Мицкоски: Го повикувам Филипче да одговори зошто, додека беше министер за здравство, не биле преземани мерки за загадена вода
1Мицкоски: Го повикувам Филипче да одговори зошто, додека беше министер за здравство, не биле преземани мерки за загадена вода
МакедонијаМинистерот Ристовски го исполни ветувањето – Велес конечно доби современа атлетска патека!Со заложба и инвестиција на Министерството за спорт, Велес конечно доби современа атлетска патека. Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот Марко Колев, денеска официјално ја пуштија во употреба комплетно реконструираната атлетска патека на градскиот стадион во Велес. Патеката има пет ленти и на неа е поставена еластична спортска подлога според ИААФ стандарди. Вкупната инвестиција за овој инфраструктурен проект на Министерството за спорт изнесува 20.000.0000 денари со вклучен ДДВ. -Спортистите и сите граѓани заслужуваат достојни и безбедни спортски терени изградени според современи стандарди. Токму затоа ми претставува огромно задоволство што сме денеска овде во Велес со еден ваков убав повод – да ја пуштиме во употреба атлетската патека која е комплетно реконструирана според ИААФ стандарди. Со овој проект уште еднаш покажавме дека стоиме на зборот и ги исполнуваме ветувањата дадени пред граѓаните, во интерес на спортот и на спортистите – истакна Ристовски. Претставници на АК Борец- Велес упатија јавна благодарност до Министерството за спорт и до министерот Борко Ристовски за реконструкцијата на атлетската патека и нагласуваат дека нивната децениска борба за овој важен спортски објект сега конечно добива конкретен резултат. -По скоро една деценија спортска борба низ институциите, конечно, мојот личен ангажман и залагањето на атлетскиот клуб АК Борец - Велес вродија со плод. По години поминати во апели, објави, фотографии од очајната состојба и постојани барања за промена, во последните месеци нашата иницијатива најсилно одекна таму каде што треба. Упатувам огромна благодарност до Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, во мое лично име и во име на АК Борец-Велес, за слухот и поддршката. Велес конечно добива нова атлетска патека! Успеавме да се избориме за сите граѓани, спортисти, рекреативци и за нашите дечиња конечно да добијат пристоен спортски објект каде што ќе можат да се развиваат и да тренираат во достоинствени услови – објави Тале Илијевски од АК Борец-Велес. По реконструкцијата на атлетската патека во Гевгелија која беше пуштена во употреба во 2024 година, ова е втор ваков објект од програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава преку која досега се реализирани над 70 инфраструктурни проекти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Го повикувам Филипче да одговори зошто, додека беше министер за здравство, не биле преземани мерки за загадена вода Го повикувам Венко Филипче да одговори зошто, додека беше министер за здравство, не биле преземани мерки и покрај извештаите за бактериолошка и физичко-хемиска неисправност на водата за пиење во повеќе градови. Очекувам надлежните брзо да го решат проблемот со водоснабдувањето во Гостивар, а ги повикувам и обвинителските органи да ги испитаат сите наводи за евентуална одговорност, рече премиерот Мицкоски на денешните пратенички прашања во Собранието. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФранцуски фудбалер се забавува на Карибите, опкружен со убави девојки (ВИДЕО)Францускиот фудбалер Михаел Олисе е на одмор, а на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како се опушта по напорна сезона. Видеото го прикажува крилниот напаѓач на Баерн на јахта, опкружен со голема група, претежно девојки. Таа изгледа сосема безгрижно додека се забавува на море на островите Туркс и Кајкос, британска прекуокеанска територија на Карибите. Забава на море Видеото открива дека Олисе направил целосна пауза од фудбалот. Тој се смее, танцува и очигледно ужива во атмосферата. Една од објавите на социјалните мрежи што го сподели видеото гласеше: „Михаел Олисе го користи максимално својот одмор“. Michael Olise is making the most of his holiday 😭 pic.twitter.com/7ayiOAx7ah — CentreGoals. (@centregoals) July 30, 2026 Сезона за паметење Одморот на Олисе доаѓа по исклучително успешен период. На Светското првенство во 2026 година, тој беше еден од клучните играчи на француската репрезентација и го заврши турнирот со седум асистенции. Со тоа, тој постави нов шампионски рекорд и го постигна најдобриот настап на едно Светско првенство откако се евидентираат статистики од 1966 година. Тој го сруши рекордот на легендарниот Пеле, кој забележа шест асистенции на првенството во 1970 година. Неговата клупска сезона беше исто така импресивна. Во сезоната 2025/26, Олисе одигра 52 натпревари за Баерн во сите натпреварувања. Притоа, тој постигна 22 гола и запиша 31 асистенција.Тагови: девојки Карибите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУкраинците погодија една од најголемите рафинерии на „Лукоил“ (ВИДЕО)Генералштабот на вооружените сили на Украина потврди дека украинските сили вчера ја нападнале рафинеријата за нафта Лукоил-Пермнефтеоргсинтез во рускиот град Перм. Тоа е еден од клучните објекти во Русија, во сопственост на Лукоил, една од најголемите руски нафтени компании. Рафинеријата годишно преработува повеќе од 13 милиони тони сурова нафта и произведува бензин, дизел, авијациско гориво и мазива. 🔥🔥🔥As a result of the 🇺🇦Ukrainian UAV attack, one of the largest oil refineries in Russia, LLC "Lukoil-Permnefteorgsintez" (PNOS), was hit. PNOS, part of the Lukoil group, processes more than 13 million tons of oil per year, producing a wide range of products, including… pic.twitter.com/bYV7M03Moy — Cloooud |🇺🇦 (@GloOouD) July 29, 2026 Вчера, околу 10 часот по локално време, на руските социјални мрежи се појавија фотографии и снимки на кои наводно се гледа напад врз рафинеријата. Гувернерот на Пермскиот регион, Дмитриј Махонин, подоцна потврди дека е погоден „индустриски објект“. Тој додаде дека неколку дронови биле пресретнати додека се приближувале кон локацијата и дека никој не е повреден во нападот. 🚨🚨BREAKING NEWS 🚨 🇺🇦🇷🇺 Fire Rages at Lukoil-Permnefteorgsintez After Ukrainian Drone Attack on Critical Unit Ukrainian Security Service drones struck the Lukoil-Permnefteorgsintez refinery in Perm on Wednesday, igniting its primary oil refining unit. The facility, one of… pic.twitter.com/NiBawEoo6T — Corefrontline (@corefrontline) July 29, 2026 Потврда од Киев Претседателот Володимир Зеленски, исто така, вчера потврди дека Украина имплементирала „долгорочни санкции“ против рафинерија во Пермскиот регион, но не прецизираше за кој објект станува збор. Безбедносната служба на Украина (СБУ) подоцна ја презеде одговорноста за нападот. СБУ откри дека целта била рафинеријата Лукоил-Пермнефтеоргсинтез, која се наоѓа на повеќе од 1.500 километри од украинската граница. Ukraine Attacks Perm Refinery Ukrainian drones attacked the Lukoil-Permnefteorgsintez oil refinery in Perm. The reports were confirmed by the General Staff of the Ukrainian Armed Forces. "Lukoil-Permnefteorgsintez is one of the largest oil refineries in the Russian Federation.… pic.twitter.com/XR6ikylWsx — Belsat in English (@Belsat_Eng) July 30, 2026 Генералштабот објави дека по нападот избувнал пожар во рафинерискиот комплекс. Според првичните информации, пожарот се проширил на примарната фабрика за преработка на нафта, која е една од клучните единици во комплексот. Кампања против руската нафтена индустрија Нападот во Перм е дел од пошироката украинска кампања на напади со долг дострел длабоко на руска територија. Нападите се насочени кон руската нафтена индустрија и имаат за цел да го нарушат снабдувањето со гориво и да ја намалат способноста на Москва да ја продолжи војната. Украинските напади врз цели во Русија и на окупираните територии, вклучувајќи го и Крим, доведоа до недостиг на гориво во некои региони. Медиумските извештаи за бензински пумпи кои остануваат без залихи и долги редици возила. Зеленски: Со притисок за дипломатија На 26 јули, Зеленски одржа состанок со военото раководство, каде што ја анализираа кампањата на напади со долг дострел. По состанокот, тој истакна дека украинските сили извршиле повеќе од 1.000 напади од почетокот на оваа година, како дел од стратегијата што тој ја нарекува „долгорочни санкции“. „Нашата главна цел е притисокот на долг рок да ја турне Русија уште повеќе кон дипломатијата. Ова го постигнуваме со прекинување на производството на компоненти за оружје, предизвикувајќи загуби во нафтениот и другите економски сектори и враќајќи ја оваа војна во нејзиното „домашно пристаниште“, напиша Зеленски на Фејсбук.Тагови: лукоил рафинерии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook