Ким Кардашијан веќе не се крие: Ја објави првата заедничка фотографија со новото момче - Канал 5

Ким Кардашијан веќе не се крие: Ја објави првата заедничка фотографија со новото момче

Најпознатата американска старлета, Ким Кардашијан и големиот шампион од Формула 1, Луис Хамилтон, повеќе не кријат дека се во врска.

Ким Кардашијан веќе не се крие: Ја објави првата заедничка фотографија со новото момче

По месеци шпекулации за нивната врска, Ким и Луис ја испратија најјасната порака досега - нивната романса стана јавна.

На почетокот на јуни, Ким објави серија фотографии од својот секојдневен живот на својот Инстаграм профил, а посебно внимание привлече еден момент забележан додека вози велосипед низ улиците на Њујорк.

Видеото и фотографиите го прикажуваат како се обидува да направи заедничко селфи со Луис Хамилтон, по што накратко ја губи рамнотежата, што предизвика смеа кај присутните.

Ова е нивната прва заедничка објава на социјалните мрежи, а доаѓа кратко откако за прв пат беа видени заедно на јавен настан. На почетокот на мај, тие заедно присуствуваа на бродвејската претстава „Страв од 13“, а откако го напуштија театарот, фотографите ги фотографираа држејќи се за раце.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Шасивари-Бочек

Шасивари оствари средба со вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа , Томаш Бочек.

Средба Шасивари-Бочек

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа , Томаш Бочек, на која беа разгледани активностите за реализација на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Македонија“.

Проектот, кој се реализира со заем од ЦЕБ во износ од 46 милиони евра, има за цел унапредување на условите во казнено-поправните установи и обезбедување на современи услови за сместување, здравствена заштита, хигиена, работни и слободни активности на осудените и притворените лица, во согласност со европските стандарди.

Активностите во текот на 2026 година продолжуваат согласно предвидената динамика. Во јули 2026 година е склучен и договор за стручен надзор над изградбата, додека постапката за избор на изведувач за изградбата на предвидените објекти е во тек.

Министерството за правда останува посветено на унапредување на системот за извршување на санкциите и создавање современи и европски услови во казнено-поправните установи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем протест во Приштина- толпа граѓани се движи кон плоштадот, се очекуваат насилни протести (ВИДЕО)

Десетици Албанци се собраа денеска на улиците на Приштина за да го изразат своето незадоволство и револт по најновите случувања и пресудата на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) пред Специјалниот суд во Хаг.

Голем протест во Приштина- толпа граѓани се движи кон плоштадот, се очекуваат насилни протести (ВИДЕО)

Како што може да се види на улиците, голема толпа луѓе се движи кон централниот градски плоштад, кој е планиран како главна точка и епицентар на денешниот собир, објави Индексолајн.

Се очекува бројот на демонстранти да се зголемува како што одминува денот, а протестот е директна реакција на денешната одлука на судот во Хаг, која предизвика бурни реакции кај тамошната јавност.

Да потсетиме дека денеска, пред специјализираните комори во Хаг беше изречена првостепената пресуда против Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весељи.

Тачи и Красниќи беа осудени на 25 години затвор, Весељи на 18, а Селими на 13 години затвор.

Хашкиот судски совет утврди дека одговорноста на обвинетите е индивидуална и лична, но дека ниту еден од нив не можел сам да ја постигне заедничката криминална цел.

Хашим Тачи денеска беше осуден во Хаг од страна на Специјализираните совети на Косово на 25 години затвор. Тој беше осуден за злосторства, вклучувајќи убиство, тортура и незаконско затворање, извршени додека бил врховен командант на етничката албанска Ослободителна војска на Косово (ОВК) за време на насилното одвојување на таа територија од Србија во 1990-тите.

Судот денес објави дека Тачи е виновен за убиствата на 96 политички противници и лица за кои се верува дека соработувале со српските безбедносни сили, извршени од силите на Ослободителната војска на Косово за време на конфликтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Некои модели на „Ford“ би можеле неочекувано да се претворат во „кабриолети“

„Ford“ се соочува со необичен проблем: панорамскиот покрив може да се одвои од автомобилот додека возилото се движи.

Некои модели на „Ford“ би можеле неочекувано да се претворат во „кабриолети“

„Ford“ издаде необично безбедносно предупредување и покрена постапка за отповикување на одредени примероци од своите електрични модели „Capri“ и „Explorer“ во Европа.

Проблемот е поврзан со панорамскиот покрив, кој не бил соодветно залепен.

Како резултат на тоа, постои ризик стаклениот покрив да се разлабави при возење и, во најлош случај, целосно да се одвои од возилото, пренесува „Revija HAK“.

Ваквото сценарио претставува сериозен безбедносен ризик, особено при поголеми брзини, бидејќи одвоениот покрив би можел да ги загрози патниците во возилото, како и другите учесници во сообраќајот.

Отповикувањето опфаќа ограничен број возила произведени во периодот од 18 до 29 март 2026 година. Сопствениците на засегнатите автомобили ќе можат да го решат проблемот во рамките на оваа постапка.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер