Министерот Мисајловски во Братислава на одвоени средби со министрите за одбрана на Чешка и на Словачка - Канал 5

Министерот Мисајловски во Братислава на одвоени средби со министрите за одбрана на Чешка и на Словачка

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Братислава, Словачка заедно со останатите високи гости на свечен начин го означи отворањето на Меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB.

Министерот Мисајловски во Братислава на одвоени средби со министрите за одбрана на Чешка и на Словачка

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Братислава, Словачка заедно со останатите високи гости на свечен начин го означи отворањето на Меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB на кој над 150 излагачи од 16 земји претставија нови и современи воени системи и опрема.

На маргините на саемот министерот Мисајловски имаше две одвоени средби со неговиот колега и домаќин, министерот за одбрана на Словачка, Роберт Калинак и со министерот за одбрана на Чешка, Јаромир Зуна. На средбите беше потврдена меѓусебната посветеност за јакнење на одбранбената соработка и зацврстување на капацитетите на Алијансата за одбрана и одвраќање.

На средбата со министерот за одбрана на Словачка, Калинак, Мисајловски се заблагодари за поканата за учество на саемот и во оваа прилика го нотираше позитивниот исход од првата седница на мешовитата Комисија за економска соработка помеѓу двете земји реализирана во март, каде во доменот на одбраната опфатени беа повеќе теми како развојот на соработката во одбранбената индустрија, модернизацијата и опремувањето, зајакнувањето на заедничките обуки и вежби, како и меѓусебната размена на експертско ниво.

Словачкиот министер Калинак се заблагодари за учеството на македонската делегација предводена од министерот Мисајловски на Меѓународниот саем во Братислава и порача дека македонско-словачката соработка има силен потенцијал и дека нејзиниот развој може да биде силен поттик за зацврстување на безбедноста и стабилноста во евроатлантската област.

Блиските одбранбени односи и меѓусебна доверба се можност за дополнителен заеднички развој на соработката, беше потврдено на средбата со министерот за одбрана на Чешка Јаромир Зуна „Двете земји имаат изградено блиски одбранбени односи и меѓусебна доверба која ни овозможува да го искористиме сиот потенцијал за заеднички развој“, истакна Мисајловски на средбата со министерот Зуна.

Мисајловски предложи соработката да се развива во повеќе области, меѓу кои и логистиката, оперативното планирање, како и практична соработка која може да го зацврсти придонесот во рамките на операциите и мисиите на заедничката Алијанса. Министерот се осврна и на заедничката реализација на семинари, работилници и експертските разговори, а како суштински елемент, рече, предвид треба да се земе и соработката во доменот на одбранбената индустрија и преносот на технологии.

Министерот Зуна изрази подготвеност за дополнително интензивирање на одбранбената соработка, имајќи предвид дека капацитетите на двете земји се составен дел на колективната одбрана на Алијансата.

Министерство за одбрана

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер