Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа
2Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа
3Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит
3Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ЕкономијаМинистерството за финансии не размислува за укинување на повратот на ДДВ Ниту се разговарало на темата МОј ДДВ ниту се размислува за негово укинување – уверува министерката за финансии Гордана Димитриевска КочоскаНиту се разговарало на темата МОј ДДВ ниту се размислува за негово укинување – уверува министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска, откако вчера директорката на УЈП, Елена Петрова рече дека мерката не го дала очекуваниот ефект. Кочоска одговарајќи на новинарско прашање рече дека законот останува таков каков што е. „Немав прилика и да ја слушнам директортката бидејќи како некаков извештај или некаква информација да добиеме во МФ нема ниту пак сме разговарале на тема дека ќе го менуваме законот или воопшто ќе дискутираме околу „Мој ДДВ“ и не можам да кажам дека ќе има било какви промени туку напротив останува се како што е сега....“ - Гордана Димитриевска Кочоска – министерка за финансии. Во однос на солидарниот данок пак, кој компаниите го платија како еднократна давачка во 2023 година, а со одлука на Уставен суд државата треба да им ги врати парите направена е конечната листа на фирми, кај најголем дел ќе се враќа на 2 рати, а првата исплата ќе биде во март годинава, посочи министерката за финансии на прес конференцијата посветена на издавањето на 10тата еврообрвзница, со која Македонија вчера се задолжи за една милијарда евра. Еврообрзницата се издаде во две транши од по 500 милиони евра, со рок на отплата од 4 и 8 години, што според Кочоска се нема случено во последните 20 години. За траншата со рок од 4 години каматата изнесува 3,87% додека за онаа од 8 години каматата е 4,75%. „Интересот беше голем, само еден час по обајвување на почетните каматни стапки побарувачката достигна 2 милијарди евра. Пред отварање на американскиот пазар книгата на инвеститори надмина 3 милијарди евра, а по негово отварање вкупната понуда достигна повеќе од 4 миллијарди евра. Ова претставува јасен доказ за нашата фискална стратегија... Има инвеститори кои прв пат инвестираат во Македонија....Ме радува и фактот што има многу инвеститори кои се и пензиски фондови кои што не планираат да ги купуваат нашите обврзници за потоа да ги продаваат на секундарниот пазар туку да ги чуваат до нивно доспевање....“ - Гордана Димитриевска Кочоска – министерка за финансии. Со овие средства како што посочи Кочоска ќе врати еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година, но и сервисирање на останатите обрвски кои доспеваат во тековната година. Според опозициската СДСМ – Владата со овој потег ја признала буџетската дупка од милијарда евра, за која како што велат од партијата, алармирале уште минатата година. Тагови: Министерство за финансии Мој ДДВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКим Џонг-ун пристигна во Кина преку нов мост (ВИДЕО)Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во Кина преку новоизградениот мост меѓу двете соседни земји, изјави јужнокорејски владин претставник.Ким пристигна во Дандонг преку новиот мост на реката Јалу, кој ги поврзува Северна Кореја и Кина, изјави функционерот под услов на анонимност бидејќи не е овластен јавно да зборува за ова прашање. Кинескиот премиер Ли Ќијанг се сретна со Ким во пограничниот град, изјави друг јужнокорејски функционер запознаен со посетата, исто така под услов на анонимност. Посетата на Ким доаѓа еден ден пред годишнината од вмешаноста на Кина во Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година. Затоплување на односите Се очекува Ким да се врати во Северна Кореја по посетата во сабота, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап. Јужнокорејски функционер запознаен со посетата изјави за Ројтерс дека е малку веројатно Ким да го посети Пекинг пред состаноците на високо ниво на Кинеската комунистичка партија, кои започнуваат во понеделник. Кина и Северна Кореја овој месец, по долго одложување, го отворија Новиот мост на реката Јалу. Станува збор за објект долг три километри што претставува нивен најважен копнен граничен премин. Целта е да се оживее трговијата и економската размена по години на затегнати односи и нарушувања предизвикани од пандемијата. Посетата на Ким во овој момент се вклопува во сегашната фаза на поблиски економски врски и почести состаноци на високо ниво меѓу Кина и Северна Кореја, рече Лу Чао, експерт за односите меѓу Кина и Северна Кореја во Провинциската академија за општествени науки Лиаонинг, истражувачки институт на кинеската влада со седиште во Шенјанг. Се очекува мостот да го олесни транспортот на тешка опрема, суровини и енергија што ѝ се потребни на Северна Кореја за развој. Отворањето е најновиот знак за одмрзнување на односите меѓу Пекинг и Пјонгјанг, откако лидерите на двете земји се состанаа на два самити во изминатите 13 месеци.Тагови: Ким Џонг-ун Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканИзборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа Мртва трка со само неколку проценти предност за партијата на Вучиќ, односно за Студентската листа, предвидуваат изборните анкети на ден пред изборите во Србија. Според „Нова српска политичка мисла“ , Студентската листа е во предност за 2 процента пред Вучиќ или 44,5 наспрема 42,7 проценти. ИПСОС , пак предвидува победа на Вучиќ со предност од 7,4 проценти пред Студентската листа или 47,4 наспрема 40 проценти. Вонредните парламентарни избори во Србија, кои ќе се одржат на 25 октомври, ќе бидат 15-ти парламентарни избори во таа земја од 1990 година, а воедно и јубилејни, десетти вонредни избори. Право на глас имаат околу шест и пол милиони гласачи, кои ќе изберат 250 претставници во српскиот Парламент. Според политичките проценки, ова се најважните парламентарни избори во Србија од падот на Слободан Милошевиќ во октомври 2000 година. Главната битка се води помеѓу две листи - онаа на Александар Вучиќ и студентската листа, која во моментов е негов најголем противник. Вучиќ се обидува со овие избори да ја врати премиерската функција и на тој начин да остане на власт, која ја држи од 2012 година. Ова се и првите избори на кои Вучиќ не е фаворит и на кои студентската листа има големи шанси за победа. Секако, конечната пресуда ќе ја дадат гласачите, а многу ќе биде познато веќе во недела навечер, по 20 часот, кога ќе бидат објавени првите резултати. Доколку по овие избори во Србија се формира нова влада, тоа ќе биде 21-ва влада по ред од 1990 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаЛишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ .Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Г.(20) и К.Д.(23), И.Ш.(28), С.Т.(20) сите од Скопје, Р.Ш.(22) од с.Морани, скопско, А.В.(20) од с.Радишани, скопско, Љ.М.(59) од с.Ресава, кавадаречко, Н.Ј.(35) од с.Слупчане, Општина Липково, и А.А.(18) од Прилеп и Д.К.(18) од с.Тополчани, прилепско. Со активна мерка - забрана возило управувале Д.Ќ.(47) од Велес и М.Б.(30) од Крушево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38