Министерство за култура и туризам: Премиерата на филмот „Диџеј Ахмет“ во Брисел ја одушеви публиката - Канал 5

Министерство за култура и туризам: Премиерата на филмот „Диџеј Ахмет“ во Брисел ја одушеви публиката

Европската премиера на играниот филм „Диџеј Ахмет“, режисерско деби на Георги Унковски, која вчеравечер се одржа во „Синема галери“ во Брисел, го привлече вниманието на претставници на европските институции, дипломати, филмски професионалци.....

Министерство за култура и туризам: Премиерата на филмот „Диџеј Ахмет“ во Брисел ја одушеви публиката

Европската премиера на играниот филм „Диџеј Ахмет“, режисерско деби на Георги Унковски, која вчеравечер се одржа во „Синема галери“ во Брисел, го привлече вниманието на претставници на европските институции, дипломати, филмски професионалци, гости и љубители на седмата уметност, соопшти Министерството за култура и туризам.

Пред проекцијата се обрати министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој пред публиката истакна дека прикажувањето македонски филм во срцето на Европа претставува значаен успех и силна потврда за квалитетот на домашната кинематографија.

-Чест ми е што вечерва, овде во срцето на Европа, во Брисел, го одбележуваме премиерното прикажување на македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“. По оваа проекција верувам дека сите ќе почувствуваме колку филмот може истовремено да биде длабоко локален по својата приказна, а, сепак, универзален по емоцијата и пораката што ја носи, истакна министерот Љутков.

Како што се наведува во соопштението, тој упати искрени пофалби до авторскиот и продуцентскиот тим, нагласувајќи дека филмот претставува уметничко остварување што достоинствено ја претставува државата на европската сцена и е доказ за зрелоста, креативната храброст и меѓународниот потенцијал на македонската кинематографија.

Љутков додаде дека филмот е резултат и на силна меѓународна соработка и доверба меѓу партнерски институции и нагласи дека тоа е потврда дека кога се работи заеднички, може да се создаде вредност што ги надминува границите и говори на јазик разбирлив за сите.

-Ова не е само уметничко дело, туку резултат на соработка, доверба и заедничка визија. Копродукциските проекти се одлична можност нашите автори и продуценти да станат дел од поширока европска мрежа, да добијат пристап до нови пазари и нова публика и на тој начин малите кинематографии да бидат рамноправен и видлив дел од европскиот аудиовизуелен простор, рече министерот.

По проекцијата се одржа панел-дискусија посветена на улогата и значењето на копродукциите во европскиот аудиовизуелен сектор.

-Премиерата и панел-дискусијата претставуваат уште една потврда за активното присуство на македонската култура на европската сцена и за континуираната заложба за продлабочување на соработката со европските партнери, соопшти Министерството за култура и туризам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Набавуваме 3.300 нови контејнери – чекор кон почисто Скопје

„Добив исклучително ниска цена за набавката на 3.300 контејнери, двојно поевтино од било кога во минатото“, изјави Ѓорѓиевски.

Град Скопје: Набавуваме 3.300 нови контејнери – чекор кон почисто Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа информираше дека за десетина дена ќе започне испораката на 3.300 нови контејнери, со кои значително ќе се унапреди системот за собирање и управување со отпадот во главниот град.

„Добив исклучително ниска цена за набавката на 3.300 контејнери, двојно поевтино од било кога во минатото“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека со новите контејнери, заедно со новите специјализирани комунални возила, во значителна мера ќе се надмине состојбата со отпадот во Скопје и ќе се создадат подобри услови за одржување на јавната хигиена.

Покрај новите контејнери и комунални возила, Градот Скопје наскоро ќе ги стави во функција и новите метлачки и цистерни. Нивната употреба ќе придонесе за почисти улици, булевари и јавни површини, што е од директен интерес за сите граѓани.

Ѓорѓиевски најави и иницијатива која ќе биде доставена до Советот на Град Скопје, со која се предвидува еден ден во месецот депонирањето отпад на депонијата „Дрисла“ да биде бесплатно за граѓаните.

„Со конкретни мерки и инвестиции продолжуваме да работиме на подобрување на комуналната хигиена и создавање почист и поуреден град за сите скопјани“, порача градоначалникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кинески робот што готви, чисти и го мести креветот – иднината наскоро пристигнува

Кинески робот што готви, чисти и го мести креветот – иднината наскоро пристигнува во домовите ширум светот.

Кинески робот што готви, чисти и го мести креветот – иднината наскоро пристигнува

Кинеската компанија „Унипат“ (Unipath) претстави хуманоиден робот кој, за време на демонстрација, самостојно извршува низа домашни обврски – од подготовка на храна и чистење до местење на креветот и ракување со апарати за домаќинство. Сепак, сè уште не се знае кога овој робот ќе биде достапен за купување.

Идејата за робот за домаќинство со децении припаѓаше на сферата на научната фантастика, но снимките од кинеската компанија „Унипат“ (Unipath) прикажуваат хуманоид кој се движи низ домот и извршува разни секојдневни задачи.

Во демонстрацијата, роботот подготвува храна, ги чисти подовите, го мести креветот, ракува со апарати за домаќинство и служи оброци. Тој е претставен како систем способен да преземе дел од домашните обврски и да помогне во организацијата на домаќинството.

Во јуни, Кина покрена национална иницијатива со цел да воведе повеќе од 10.000 хуманоидни роботи во комерцијална употреба, во над 100 различни сценарија за примена, до крајот на 2026 година. Развојот на оваа индустрија е дел од пошироките напори за воведување на роботиката во производството, логистиката, малопродажбата, здравството и други сектори.

Сепак, патот до целосно автономен домашен робот, способен да ги извршува речиси сите домашни обврски, сè уште не е целосно реализиран. Дури и најнапредните хуманоидни роботи сè уште имаат ограничувања, а за посложени задачи, некои системи може да се потпираат на човечки надзор или далечинско управување.

Еден пример е роботот NEO од компанијата 1X, дизајниран специјално за домашна употреба. За разлика од роботот на Unipath – за кој сè уште не се објавени ниту датум на пуштање во продажба, ниту официјална цена – NEO е веќе достапен за преднарачка. Цената за ран пристап изнесува 20.000 долари, иако компанијата нуди и опција за претплата од 499 долари месечно. Се очекува испораките до купувачите во САД да започнат уште кон крајот на 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познат денот кога Меси ќе го одигра последниот натпревар за Аргентина

Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, асот на Интер Мајами, Лионел Меси неодамна објави дека се повлекува од аргентинската репрезентација, а за време на претстојната меѓународна пауза ќе му биде приредено официјално испраќање.

Познат денот кога Меси ќе го одигра последниот натпревар за Аргентина

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони го вклучи долгогодишниот капитен Меси во списокот за претстојните пријателски натпревари, а како што пишува Фабрицио Романо, „малиот волшебник“ ќе се прости од репрезентацијата во Буенос Аирес, на 6 октомври, на натпреварот против Бенин.

Пред тоа, Аргентина ќе игра против Боливија и Буркина Фасо, но не е познато дали освојувачот на осум златни топки за најдобар светски фудбалер ќе настапи на тие натпревари.

Меси на 31 август објави дека се повлекува од националниот тим, за кој во текот на кариерата одигра 207 натпревари, постигна 125 гола и забележа 68 асистенции. Со Аргентина освои две титули на Копа Америка, Светското првенство и „Финалисима“, а својот последен танц во дресот на „Гаучосите“ ќе го има пред своите навивачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер