Министерот Спасовски во Охрид и Вевчани: Максимални напори за подобрување на условите за работа на полицијата

Од посебна важност е и степенот на безбедност во сообраќајот дотолку повеќе, што станува збор за исклучително фреквентен сообраќаен регион. 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше во работна посета на Охрид и регионот, при што оствари средби со раководителите на полициските станици на Езерската полиција, за Граничен надзор во Свети Наум, како и со градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски.

Спасовски рече дека функционалноста и ефикасноста во работењето на двете полициски служби е на задоволително ниво, со заложби за натамошно квалитативно подобрување.

– Од посебна важност е и степенот на безбедност во сообраќајот дотолку повеќе, што станува збор за исклучително фреквентен сообраќаен регион. Дополнително, пред сè Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, покрај обврските од аспект на граничниот надзор, има задолженија поврзани и со поконкретна заштита на езерото, особено рибниот фонд овде во Охрид, но и во Преспа, а воедно треба да се има во вид и фактот дека обемот на работа на Граничниот премин „Свети Наум" од година во година бележи благ пораст. Свесни за важноста и улогата на припадниците на полицијата, ние како раководство ќе сториме се во рамки на законските и финансиски можности да овозможиме што е можно поквалитетни предуслови за работа, истакна Спасовски.

После средбата со градоначалникот на Вевчани, Спасовски истакна дека идните планови предвидуваат зајакнување на капацитетите, во насока на подобрување на состојбата и на планот на опремување на службата, но и во делот на човечки ресурси.

– Очекувам наредниот период да го искористиме да помогнеме и да подобриме одредена состојба и во реализација на Општина Вевчани и заеднички преку активирање на советите за превенција, преку активна соработка на локалните заедници и полицијата да го подигнеме и нивото на безбедност во регионот, рече Спасовски.

Нагласи дека останува максимално посветен на активностите за подобрување на условите за работа на полицијата и реализација на плановите до формирањето на техничката влада да заврши реконструкцијата на последниот од предвидените 40 полициски објекти, набавка на опрема за заштита на Охридското Езеро, зголемување на платите на вработените во МВР,…

Курти ѝ се пожалил на американската државна потсекретарка за заканите од Србија кон Косово

Курти ја изрази својата загриженост поради постојаните закани на Србија кон косовската држава.

Косовскиот премиер, Албин Курти на денешната средба со потсекретарката за јавна дипломатија на Стејт департментот на САД, Елизабет Ален, која престојува во Косово, ја изрази својата загриженост поради постојаните закани на Србија кон косовската држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти владината служба за информирање, Курти на средбата со Ален рекол дека „авторот и водач на терористичката и паравоена српска група“, која го изврши нападот во Бањска во северно Косово во септември минатата година, Милан Радоичиќ, сè уште е на слобода во Србија.

Косовскиот премиер изразил и жалење што барањето на Косово за членство во оваа институција не е ставено на агендата на Комитетот на министри на Советот на Европа за 17 мај.

„На средбата се разговараше и за односите меѓу Косово и Србија и за процесот на дијалог со посредство на Европската унија. По ова прашање премиерот Курти ја истакна важноста од целосно и безусловно спроведување на основниот договор и неговиот анекс. Во однос на патот на Косово кон евроинтеграциите, премиерот Курти изрази жалење што Комитетот на министри на Советот на Европа одби да го вклучи Косово во агендата за гласање на 17 мај, со оглед на тоа што Косово ги исполни сите критериуми за членство“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.

Во текот на разговорот, Курти ја запознал Ален со „случувањата во земјата, напредокот во владеењето на правото, социјалните политики кои ги поддржуваат жените и децата, реформите во образованието со цел поврзување на образованието со пазарот на трудот, како и политиките и инвестициите во енергетиката“.

Курти изјави дека САД се сојузник и историски партнер на Косово и очекува зајакнување на меѓусебните односи во иднина, особено на полето на економијата и трговијата.

Пред да се сретне со Курти, американската дипломатка, Ален претпладнево се сретна и со претседателката на Косово, Вјоса Османи, со која потпиша договор за разбирање меѓу владите на САД и Република Косово, против манипулациите со информации од други држави. /МИА

Идентификувана точната локација на падот на хеликоптерот Раиси

 Командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Источен Азербејџан, Асгар Абасголизадех изјави дека ИРЦГ откриле сигнал од хеликоптерот и од мобилен телефон на еден од екипажот на местото на инцидентот.

- Во моментов, заминуваме со сите воени сили во областа и се надевам дека ќе им дадеме добри вести на луѓето, посочи Абасголизадех

Претходно, иранскиот заменик-претседател за извршни работи Мохсен Мансури изјави дека двајца патници од хеликоптерот со кој патуваше претседaтeлот Ебрахим Раиси, комуницирале со спасувачките сили.

Мансури истакна дека тоа значи оти несреќата најверојатно била со помал интензитет. /МИА

Се зголемува бројот на земји кои му нудат помош на Иран во потрагата по хеликоптерот на Раиси

Саудиска Арабија изрази подготвеност да обезбеди каква било помош за Иран по уривањето на хеликоптерот со кој патуваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Во соопштението до саудиското Министерство за надворешни работи се наведува Кралството ги следи извештаите за несреќата со „голема загриженост“.

И Катар соопшти дела е подготвен да му помогне на Иран во потрагата по хеликоптерот.

Во меѓувреме и турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Иран „побарал техничка поддршка во потрагата“ и оти се разговара каква помош би можела да биде испратена што е можно поскоро.

- Се надеваме дека иранските власти, вклучително и иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амирабдолахиан, се здрави и здрави, се посочува во соопштението на турското МНР.

Претходно, Европската комисија на барање на Иран ја активираше услугата за сателитско мапирање за да помогне во лоцирањето на хеликоптерот на иранскиот претседател. Помош на Иран му понудија и Русија, Ирак и Азербејџан. /MИА

притисни ентер