Министерот Манчевски дел од конференцијата „Денови на медиумите ЕУ-Западен Балкан“

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска се обрати на панел сесијатана тема: „Политиките и медиумите“, во рамки на најголемата медиумска конференција „Денови на медиумите ЕУ-Западен Балкан“, во Подгорица.

Министерот Манчевски се осврнал на реформите направени во изминатите две години во медиумската сфера во Македонија, новиот Закон за аудио и аудиовизулени медиумски услуги, како и за предизвикот во справување со дезинформациите и лажните вести и концептот на саморегулација.

„Новинарите се новите борци за слобода и заштитен механизам и ние мора да ги обезбедиме сите потребни алатки за да можат да ја водат таа борба. Наша улога е да бидеме вклучени во реформите, но политичарите не се тие кои треба да ја водат таа борба“, истакна министерот Манчевски, осврнувајќи се на измените во Законот за АВМУ.

Зборувајќи за саморегулацијата, министерот Манчевски потенцираше дека верува во концептот, но резултатите се уште не се видливи. Според него, соочени со штетата и се поголемиот замав на лажните вести, потребни се и конкретни мерки за регулација.

„Искуствата од Референдумот за промена на името, потврдија дека тие кои се на другата страна од вистината и професионалното новинарство, се организирани и прават непоправлива штета врз демократските принципи во нашата земја“, рече министерот Манчевски.

Во однос на одржливоста на независните медиуми и професионалното новинарство, како што истакна министерот Манчевски, Владата на Македонија, целосно го укина финансирањето и рекламирањето на медиумите. На тој начин, направи значителна промена, од времето кога претходната Влада, целосно ги финансираше медиумите и на тој начин влијаеше врз нивната работа.

„Се уште е отворена дебатата и нема вистински одговор на прашањето дали е потребно финансиски да се поддржуваат медиумите, со гаранција дека нема да се влијае врз уредувачката политика“, заклучи министерот Манчевски, отворајќи дебата за саморегулацијата и поддршката што Владата треба да ја обезбеди за медиумите.

Заедно со министерот Манчевски, на панел сесијата се обратија: Жељко Путовиќ, од Владата на Црна Гора,Алфред Лела од Политико, Елена Черниавска од ОБСЕ, Есмир Милавич- Н1 и Валери Хопкинс од Фајненшл Тајмс.

Конференцијата е во организација на Европската Комисија.

Фото: Исцрпениот Клуни во бело одело трча низ шума?!

Холивудскиот заводник, актерот Џорџ Клуни ги загрижи обожавателите. Во бел костум, видно исцрпен, трчаше низ шумата, што се случува, се прашуваат тие??

Фотографиите на еден од најпопуларните актери во светот, Џорџ Клуни, почнаа масовно да се споделуваат на интернет, а многу фанови на почетокот беа шокирани од неговиот изглед.

На фотките Клуни е видно исцрпен и трча низ шума во бел костум, а неговиот слаб изглед и збрчкано лице загрижија многумина.

Сепак, откриено е дека Клуни моментално снима филм со наслов „Ненасловен Ноа Баумбах“, во кој покрај него ќе се појави и Рајли Кео, внуката на славниот Елвис Присли.

Папараците успеле да се доближат до сетот, додека одредени сцени се снимале во шумата во англиската област Хемпшир, а токму таму го „уловиле“ и Клуни во бел костум како трча во шума во расеана состојба, за потребите на филмот, а потоа и разговор со актерката Ајла Фишер.

Иако со децении е еден од најубавите актери и долго време важеше за најпосакуван ерген, очигледно е дека годините го стигнале и Клуни.

Големиот заводник инаку Клуни денеска го слави својот 63 роденден.

Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа

Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа.

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, денеска во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повтори загриженоста на САД поради инвазијата врз Рафа, каде што повеќе од милион цивили се засолниле од другите делови на Појасот Газа и побара итно отворање на преминот Керем Шалом кон Појасот Газа со цел хуманитарната помош да стигне до таа палестинска енклава, пренесуваат светските медиуми.

Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа.

Разговорот се одржа неколку часа пред Бајден да го угости јорданскиот крал Абдула Втори на приватен ручек во Белата куќа.

Нетанјаху вчера го отфрли меѓународниот притисок за прекин на војната во Газа, велејќи дека ако Израел биде принуден да биде сам, ќе остане сам.

„Им велам на светските лидери: никаков притисок, ниту една одлука на кој било меѓународен форум нема да го спречи Израел да се брани“, рече тој, зборувајќи на англиски и додаде „никогаш повеќе е сега“.

Видео: Потег на годината во УФЦ 301 рингот!!

Бразилскиот боксер Мишел Переира, го изведе еден од најспектакуларните потези во „UFC 301“рингот.

Переира за 54 секунди го победи противникот, Ихори Потиерија, со спектакуларен скок и зафат наречен „гилотина“.

Переира по половина минута најпрвин со одмерена сила го собори Украинецот, а потоа со назад салто се фрли кон него и почна да го удира.

Бразилскиот борец победи за само 54 секунди, но пред тоа изведе неколку спектакуларни потези.

Судијата се обиде да ги раздвои и го прекина мечот, а Украинецот само падна на подот без свест.

Ова беше 31. победа во кариерата за Бразилецот.

притисни ентер