Министерот Алаѓозовски се обрати на Генералната конференција на УНЕСКО

Република Македонија настојува да реализира активна соработка со другите држави членки на УНЕСКО, базирана на демократските принципи за кои се залага Организацијата. Човековите права и слободи се императив за креирање и развој на актуелните политики и практики во нашата земја, рече денеска министерот Роберт Алаѓозовски во својот говор на главната пленарна дебата на 39-тото заседание на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз.

Како што соопшти Министерството за култура, Алаѓозовски истакнал дека во процедура е отворањето трета катедра на УНЕСКО на Факултетот за музичка уметност во Скопје за управување со авторските права во музиката и креативните индустрии во дигиталната околина, покрај двете катедри на УНЕСКО отворени на Филозофскиот факултет за интеркултурни студии и истражувања и на Високата школа за медиуми. Го спомнал и вклучувањето во долгорочната програма „Човекот и биосферата“ и соработката со Албанија.

- Успешно го реализиравме прогласувањето од страна на УНЕСКО на Охрид-Преспа како прекуграничен биосферен резерват... Од особена важност е дека досега впишавме три елементи на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, а оваа година се надеваме дека ќе ги впишеме и мултинационалните апликации за: „Културните практики поврзани со 1 март - Мартинките“ на Бугарија, Романија, Молдавија и на Македонија и „Хидрелез“ на Турција и на Македонија. Нашата држава, со прогласувањето на градот Битола за креативен град во областа на филмот, се вклучи во УНЕСКО-вата мрежа на креативни градови, истакнал министерот за култура.

Посочил и дека Акциската рамка на УНЕСКО - „Образование 2030“ поставува пред нас нови искушенија и предизвици за масовно и квалитетно образование со што би се обезбедиле еднакви можности за образование за сите на глобално, регионално и на национално ниво и дека меѓу нашите заложби е и поголема интеграција на образованието со културата.

Министерот вчера имал средба со генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова на која, како што соопштува Министерството за култура, ја изразил посветеноста на Република Македонија да ги спроведе препораките на Реактивната мисија и одлуката на Комитетот од Краков за Охрид.

Видео: Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот

Лос Анџелес лејкерс утрово загубија од Денвер во петтиот натпревар од првото коло на НБА плеј-офот со резултат 106:108. 

Денвер ги победи Лејкерс со 4-1 во серијата и се пласираше во втората рунда од разигрувањето за шампионскиот трофеј.

Најефикасен играч на паркетот беше Џамал ​​Мареј, кој постигна 30 поени. Кај гостите од Лос Анџелес се истакна Леброн Џејмс со постигнати 30 поени и 11 асистенции.

Во четвртфиналето Денвер нагетс ќе се соочи со Минесота тимбервулвс. Ова ќе биде пресметка на второ и третопласираните екипи во основниот дел од Западната конференција.

Пласман во четвртфиналето ноќеска обезбеди и Оклахома со победата над Њу Орлеанс 97:89 (вкупно 4:0 во серијата).

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина

Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина за злоупотреба на службена положба.

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен градоначалник на една скопска општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело "злоупотрба на службената положба и овластување" согласно член 353 од КЗ, информираат од МВР.

- Имено, истиот на 04.08.2021 со пречекорување на границите на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес, по спроведена постапка за јавна набавка на работи - реконструкција на спортски игралишта на територија на општината и склучен договор за јавна набавка со правно лице од Скопје, во која постапка покрај за игралишта за кој бил надлежен, предвидел реконструкција и на спортско игралиште во средно училиште, иако знаел и бил свесен дека средните училишта согласно Законот за средното образование се во надлежност на Градот Скопје, стои во соопштението од МВР. На тој начин пријавениот, се вели во соопштението, го оштетил буџетот на општината за износ од 662 илјади денари, кои средства му биле исплатени на избраниот економски оператор за реконструкцијата на тоа игралиште.

Силен земјотрес во Србија

Силен земјотрес Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 07:42 часот во Кладовскиот регион, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на VI степен од Меркалиевата скала.

На социјалните мрежи граѓаните коментираат дека земјотресот е почувствуван во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор,Белград како и во други градови во источна Србија, а некои велат дека е почувствуван и во Ниш.

Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје, се наведува на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.

притисни ентер