата.

Во однос на забелешките од Државниот завод за ревизија, таа рече дека тие се однесуваат на неутврдена методологија за работа на стручните комисии, поточно за вредноста на бодот при оценувањето.

– Во соработка со експертите од државниот Завод за ревизија изготвивме модел кој се покажа дека функционира за определување на вредноста на бодот. Тоа е една од клучните забелешки долги години во извештаите дека бодот немал вредност, додаде Стефоска./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девет грешки со рачниот багаж што може да ви го расипат патувањето низ Европа уште пред тргнување

Еве на кои клучни стапици на патувањето може да наидете според магазинот Travel + Leisure.

 Девет грешки со рачниот багаж што може да ви го расипат патувањето низ Европа уште пред тргнување

Патувањето со рачен багаж звучи совршено, нема чекање редици за подигање на багажот, нема страв за загубен багаж, лесно се движите по улиците и железничките станици, но сепак, патувањето со ранец не гарантира полесно патување.

Еве на кои клучни стапици на патувањето може да наидете според магазинот Travel + Leisure.

Непроверување на димензиите на европските авиокомпании

Кај европските нискобужетни авиопревозници, Ryanair, EasyJet или WizzAir, правилата за димензиите и тежината се значително поригорозни од стандардните големи линии. Куфер што во повеќето земји поминува како кабински, во Европа често може да биде голем трошок во последен момент.

Пакување на нови неразгазени чевли

Кога ги шетате низ историските европски градови, по цел ден пешачите по калдрма, нерамни плочки и стрмни скали. Новите неразгазени чевли или крути модели се загарантиран рецепт за плускавци и болки во стапалата. Наместо тоа, земете проверени разгазени патики и анатомски обувки.

Изоставање на избрана колекција облека што лесно се комбинира

Носењето одредена облека за која се надевате дека ќе ја облечете создава непотребен неред при пакувањето. Решението е во неутралните тонови и парчиња облека што може да се комбинираат во повеќе прилики.

Занемарување на организатор и кеси што се компримираат

Класичното редење облека зазема голем волумен, а компресиските кеси го истиснуваат воздухот и овозможуваат собирање повеќе облека на ист простор, штедат нерви бидејќи така не мора да копате по куферот за да извлечете една маичка.

Пренатрупан несесер и ризик од одземање

Правилото за пакувања од 100 мл во проѕирен несесер и понатаму важи на повеќето европски аеродроми. Носењето полупразни големи пакувања редовно завршува со фрлање при безбедносната контрола. Спакувајте ги најосновните мини-формати, вообичаените средства за хигиена купете ги од локалната веледрогерија по пристигнувањето.

Заборавање на универзален адаптер за струја

Британските приклучоци за струја се разликуваат од оние во континентална Европа, а на специфични типови приклучоци може да наидете дури и во рамките на самиот континент. Купувањето поединечни пластични адаптери на аеродромот или во туристичките зони е непотребно скапо. Компактен универзален адаптер за струја со повеќе USB-влезови треба да се наоѓа во вашиот рачен багаж уште пред да тргнете на пат.

Носење чанти кои се лесна мета за џепчии

Плоштадите, подземните железници и туристичките атракции низ Европа се магнет за вешти џепчии. Отворените чанти на рамо, ранците со надворешни прегради и паричниците во задните џебови претставуваат голем ризик. Практична чанта со патент што се носи преку градите, блиску до телото, е најбезбедниот избор за чување документи и пари.

Патување без пренослив полнач (power bank)

Од билети за воз и влезници за музеи, па сè до навигација и фотографирање – вашиот паметен телефон работи со полна пареа додека патувате. Ако батеријата се испразни среде непознат град, тоа предизвикува голем стрес. Компактниот пренослив полнач е неопходен додаток (а според правилата на авиокомпаниите, мора да го носите во рачниот багаж, а не во чекираниот багаж).

Преполнување на куферот до крај

Најголема грешка на почетниците е тргнувањето на пат со куфер што едвај може да се затвори. Речиси сигурно ќе купите нешто попатно – сувенир, шише вино, чоколадо или парче облека. Секогаш оставајте околу десет проценти од просторот празен или спакувајте лесна, склоплива најлонска торба во рачниот багаж што ќе ја искористите при враќањето.

Извор: www.tportal.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Игор Ивановски во „Само интервју“

Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува Игор Ивановски.

Игор Ивановски во „Само интервју“

Разговори за иднината или за смена на Филипче? Платформа 12 и 5, навремена или задоцнета? Надминување на јазот во СДСМ или ново опозициско престројување, се менуваат ли политичките сили на теренот или секое чудо за три дена? Која е „нишката“ на иницијаторите?

Дали може власта и опозицијата да се обединат околу националните интереси?

Достижна ли ЕУ или до недоглед ќе чекаме да се сменат правилата за влез во големото друштво?

Каде е Македонија 35 години потоа, што можевме, а што не направивме и како да се променат состојбите во општеството?

Само Интервју, вечерва со Гоце Михајлоски и Игор Ивановски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Една минута е доволна да сфатите со кого имате работа

Според психоаналитичарот Сигмунд Фројд однесувањето во одредена ситуација веднаш открива каков е нечиј вистински карактер.

 Една минута е доволна да сфатите со кого имате работа

Сите барем еднаш сме биле во ситуација во која сме се запрашале дали некому можеме потполно да му да дадеме нашата доверба. Кога запознаваме некого, ги набљудуваме надворешните слоеви: начинот на кој говори за своето минато, топлината со која му се обраќа на семејството, амбицијата со која ја гради својата иднина. Сепак, кога некој говори за своите сништа и планови најчесто е вешта фасада која не открива што се крие во суштината на тоа битие.

Сепак, Фројд открива дека вистинската величина на човекот не се мери по неговите зборови, туку по неговата реакција на отпорот.

Што ве исфрла од рамнотежа?

„Величината на вашата личност е одредена според величината на проблемот што ве вади од такт“ – вели Фројд.

Посматрајте како некоја личност се соочува со ситните секојдневни предизвици кои не може да ги контролира. На пример, сообраќаен метеж, ладно кафе, мало недоразбирање, изразување гнев, тага или губењето самоконтрола – сето тоа е јасен сигнал на емоционална незрелост.

Кога нечиј карактер реагира со „пожар“ на мала искра, тоа говори за недостаток на внатрешен мир и стабилност. Овие испади не се одраз на моментален стрес, тие се огледало на неспособноста да се носиме со животот на зрел начин.

Вистинската сила, од друга страна, се огледува во тивката сила и способноста да го зачуваме сопствениот интегритет, дури и кога се чини дека сиот свет се руши. Зрелата личност знае дека нејзината вредност и мирот не зависат од надворешните околности, туку од ширината на нејзиниот внатрешен простор.

Така што, следниот пат, кога ќе ја проценувате силата на нечија личност, не прашувајте за идните планови или соништата, посматрајте ги малите битки. Во нив се гледа колку некој е подготвен да чекори низ животната бура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер