Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
3Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
КултураМинистерството за култура ќе субвенционира преводи на македонски дела во странствоВо јануари 2014 година Министерството за култура првпат ќе објави конкурс за финансирање преводи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската литература на странски јазици. Конкурсот за превод, кој ќе биде отворен преку целата година, е меѓу приоритетите во Националната стратегија за развој на културата 2013-2017.Согласно конкурсот, Министерството за култура ќе финансира преводи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странските јазици во категориите: уметничка проза, драма, поезија, есеи, литература за деца, антологиски и други жанровски избори од областа на книжевноста наменета за поширок круг читатели. Конкурсот ќе се однесува на дела објавени во Република Македонија на македонски јазик и на јазиците на етничките заедници во државата. Министерството ќе доделува средства за превод на литературното дело, а право на учество на конкурсот ќе имаат исклучиво странски издавачи. Конкурсот ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за култура, а исто така преку дипломатско-конзуларните претставништва на РМ ќе бидат поканети најпознатите европски издавачки куќи. Комисијата која ќе биде формирана за одобрување на проектите, ќе ги разгледува секој месец. Апликацијата ќе биде електронска и едноставна, за странските издавачи да имаат лесен пристап до нашите автори, дела и издавачки куќи. - Нашите анализи укажаа дека на годишно ниво многу малку странски издавачи преведуваат дела на автори од Република Македонија, не поради фактот што нашето творештво не заслужува внимание, туку поради економската поддршка која издавачите ја добиваат од европските земји кои го применуваат овој модел. Затоа сметавме дека треба да ја примениме оваа практика и обезбедивме значителен фонд на средства од буџетот на Министерството за култура, со кои ќе ја помогнеме реализацијата на овој проект, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференција. Текстот на конкурсот го подготви Министерството за култура во соработка со повеќе стручни лица. Тојј беше одобрен и од Владата на РМ и испратен на мислење до Македонската академија на науките и уметностите, Друштвото на писателите на Македонија, Сојузот на литературните преведувачи на Македонија и Сојузот на писатели Албанци на Македонија, кои доставиле свои предлози и сугестии што се имплементирани во текстот на конкурост. Претставници на овие институции на прес-конференцијата истакнаа дека првпат се прави значаен чекор за широка и стабилна меѓународна афирмација на македонската литература, што ќе има повеќекратен ефект и за промоција на македонската култура воопшто. Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Раде Силјан рече дека конкурсот е конкретна акција која продуктивно ќе влијае за афирмација на македонското книжевно творештво и него ќе го доближи до странските читатели. Притоа напомна дека голема улога во целиот процес ќе имаат лекторатите по македонски јазик низ светот и Семинарот за македонски јазик во Охрид, кој го посетуваат многу странци, познавачи на македонскиот јазик. Ратко Дуев, претседател на Комисијата за издавачка дејност во Министерството за култура, истакна дека конкурсот со кој ќе се субвенционира преведувањето македонски дела, е можеби најважен проект значаен за македонските автори со кој, како што рече, нашата творечка мисла ќе излезе надвор од нашите граници. Академик Владо Матевски додаде дека МАНУ ја поддржал акцијата уште како иницијатива и посочи дека е меѓу првите чекори во реализацијата на Стратегијата за култура. Во соседните земји веќе функционираат агенции за промоција на книгата, па издавачот Нове Цветановски, кој е и меѓу иницијаторите, истакна дека Македонија со овој потег се вклучува во трендот што во Европа го има десетина години. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалШпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?Шпанскиот фудбал е потресен од смртта на 30-годишниот Хесус де Мигел, напаѓачот на Тенерифе, кој почина по судир со голманот на Андора, Хесус Овоно. Додека семејството, соиграчите и навивачите се простуваат од починатиот фудбалер, шпанските медиуми пишуваат и за тешката ситуација во која се најде голманот кој учествуваше во кобниот судир. Според извештаите, нему му се заканува повеќегодишна затворска казна. Овоно, репрезентативец на Екваторијална Гвинеја, е длабоко потресен од трагедијата. Според информациите од шпанските медиуми, тој е „во целосен шок“ и имал намера приватно да стапи во контакт со семејството на починатиот фудбалер за да им се извини. Како што претходно објави „Спорт“, голманот сакал да се поврзе со семејството уште пред да биде потврдена смртта на Де Мигел. Сепак, трагичниот исход ја направи и онака исклучително чувствителната ситуација уште потешка. 😱 Así fue el golpe de Owono sobre Jesús de Miguel que dejó fulminado en el suelo al jugador del Tenerife #LALIGAHYPERMOTION https://t.co/6xWHg7OwRF — Diario AS (@diarioas) November 2, 2026 По натпреварот во кој настрада Де Мигел, Овоно се соочи со лавина навреди на социјалните мрежи, поради што ги избриша своите профили. Некои навивачи го нарекоа „убиец“ по судирот по кој Де Мигел остана неподвижен да лежи на теренот. До кобниот судир дојде кога Овоно истрча од својот гол обидувајќи се да стигне до топката. Голманот доби црвен картон за прекршокот, а Де Мигел се здоби со тешки повреди, од кои подоцна почина. Покрај личните последици од оваа трагедија, за Овоно сега би можеле да следат дисциплински санкции, а се поставува и прашањето за можна кривична одговорност. Според член 102 од Дисциплинскиот правилник на Шпанската фудбалска федерација, за насилно однесување кон противник за време на натпревар, кое резултира со сериозни повреди или други тешки последици, предвидена е суспензија во траење од четири до 12 натпревари. Оваа одредба би можела да се примени и во случајот на Овоно, но конечната одлука ќе ја донесе надлежното дисциплинско тело откако ќе ги разгледа сите околности. Казна од осум, десет или 12 натпревари би била во рамките на пропишаниот опсег, но не постои автоматска санкција во случај на смрт на фудбалер. Шпанските медиуми известуваат дека може да се очекува изрекување на најстрогата предвидена санкција. Покрај спортската санкција, се поставува прашањето дали Овоно може кривично да одговара за смртта на противничкиот фудбалер. Според член 142 од шпанскиот Кривичен законик, како што пренесува „Марка“, за лишување од живот од небрежност (поради груба небрежност) предвидена е казна затвор во траење од една до четири години. За полесен облик на небрежност предвидена е парична казна, чиј износ се одредува според системот на дневни износи. Сепак, фактот што еден фудбалер починал по судир, не значи автоматски дека другиот сторил кривично дело. За да постои евентуална кривична одговорност, би било неопходно да се докаже дека Овоно сериозно ја прекршил должноста за внимателност што се очекува при спортска активност, дека фаталниот исход бил објективно предвидлив и можел да се избегне, како и дека постои неопходна причинско-последична врска помеѓу неговите постапки и смртта на Де Мигел. Полицијата отвори истрага за смртта на фудбалерот. Шпанската полиција веќе отвори истрага за смртта на Хесус де Мигел, а случајот е под судски надзор. Како што пренесуваат шпанските новински агенции EFE и Europa Press, како и јавниот телевизиски сервис RTVE, и државното обвинителство спроведува прелиминарни истражни дејствија. Надлежните органи нагласуваат дека истрагата се покренува автоматски во случаи на смрт што не настапила од природни причини. Нејзиното покренување не значи дека Овоно е осомничен или обвинет за кривично дело. Евентуалната дисциплинска постапка од страна на Шпанската фудбалска федерација и можната кривична одговорност се две посебни прашања. Фудбалската федерација ќе треба да го оцени однесувањето на голманот согласно со сопствениот Дисциплински правилник, додека евентуалната кривична одговорност би требало да се утврди во соодветна правна постапка. Правилата на самата федерација предвидуваат независност помеѓу спортската и кривичната одговорност, како и можност случајот да се препрати до државното обвинителство доколку постојат индиции дека е сторено кривично дело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојкаТрагедија во Богданци- пронајдени се две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка, а неофицијално се работи за убиство и самоубиство на двојката. Според информациите од истрагата на кои се повикуваат дел од медиумите, момчето кое претходно било уапсено за физички напад на девојката во неговиот дом, сега ја убил и ја запалил во автомобил, а потоа и сам си го одзел животот. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за околностите како загинале две лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмерикански маринец загинал за време на воена вежба во ЈапонијаАмерикански маринец починал по инцидент за време на воена вежба на јапонскиот остров Окинава.Оваа информација денеска ја објави „Еј-Би-Си њуз“, а ја потврди и Корпусот на маринци на САД. 3-тата дивизија на маринците издаде соопштение во врска со настанот. „Со голема тага ја објавуваме смртта на еден маринец по инцидент за време на обука во кампот „Шваб“ на Окинава, што се случи на 3 ноември 2026 година“, се наведува во соопштението на дивизијата, пренесе Ројтерс. Фото: ВИТагови: маринец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter