На средбата било разговарано се работата на СЗО во земјата и за можностите за соработка, особено во контекст на ЕУ реформите кои се во тек во областа на јавната администрација.
- Министерството за јавна администрација активно учествува во процесот на модернизација на јавниот сектор и унапредување на ефикасноста на институциите, особено во делот на управувањето со јавните услуги. Успешната реформа на јавната администрација е клучна за создавање на поефикасни и транспарентни институции, кои ќе одговоруваат на потребите на граѓаните и ќе ја поддржат европската интеграција на земјата, потенцирал министерот Минчев, се наведува во соопштението.
Д-р Аким Али ги презентирал тековните проекти и иницијативи на СЗО, нагласувајќи ја важноста на меѓународната соработка за успешно спроведување на ЕУ реформите во Република Македонија.
- Средбата заврши со договор за понатамошно зајакнување на соработката, со фокус на остварување на заеднички цели и унапредување на процесите во јавната администрација, се додава во соопштението од Министерството за јавна администрација.