Министерот Бесими на средба со австрискиот амбасадор

Главна цел ни е спроведување на моделот за економски раст којшто ќе поддржи остварување двојно повисок раст во однос на претходните десет години, 4,1 проценти раст на БДП во 2021, 4,6 проценти раст во 2022 година и 5,9 проценти раст во 2025 година.

Спроведување на стратегијата за економско заздравување и забрзан раст – SmartER growth, даночната стратегија, но и продлабочување на соработката во делот на СДИ, беа тема на разговор меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и австрискиот амбасадор Георг Вуцас.

– Главна цел ни е спроведување на моделот за економски раст којшто ќе поддржи остварување двојно повисок раст во однос на претходните десет години, 4,1 проценти раст на БДП во 2021, 4,6 проценти раст во 2022 година и 5,9 проценти раст во 2025 година. Ова ќе се овозможи преку спроведување на Стратегијата за економско заздравување – SmartER growth, којашто се темели на четири главни столбови: економско заздравување од Ковид-19, забрзан инклузивен и одржлив економски раст, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и развој на човечките ресурси, истакнал Бесими.

Тој посочил дека ќе се врши и постепена фискална консолидација со која буџетскиот дефицит веќе следната година ќе се намали за 3,6 процентни поени.

На средбата, како што соопшти денеска Министерството за финансии, била потврдена поддршката од Австрија за европските интерграции на земјава.

ЕК покрена постапка против „Фејсбук“ и „Инстаграм“ за сомнеж

ЕК покрена постапка против „Фејсбук“ и „Инстаграм“ за сомнеж за неспречување на ширењето дезинформации и манипулации.

Европската комисија отвори формална постапка со цел да процени дали социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“, кои се во сопственост на „Мета“, го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) во делот на заштита на европските граѓани од ширењето на дезинформации и манипулации од трети земји.

Постапката треба да ги испита политиките и практиките на „Мета“ во врска со спречување на манипулативни реклами и политички содржини на нејзините две социјални мрежи.

Комисијата се сомнева и дека механизмите за означување „нелегални содржини“ и за заштита на корисниците не се во согласност со барањата на Законот за дигитални услуги, како и дека постојат недостатоци во пристапот на истражувачите до податоците на „Мета“.

Постапката е отворена врз основа на прелиминарна анализа на Извештајот за проценка на ризикот доставен од „Мета“ во септември 2023 година и на одговорите на компанијата на формалните барања за информации доставени од ЕК за нелегалните содржини и дезинформации, за пристапот до податоци, претплатата и користењето на генеративната вештачка интелигенција.

Постапката ќе биде насочена кон проверка на сомнежите на Еврокомисијата дека „Мета“ не ги почитува обврските од ДСА поврзани со спречување на ширењето на манипулативни реклами, на кампањи за дезинформации и за координирано несоодветно однесување, кои може да претставуваат ризик за изборните процеси, основните права и заштитата на потрошувачите. Ова пред се ќе биде насочено на проверка на видливоста и пристапот до политички содржини на „Инстаграм“ и „Фејсбук“.

Комисијата, исто така, се сомнева дека Механизмот за известување и дејствување на „Мета“, кој им овозможува на корисниците да пријавуваат нелегални содржини на нејзините социјални мрежи, не е во согласност со правилата на ДСА.

Во пресрет на изборите за Европскиот парламент, но и во повеќе земји членки на ЕУ, согласно Законот, ЕК бара од „Мета“ воспоставување алатка за ефикасна јавна контрола за следење на содржините објавени на нејзините платформи во реално време. Во овој дел, „Мета“ има рок од пет работни дена да соопшти кои мерки ги преземени во оваа насока, по што Комисијата го задржува правото да преземе свои мерки во случај тие активностите на компанијата да ги процени за недоволни.

Доколку се потврдат сите сомнежи на ЕК, тоа би претставувало прекршување на девет членови по 13 ставови од Законот за дигитални услуги. Врз основа на резултатите од постапката, ЕК ќе донесе одлука за следните чекори.

На 25 април минатата година „Фејсбук“ и „Инстаграм“, заедно со уште 17 други социјални мрежи, пребарувачи, сајтови и страници за е-трговија, беа прогласени за „многу големи онлајн платформи“, бидејќи имаат повеќе од 45 милиони месечни активни корисници во ЕУ, по што до крајот на август мора да се усогласуваат со низа обврски утврдени во Законот за дигитални услуги. Дополнително, статус на „многу големи онлајн платформи“ им беше доделен на уште четири интернет страници.

Милан се откажа од Лопетеги по протестите на навивачите

 Хулен Лопетеги нема да го води Милан. Шпанскиот стручњак беше фаворит за функцијата главен тренер на „Росонерите“. Неговата кандидатура ја одобри сопственикот на клубот Џери Кардинале. Страните разговараа за договор на 3 години.

Сепак, според „La Gazzetta dello Sport“, миланезите одбиле да го поканат Лопетеги по протестите на навивачите. Петицијата со хаштаг #Nopetegui (Нопетеги) ја потпишаа повеќе од 10 илјади луѓе за 48 часа.

Милан наскоро ќе ја продолжи потрагата по нов тренер. Условите се: да развива млади играчи, да има меѓународно искуство и да соработува со раководството на клубот при донесување одредени одлуки.

Сегашниот тренер на Милан, Стефано Пиоли по завршување на сезоната ќе го напушти клубот поради незадоволителни резултати.

Стапката на невработеност во Германија изнесува 5,9 отсто

Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во Германија во април изнесуваше 5,9 отсто, што е исто како и во претходните четири месеци, а бројот на невработени се зголеми месечно за 13.000 на 2,732 милиони, соопшти денеска германската Сојузна агенција за труд.

Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.

Највисока невработеност традиционално е забележана во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртемберг.

За априлската статистика, Агенцијата користела податоци кои биле достапни до 15-ти во месецот, пренесува порталот Wirschaftsvohe.

„На пазарот на трудот сè уште му недостига силна поддршка на економијата, така што пролетното закрепнување останува слабо“, изјави членот на управниот одбор на Агенцијата, Даниел Терзенбах.

Побарувачката за работници исто така благо опаѓа, но и натаму е на многу високо ниво.

Агенцијата за труд во април регистрирала 701.000 слободни работни места во Германија, што е за 72.000 помалку од пред една година.

притисни ентер