Министерството за финансии ќе потпише Меморандум за разбирање со IFC и SECO

На 140-тата седница на Владата беше соопштено дека сопствениците на оранжерии се стекнаа со имотен лист за земјиштето, а усвоен е нов, поефикасен и неколкукратно поевтин систем за заштита од град.

На денешната 140-та редовна седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за финансии на Република Северна Македонија, Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) и Меѓународната финансиска корпорација (IFC), и го з задолжи Министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, да го потпише Меморандумот за разбирање со Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) и Меѓународната финансиска корпорација (IFC).

Меморандумот, кој ќе биде потпишан за време на годишните средби на Холандската конституенца на Групацијата на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, односно на 21.06.2019 година, има за цел развој и спроведување на Проектот за лесна индустрија на Југоисточна Европа. Овој проект е значаен регионален проект чија цел е подобрување на конкурентноста на фирмите во процесите на креирање на додадената вредност во лесната индустрија (синџир на добавувачи) во земјите во Југоисточна Европа, како и поттикнување и зајакнување на нивното вклучување во синџир на добавувачи на Еврозоната и регионот.

Овој проект се очекува да придонесе за економски раст и да го поттикне отворањето на работни места во регионот на Југоисточна Европа преку обезбедување на поконкурентни, интегрирани и производи со поголема додадена вредност на домашните компании.

Владата на Република Северна Македонија го разгледа и прифати Договорот за соработка во врска со реализација на проектот ХЕЦ Чебрен помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Меѓународната финансиска корпорација, кој доаѓа како резултат на Рамковниот договор за соработка за развој на инфраструктурни и енергетски капацитети преку моделот на јавно приватно партнерство (ЈПП).

На оваа своја седница, Владата на РСМ го усвои Предлог - закон за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста заради усогласување на националното законодавство од областа на јавните набавки со европските директиви за јавни набавки.

Со овој предлог закон се постигнува зголемувањето на транспарентноста и ефикасноста на системот на јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, со што ќе се надмине и забелешката на Европската комисија во нејзините годишни извештаи за напредокот на земјата.

Владата на Република Северна Македонија денеска ја разгледа и усвои Информацијата за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое има изградено оранжерија и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно објекти во стопанскиот двор врз основа на Јавниот повик од 22.11.2018 година.

Со реализацијата на овој јавен повик сопствениците на оранжерии се стекнаа со можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост, и со стекнувањето на имотни листови, сопствениците на оранжерии ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, и ќе остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма. Можноста која што им се отвора за нови инвестиции крајно ќе влијае врз обемот и квалитетот на производството.

Владата денеска го донесе новиот текст на Уредбата за дополнување на Уредбата за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој, во која е додадена нова подмерка “Услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделски посеви “.

Со овој вид на заштита од природни климатски непогода како што е градот се постигнува најефикасен систем за превенција и неколку кратно поекономичен систем од старите ракетни системи.

Проценетата вредност за набавка на услугите е 900 милиони денари, што е неколкукратно поекономично од инвестициите во ракетен систем чија проценета вредност за инсталација и одржување е еднократна инвестиција од 1 милијарда и 200 милиони денари и дополнителни трошоци за одржување и набавка на материјали од 300 милиони денари на годишно ниво.

Денеска Владата на Република Северна Македонија го донесе новиот текст на Решението за формирање на Комисија за спроведувањена постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за формирање на современа модерна организација - Платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем на Република Македонија ( HEMS ) и хеликоптерски услуги за пребарување и спасување (SAR).

Дополнително, за реализација на постапката се задолжени Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство, Министерството за економија, Министерството за транспорт и врски, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи до Генералниот секретаријат на Владата веднаш да достават номинација на членови и заменици членови на Комисијата, која потоа ќе треба да го достави Јавниот повик и Тендерската документација во рок од 30 дена до Владата на Република Северна Македонија на усвојување.

На денешната седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг, на тема: “Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“, и даде согласност за објавување на Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг.

На седницата владата го задолжи Министерството за правда да го информира ГРЕКО за согласноста на Владата на Република Северна Македонија за објавување на Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг, и го задолжи министерството извештајот да го објави на својата веб страница во превод на македонски јазик, во рок од 7 дена.

Дополнително, Владата презеде обврска да назначи Советник за интегритет кој ќе има обврска да врши упатување и советување на членовите на Владата и лицата именувани од Владата за спроведување на препораките од овој извештај.

Владата го разгледа и усвои новиот текст на Информацијата за давање одобрение на Министерството за здравство за започнување на постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема дигитални РТГ апарати за потребите на повеќе Јавни здравствени установи во Република Северна Македонија, за јавна набавка на медицинска опрема – апарати за хемодијализа, за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија, ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември Скопје и ЈЗУ Завод за нефрологија Струга, како и за започнување на постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема, за потребите на ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина – Скопје.

На денешната, 140 редовна седница на Владата на РСМ го назначи амбасадорот, проф. д-р Ѓорѓи Филипов за координатор на Меѓународната група на експерти од Република Северна Македонија за трговски марки, и имињата и другите облици на интелектуалната сопственост, кои со колегите од Грција ќе работат за постигнување на взаемно прифатливи решенија за овие прашања, согласно обврските од Договорот меѓу Република Северна Македонија и Република Грција потпишан на 17 јуни 2018 година.

Параглајдерист преживеал пад од 30 метри- камерата го снимила ужасот (ВИДЕО)

Јутјуберот Ентони Вела го тестирал леталото над државниот парк во Аризона кога доживеал несреќа.

Тој објави видео од инцидентот на популарната платформа, откако падна на земја од околу триесетина метри, врескајќи и плачејќи.

Ентони некако повикал помош.

„Тој звучеше очајно, го повика диспечерот и рече дека се урнал со својата летечка машина“, беше објавено.

Неговиот пријател пристигнал за неколку минути, а властите „во живо“ ги следеле драматичните моменти, пренесува Дејли Стар.

Диспечерот го прашал пријателот дали жртвата имала повреди или крвари, а Ентони тврдел дека е добро. За жал згрешил, бидејќи подоцна било откриено дека има неколку скршеници.

На пат кон болница ѝ се јавил на сопругата и ѝ рекол: „Колабирав, ми се скрши раката. Ќе бидам добро, љубов, не грижи се“.

Исплашената жена одговорила: „Што сакаш да кажеш, не грижи се?“.

Се верува дека инцидентот бил предизвикан од дефект на моторот, а Јутјуберот ги предупредил луѓето тројно да го проверат секој дел пред да полетаат.

Доктор имал интимни односи со жени во ординацијата, додека пациенти чекаат на ред

На лекарот кој се снимал себеси за време на интимните односи во ординација, додека пациентите го чекале својот ред, му се заканува крај на кариерата.

Том Плимер (40) се појави во ТВ шоуто „Први средби“ уште во 2018 година, а снимката наводно ѝ ја покажал на својата колешка од Свиндон. Потоа ѝ испратил на медицинска сестра 197 експлицитни фотографии откако таа била „принудена во врска со него“.

Трибуналот кој се занимава со жалби против лекарите откри дека способноста на д-р Плимер за професионална работа била нарушена поради недолично однесување, пишува Дејли Меил.

Членовите на трибуналот слушнале дека тој наводно поканил две жени на лекар, кои ги запознал преку Интернет, а потоа водел љубов со нив во работното време.

Се тврди дека имал интимни односи со најмалку шест жени во канцеларијата, а на поранешните љубовници им испраќал контроверзни фотографии додека пациентите го чекале својот ред.

За време на неговото појавување пред трибуналот, д-р Плимер се извинил за неговото „одвратно однесување“.

Тој претходно беше прогласен за виновен по повеќе обвиненија, меѓу кои и шетање по извршена операција со откопчани панталони, испраќање експлицитни видеа, како и ставање рака на колешка на гениталиите.

Против него е поднесена дополнителна пријава за полови дејствија во ординација.

Медицинската сестра тврди дека започнала „пријателство“ со докторот по „двосмислените пораки за чоколадното зајаче“. Тој наводно ѝ се доверил дека е зависник од секс и разменил 5.000 пораки со неа.

Една порака наводно гласела: „Можам ли да ти дозволам да влезеш во некоја тајна? Ти си мојата омилена“.

Плимер ѝ покажал 197 фотографии и видеа на кои тој има односи со други жени, било кажано на Трибуналот.

Лекарот минатата недела изјави дека „се опоравува од зависноста“ со поддршка од пријатели и зема лекови. Тој признава дека испраќал експлицитни видеа на жени, но тврди дека сѐ било со согласност.

Трибуналот допрва треба да донесе конечна одлука за овој случај.

Полицијата ги растера студентите пред елитната Сорбона на пропалестински протести (ВИДЕО)

Полицијата растера десетици демонстранти кои денеска кампуваа во дворот на Универзитетот Сорбона во Париз за да протестираат против војната во Газа, изјави тамошен студент.

Протестите се случија три дена по протестите на елитниот универзитет Сајнс По во главниот град и следеа антиконфликтни собири во кампусите низ Соединетите држави, објави Франс24..

„Имаме секаква причина, како на Јеил, Колумбија, Сајнсс По... да го осудиме она што го гледаме дека се случува“, рече студент, кој се претставил само како Леонард, на друг митинг пред влезот на Сорбона.

Универзитетот, еден од најстарите во светот, ги затвори своите згради за време на мирните протести. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“ и ја повикаа институцијата да го осуди Израел. Вкупно 253 заложници беа заробени во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, членовите на Хамас во нападот убиле околу 1.200 Израелци.

Израел возврати со наметнување опсада на Газа и воздушен и копнен напад. Според здравствените власти во Газа, израелската војска убила најмалку 34.488 Палестинци во тие напади.

Неколку француски политичари, меѓу кои и Матилд Пано, која ја предводи левичарската група пратеници на ЛФИ во Националното собрание, ги повикаа поддржувачите на социјалните мрежи да се приклучат на протестите во Сорбона.

притисни ентер