Министерот за земјоделство ќе се сретне со лозари и винари, ќе се разговара околу откупот на грозјето

Министерот за земјоделство Трајан Димковски денеска во Кавадарци треба да се сретне со лозари и винари, на закажаната средба во општинската зграда.

На средбата ќе се разговара околу откупот на грозјето, за МИА информираат од Здружението ,,Напредни лозари".

Пред средбата, лозарите побараа поддршка од градоначалниците на петте општини од регионот.

– Слушаме неофицијално дека визбите прво тврделе дека сакаат малку грозје за да кажат дека има вишок на винско грозје со цел цените да бидат ниски, па после обеќавале дека тие ќе се жртвуваат и ќе го откупеле целото винско грозје, само по пониски цени или државата да ги субвенционира. Многу добро знаеме каков ќе биде состанокот заедно со винарските визби. Имаме искуство од минатата година кога винариите дојдоа на состанок со однапред одржан состанок меѓу нив, со однапред договорени цени. Зборуваа за пазарно стопанство, како цената ја формира конкуренцијата на пазарот, а тие настапуваа монополистички како еден монопол на нашиот пазар. На состанокот на кој се расправа за цената на винското грозје немаше ниту еден трговец со винско грозје или винарска визба од соседството или ЕУ, за да го разбие договорениот монопол. Кај нас ланските цени на винско грозје беа многукратно пониски од соседните држави, а да не збориме од ЕУ, рекоа од Здружението.

За какво пазарно стопанство и пазарни цени на винско грозје се зборува, нагласија, кога, според нив, „нашиот пазар е толку мал, а околу нас секаде цените на винското грозје се повеќекратно повисоки".

– Нашиот пазар претставува црна дупка за да се богатат винарските визби и поединци кои им го овозможуваат тоа, а лозарите се робови на сопствените плантажи кои тие цел живот со пот ги граделе. Доказ за тоа е ако сакаш да го продадеш лозовиот насад во кој е многу инвестирано, никој нема да се јави за да го купи, значи не вреди ништо. Помладите лозари ги оставаат своите лозови насади и одат во ЕУ на туѓи плантажи да одгледуваат лозја, а кај нас остануваат нивните стари родители и ги работат од мака да не пропадне лозовиот насад, во кој целиот свој живот инвестирале и работеле. Сега не можеш да видиш млади луѓе да работат во лозјата. Капиталот на винарските визби добива на цена, винариите се богатат и купуваат имоти низ ЕУ. Ние лозарите не сме против винариите да се шират и работат профитабилно, само сме против тоа што нас не прават робови на сопствениот имот, додадоа од „Напредни лозари".

За да се надмине ваквата безизлезна состојба на лозарите, сметаат, треба да не се дозволува монопол на мал пазар на винариите.

– Да не се третира винското грозје како суровина на винариите туку како производ на лозарите, кој е стратешки за државата, зашто и го субвенционира и да одреди минимални откупни цени за минимални шеќерни единици. Цените на винското грозје не смеат да бидат пониски од соседството и ЕУ. Цените на репроматеријалите и заштитните средства кај нас се повисоки од соседството и ЕУ, рекоа од Здружението. /МИА

Убавата Ирина Шајк во потрага по ново момче!?

Руската убавица Ирина Шајк во последно време дефинитовно нема среќа во љубовта.

По разводот со актерот Бредли Купер, со кој има ќерка, убавата манекенка стапи во врска со познатиот НФЛ играч Том Брејди, но и таа врска не траеше долго и „пукна“, па сега Ирина е во потрага по ново момче.

Сексапилната манекенки наводно бара некој кој е познат, убав и има пари, изјави извор за „PageSix“.

Сепак, не е лесно Ирина Шајк да го пронајде вистинското момче кое ќе ги задоволи сите нејзини критериуми.

"Таа бара дечко, но има малку луѓе со кои излегува. Потребни ѝ се познати, згодни и богати.

Колку се такви, пет, десет", рекол извор кој сугерира дека новиот дечко на Ирина би можел да биде големиот холивудски заводник, актерот Том Круз, која неодамна раскина со атрактивната Русинка Елсина Каиров.

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Газа

Саудиските власти денеска повикаа на смирување на тензиите на Блискиот исток и предупредија на економските последици од војната во Појасот Газа, на отворањето на специјалната средба на Светскиот економски форум.

Дводневниот форум се одржува во Ријад во присуство на многу лидери и високи функционери, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестински претставници и високи дипломати вклучени во напорите за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

-Војната во Газа, како и конфликтите во Украина и на други места, вршат „голем притисок“ врз економското опкружување, изјави саудискиот министер за финансии Мохамед ал Џадан.

- Израел не е претставен на состанокот, додека преговорите за примирје со посредство на САД, Катар и Египет се во тек на други места, но настанот ќе биде можност за разговори со клучните играчи, рече саудискиот министер.

Блинкен утре ќе пристигне во Ријад каде што ќе „разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што овозможува ослободување на заложниците“, соопшти Стејт департментот.

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме, а општина Демир Хисар ќе добие средства од предвидените 250 милиони евра за општините за да може да се развива

„Денес ни е потребно единство за да можеме да испорачаме резултати. Денес ни е потребно единство за да може да донесеме развој, единство на сите граѓани за да може да донесеме подобро образование, подобра инфраструктура, да донесеме надеж која е изгубена кај граѓаните, заеднички со вас може да го направиме тоа и оние кои гласале за другите политички партии и не верувале, но и сите оние кои останаа дома повикајте ги, денес на Македонија сте и потребни сите, денес за да формираме влада која треба да испорачува на македонските граѓани. Затоа па од денес па до 8 ми убедете што повеќе луѓе да донесеме огромна победа за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“, истакна носителот на ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.

Тој истакна дека знаат како ќе испорачаат она што го ветиле за сите населени места.

„Ние знаеме како и ќе испорачаме за сите населени места тука. Ќе испорачаме со изградба на инфраструктура и ќе го направиме патот Кичево – Демир Хисар – Битола. Ќе направиме голем дел проекти заедно со градоначалникот затоа што ветивме дека општините ќе добијат 250 милиони евра и Општина Демир Хисар ќе добие средства за да може да вложува во Демир Хисар да се развива“, вели Сајкоски.

Тој продолжи и додаде:

„Ветуваме бидејќи знаеме како и можеме да донесеме нови инвестиции тука и нови работни места. Ќе направиме подобро образование, ќе ја вратиме надежта кај сите и заедно ќе донесеме подобра Македонија, ние ви укажуваме и ветуваме и обрзвуваме дека ќе се зголемат пензиите со 5,000 денари и основицата на сите пензионери. Земјоделците вистински ќе добијат 180 милиони евра ќе донесеме раст и развој, ќе донесеме голема надеж за Македонија, македонскиот народ, македонските граѓани и сите граѓани кои живеат во Македонија“, дециден е Сајкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер