Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот
2Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот
3ВРЕДИ: ДУИ со нова лага и нов театар, кога немаат одговор за сопствениот имот и афери, измислуваат конструкции за ВРЕДИ
МакедонијаМинистерот Филипче утрово го посети пациентот на кого му беше трансплантирано срцеМинистерот за здравство Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше трансплантирано срце.– Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чуствува добро. Изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и целата јавност за поддршката која ја добива. По успешната операција следува најважниот период од неговото закрепнување, периодот во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган. Докторите максимално посветено ќе го водат низ овој процес, да им посакаме среќа на сите. Верувам дека овој историски подвиг на македонското здравство, овој највисок акт на човечност и хуманост, ќе ја подгине свеста за органодарителството и ќе имаме уште многу успешни трансплантации, рече министерот Филипче, стои во соопштението од Министерството за здравство. Пред два дена, првпат во Северна Македонија се изведе трансплантација на срце. Со овој голем исчекор се испиша историја во македонското здравство, во македонската кардиохирургија. – Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и на алтруизам. По дијагностицирањето на мозочната смрт, семејството се согласи да ги донира срцето и бубрезите од починатата пациентка и се даде шанса за втор живот на тројца пациенти. Оваа комплексна операција, која за првпат се изведе докажа дека здравјето на граѓаните е на прво место, и етиката и хипократовата заклетва ги надминуваат сите разлики, се вели во соопштението од МЗ. На трансплантацијата работеа стручен и врвен тим на кардиохирурзи под водство на проф. д-р. Сашко Јовев од Државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Клиника Жан Митрев", проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина" и Националната Координаторка за трансплантација д-р. Маја Мојсова од Универзитетска Клиника за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: „Жешката“ Алесандра Амброзио обожува бикиниЕдна од нјаубавите жени на светот во последните две децении, шармантната Алесандра Амброзио повторно предизвика вистински хаос на мрежите.Уште од почетокот на сезоната на бикини, секоја нејзина објава на Инстаграм на радост на фановите е токму во таа насока. Позната по својата совршена става и бразилска убасексапилната Алесандра Амброзио и овој пат успеа да привлече внимание. View this post on Instagram A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) Се чини дека оваа убавица веќе некое време ужива во жешките летни денови, кои вклучуваат серија атрактивни бикини. На Инстаграм, каде што е често активна, ги информира своите обожаватели за актуелните настани во нејзиниот живот, а неодамна покажа како ужива на плажа со својот партнер. View this post on Instagram A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) На фотките убавата Алекс гордо позира во бикини кои ги истакнуваат нејзините облини за што доби само позитивни коментари од своите обожаватели.Тагови: Алесандра Амброзио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Сексипилна водителка покажа како се подготвува за Светското првенствоСветското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, наскоро доаѓа, а спортските новинари ширум светот ќе имаат полни раце работа.Италијанските новинарки доминираат во спортскиот свет, а по Дилета Леота, уште една убавица го привлекува вниманието на јавноста. Станува збор за новинарка по име Елеонора Инкардона. Се чини дека италијанската спортска новинарка Елеонора Инкардона решила да ги „наполни батериите“ за претстојното првенство, а за тоа морала да отпатува во Египет. View this post on Instagram A post shared by Eleonora Incardona (@eleonoraincardona) Таа сега објави фотографии од одморот на Инстаграм, а своите верни обожаватели ги почасти со жешки сцени. На фотките, секси водителка позира во бикини, а во прв план се нејзините облини во мали бикини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКим Кардашијан веќе не се крие: Ја објави првата заедничка фотографија со новото момчеНајпознатата американска старлета, Ким Кардашијан и големиот шампион од Формула 1, Луис Хамилтон, повеќе не кријат дека се во врска.По месеци шпекулации за нивната врска, Ким и Луис ја испратија најјасната порака досега - нивната романса стана јавна. На почетокот на јуни, Ким објави серија фотографии од својот секојдневен живот на својот Инстаграм профил, а посебно внимание привлече еден момент забележан додека вози велосипед низ улиците на Њујорк. Видеото и фотографиите го прикажуваат како се обидува да направи заедничко селфи со Луис Хамилтон, по што накратко ја губи рамнотежата, што предизвика смеа кај присутните. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Ова е нивната прва заедничка објава на социјалните мрежи, а доаѓа кратко откако за прв пат беа видени заедно на јавен настан. На почетокот на мај, тие заедно присуствуваа на бродвејската претстава „Страв од 13“, а откако го напуштија театарот, фотографите ги фотографираа држејќи се за раце.Тагови: Ким Кардашијан Луис Хамилтон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter