МакедонијаМинистерот Ристовски го поздрави обединувањето на македонското пливањеРистоски изрази задоволство од обединувањето на македонското пливање и најави дека Министерството за спорт ќе посредува и директно ќе помага во решавање на проблемите кои со години го обременуваат овој спорт.Задоволство од надминување на повеќедецениските поделби во македонското пливање со денешниот едногласен избор на Сашо Лазаревски за нов претседател на Националната пливачка федерација, изрази министерот за спорт Борко Ристовски и најави подобри денови за овој спорт. „По повеќедецениски поделби во македонското пливање, денеска можеме со гордост да кажеме дека конечно имаме обединување во интерес на спортот. На ова Собрание на Националната пливачка федерација, двете поделени страни застанаа зад изборот на претседателот на федерацијата кој доби едногласна поддршка од сите клубови учесници на Собранието“, истакна Ристовски во обраќањето на изборното Собрание на Националната пливачка федерација во Скопје. Ристоски изрази задоволство од обединувањето на македонското пливање и најави дека Министерството за спорт ќе посредува и директно ќе помага во решавање на проблемите кои со години го обременуваат овој спорт. „Сакам да ги поздравам сите што ја прифатија мојата иницијатива за обединување во пливањето и да го повторам тоа што го кажав на состаноците со претставниците од двете страни. А, тоа е дека по изборот на новиот претседател на Национална пливачка федерација, Министерството за спорт ќе посредува и директно ќе помага во решавање на проблемите што беа натрупани во овој спорт и дека во најбрз можен рок сметката на федерацијата ќе биде одблокирана. Не смееме да дозволиме поделбите да одат на штета на пливањето, на пливачите и на сите деца што се занимаваат со овој спорт“, рече министерот Ристовски.Тагови: Ристоски пливање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИзмама вредна 100 милиони евра: Разоткриени шверцери на луксузни возила, претреси и во ХрватскаЕвропското јавно обвинителство (EPPO) разби криминална мрежа која извршила измама со ДДВ во вредност од 100 милиони евра преку увоз и продажба на луксузни автомобили. Во операцијата „Џавелин“ (Javelin) биле уапсени 13 лица, а претреси се спроведени во пет европски земји, меѓу кои и Хрватска. Како што соопшти Европското јавно обвинителство, вчера, во рамките на опсежна истрага, биле спроведени претреси во Австрија, Хрватска, Чешка, Германија и Полска, во кои учествувале повеќе од 900 даночни службеници и полицајци. Во Германија и Австрија се уапсени 13 лица, а истрагата се води против повеќе од 50 осомничени. Истовремено, беа извршени налози за одземање имот во вредност од дури 26 милиони евра. Во Берлин се одземени два имота, меѓу кои и еден во кој се наоѓа хостел, а во Хрватска биле одземени седум имоти. Исто така, се замрзнати банкарски сметки и одземени десетици автомобили, вклучително и скапи луксузни возила, како и готовина, криптовалути, оружје со муниција и неколку луксузни часовници. Според доказите собрани досега, оваа сложена шема била организирана од петмина осомничени предводници и двајца даночни советници, а интегрираниот систем функционирал најмалку од 2016 година. Тие ги искористиле правилата на Европската унија, според кои прекуграничните трансакции меѓу земјите-членки се ослободени од ДДВ. Компании од неколку земји на ЕУ, вклучувајќи ги Австрија и Чешка, пријавиле продажба на луксузни автомобили на компании во Берлин, кои ја имале улогата на таканаречени „исчезнати трговци“. Според прописите на ЕУ, германските компании ги купувале автомобилите по нето-цена, без ДДВ, но при нивната препродажба на купувачи во Германија, тие биле должни да пресметаат ДДВ и да го уплатат кај даночните органи. Наместо тоа, како што се сомнева, тие го наплаќале ДДВ-то, а потоа исчезнувале или престанувале со работа, без да платат даноци кон државата. Автомобилите потоа биле препродавани преку посреднички компании, таканаречени „тампон-компании“ (buffers), чија задача била да ја прикријат измамата и да им дадат изглед на легитимност на трансакциите. На крајот, возилата биле продавани во друга земја од ЕУ, а последниот купувач во Германија можел да побара поврат на ДДВ-то платено на добавувачот, иако тој данок никогаш не бил уплатен во државниот буџет. На овој начин, според обвинителството, осомничените се стекнале со незаконска добивка проценета на 100 милиони евра, која потоа ја испрале со цел да го прикријат нејзиното вистинско потекло. Оваа акција беше спроведена под надзор на Европското јавно обвинителство (EPPO) од страна на органите за спроведување на законот во пет земји. Во Хрватска учествуваше PNUSKOK, со поддршка од полициските управи во Загреб и Задар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд 1 декември постороги услови за кредит за купување на втор или следен станНови правила за добивање кредит за граѓани кои купуваат втор или следен стан. Од 1 декември со поригорозни услови за задолжување на граѓаните кои купуваат втор или следен стан.. Народната банка ги намалува максималните лимити за кредитна задолженост и ги скратува роковите за отплата, додека поповолните услови остануваат за граѓаните кои првпат купуваат сопствен дом. Според новите правила, максималниот однос меѓу вкупните месечни кредитни обврски и приходите на граѓаните се намалува за пет процентни поени. Кај денарските кредити лимитот се намалува од 50 на 45 проценти, а кај кредитите со валутна компонента од 45 на 40 проценти. Тоа значи дека граѓанин со месечни примања од 60.000 денари, кој досега можел да има кредитни обврски до 30.000 денари месечно според лимитот за денарски кредити, од декември ќе може да се задолжи најмногу до 27.000 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаЈанчев: Пуштена во функција реконструираната спортска сала во кавадаречката гимназијаГрадоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев присуствуваше на пуштањето во функција на реконструираната спортска сала во кавадаречката гимназија.-После долго време, од почнување на работење на самата гимназија, Општина Кавадарци прави темелно и комплетно реконструирање на спортската сала.- изјави градоначалникот Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter