Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животи
1Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животи
ЗдравјеМинистерство за здравство за Канал 5: Законот за пушење не се одложува и ќе се донесеЗаконот за пушење нема да биде одложен и ќе се донесе – велат од Министерството за здравство за Канал 5 откако во јавноста се отвори прашањето за негово спроведување во фази... „Нема ретерирање, Законот за пушење не се одложува и ќе се донесе!“, децидни се од Министерството за здравство, откако во јавноста се отвори прашањето за тоа што точно значи неговата „фазна имплементација“ во пракса и дали на угостителите и на граѓаните ќе им се даде време од една година за адаптација. Од Министерството за Канал 5 велат дека тоа што не сакаат веднаш, уште од 1 ви март или кога законот ќе го мине „собранискиот филтер“ да има казни нема да значи дека се повлекуваат од идејата за проевропски закон за заштита од пушење, кој во својот предлог текст вклучува воопшто да не се пуши, ниту тутун ниту електронски цигари во затворено, ама и надвор пред врата на институции, фирми, болници и автобуски постојки. „Законот за заштита од пушење не се одложува. Министерството е целосно посветено на негово донесување во најкраток можен рок. Законот ќе стапи на сила согласно законските рокови. Во почетната фаза фокусот ќе биде на информирање, надзор и опомени, пред изрекување казни. Во однос на „фазната имплементација“, тоа не значи одложување ниту едногодишен преоден период.“ По реакциите дека основите на предлог-законот се земени од земји каде многу мал дел од населението се пушачи на цигари, или од такви кои никогаш не произведувале тутун, од Министерството појаснуваат дека текстот не е финализиран, туку по анализата на коментарите од јавната расправа и институционалното усогласување, ќе се дефинира и како таков ќе биде доставен до Владата и потоа во собраниска процедура. „Нашата цел не е казнување, туку заштита на здравјето. Сакаме јасни правила што ќе важат еднакво за сите и ќе обезбедат чист воздух за граѓаните и работниците. Суштината на законот не се менува. Целта е јасна: заштита од пасивно пушење во затворени јавни и работни простории и спречување на започнување со пушење кај младите.“ Со новиот предлог-закон се забранува пушење во сите затворени угостителски објекти, кафеани, барови, фирми, а освен пред училишта, градинки и болници, цигара нема да смеете да запалите и на автобуски и железнички станици, пазари, а и пред театар и спортски објект. Во присуство на дете, забрана за цигари и тутунски апарати ќе има и во автомобил. Казните за граѓаните ќе се движат од 150-300 евра, а за фирмите до 5.000 евра, но на почеток, дали поради адаптација или поради што нема кој да казнува, нема да има силна контрола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕпидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животиЕпидемијата на ебола во Демократска Република Конго однесе 2.325 животи, со што го надмина бројот на жртви во епидемијата од 2018 до 2020 година и стана најсмртоносната во историјата на земјата.Конгоанскиот институт за јавно здравје соопшти дека бројот потврдени случаи се зголемил на околу 5000 случаи. Станува збор за 17-та епидемија на ебола во Конго, која веќе кон крајот на јули ја надмина претходната по бројот на случаи и стана најголема во историјата на земјата според тој показател. За овој сој на ебола нема одобрени вакцини или лекови.Тагови: ебола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаАпел до владата поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козитеСојуз на одгледувачи на овци апелира до владата и до надлежните институции за итно преземање мерки поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козите, како и за заштита и помош на сточарите. Насер Џемаил претседател на Сојуз на одгледувачи на овци изјави дека 40 семејства останале без приходи поради угинување на овците, тие од државата бараат обештетување и да обезбеди вакцини за заштита од болеста која ги коси овие домашните животни. Информаираат дека месото нема да биде штетно за јадење по вакцинација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
СветИран има нова мета?Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Канада станала „резервен тим“ на САД во нивната воена агресија против Иран.Портпаролот Багеи изјави дека САД ја нарекуваат Канада своја педесет и прва земја, воведуваат царини на нејзините стоки, па дури и се закануваат дека ќе ја казнат за еколошки проблеми. Тој исто така додаде дека одговорот на Отава е само послушност, според новинската агенција Тасним. „Официјална Отава учествува во нелегалната војна на САД против Иран за да го задоволи Вашингтон. Оваа ситуација покажува дека Канада повеќе не се согласува со САД, туку е сведена на улога на резервен тим“, рече Багеи. Извор: Б92Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter