Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа
1Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа
МакедонијаМинистерот Хоџа во Виена ги презентираше еколошките приоритети пред австриската владаВо рамки на официјалната посета на Австрија, денеска во Виена се одржа пленарна средба на двете владини делегации, на која министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се осврна на приоритетите во процесот на зелена трансформацијаХоџа нагласи дека земјата се соочува со наследени еколошки предизвици и дека фокусот е на нивно решавање преку трајни системи и капитални инвестиции. Меѓу приоритетите издвоени пред двете делегации се истакнаа регионалните центри за управување со отпад, и изградбата на пречистителни станици како конкретни чекори кон затворање на нестандардните депонии и намалување на загадувањето на водите. Австрија беше посочена како модел и клучен партнер во процесот на усогласување со европските стандарди, а министерот Хоџа изрази убеденост дека посетата на високо владино ниво ќе поттикне конкретни чекори во билатералната соработка - за добробит на животната средина и граѓаните во двете држави. Тагови: Хоџа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаКлековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоаМинистерот за здравство, Сашо Клековски денеска изјави дека бегството на Ива Михајлова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, кој по проверката на нејзините наводи, вели, ќе утврдеа дека таму нема здравствен сл-Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум, тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеја работите на виделина какви се. Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното Министерство за тоа, бидејќи во основа таму нема здравствен случај – вели Клековски. Инаку, против Ива Михајлова се води судски процес во Судот во Кочани за сообраќајна несреќа, со смртни последици. Во моментов македонските власти имаат распишано меѓународни потерници и по Ива Михајлова и по Симеон Михаилов.Тагови: Сашо Клекоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНови експлозии во Ријад: Саудиска Арабија повторно во состојба на готовност поради воздушни нападиЖителите на Ријад повторно слушнаа експлозии во средата, откако саудиската служба за цивилна заштита издаде предупредување за воздушен напад за главниот град и за покраината Ал-Карџ, пренесува Асошиејтед прес (АП). Жителите разговараа со АП под услов да останат анонимни од безбедносни причини. Еден жител, кој живее во северниот дел на Ријад, изјави дека експлозиите се слушале во близина на областа каде што се наоѓа Меѓународниот аеродром „Крал Калид“. Сè уште не е познато од каде потекнуваат експлозиите. Во провинцијата Ал-Карџ, југоисточно од Ријад, се наоѓаат државната Корпорација за воена индустрија и воздухопловната база „Принц Султан“, што ја прави оваа област значаен воен центар. Во текот на изминатата недела, аеродромот во Ријад повеќепати беше цел на смртоносни напади за кои одговорност презедоа јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран. Како што ескалира конфликтот со Иран, Хутите постојано ги напаѓаат саудиските аеродроми, воените објекти и нафтената инфраструктура. Во вторникот избувна пожар во административна зграда во објект со кој управува „Сауди Арамко“, една од најголемите светски нафтени компании. Овој инцидент претставува најнов напад врз Саудиска Арабија, водечкиот светски извозник на нафта. Хутите однапред најавуваат напади врз аеродромите и нафтените постројки, што ги натера авиокомпаниите да ги суспендираат летовите и да ги повлечат своите авиони за да го минимизираат ризикот. Сè поинтензивните напади ги истакнаа тешкотиите со кои се соочува Саудиска Арабија во пресретнувањето на ракетите и беспилотните летала на Хутите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаПретседателот Гаши на Европска конференција на претседатели на парламенти во РимПретседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти, која на 15 и 16 октомври 2026 година ќе се одржи во Рим, Италија. Конференцијата се одржува под покровителство на Парламентарното собрание на Советот на Европа и одбележува 50 години од одржувањето на првиот ваков собир во Рим, во 1975 година. На овој форум на високо ниво, претседателите на парламентите ќе разменат мислења за предизвиците со кои се соочуваат демократските институции, влијанието на технолошкиот развој врз општествата и пазарите на трудот, како и за улогата на парламентите во зајакнувањето на меѓународната соработка и изнаоѓањето одговори на современите кризи. Во рамките на Конференцијата ќе се одржи и посебен состанок на генералните секретари на парламентите, на кој ќе учествува и Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието. Дневниот ред на состанокот предвидува дискусија за транспарентноста, интегритетот и етиката како клучни предуслови за обновување и зајакнување на довербата на граѓаните во парламентите. Европската конференција на претседатели на парламенти се одржува на секои две години и на неа учествуваат претседатели на парламентите од 46-те земји членки на Советот на Европа, како и делегации од државите со статус на партнери и набљудувачи, како и претставници на меѓународните парламентарни собранија. Педесет години по првиот собир во Рим, Конференцијата ќе биде можност повторно да се потврди суштинската улога на парламентите во зачувувањето на демократијата, обезбедувањето отчетност, справувањето со новите предизвици и зајакнувањето на меѓународната соработка од која зависат мирот, стабилноста и владеењето на правото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00