Министерката Стефоска на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите - Канал 5

Министерката Стефоска на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите

Битолското Ислахане се става под привремена заштита.

Министерката Стефоска на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите

По повод Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите - 18 Април, министерката за култура Ирена Стефоска денеска престојуваше во Битола, каде посети неколку значајни културно-историски добра, меѓу кои Ислахането, Спомен-куќата на народниот херој Стеван Наумов Стив и Мехмед Ефенди - Јени џамија.

Стефоска, заедно со директорката на Заводот за заштита на спомениците и музеј - Битола, Мери Стојанова, посетата ја започна пред Ислахането, објект од световeн карактер изграден кон крајот на 19 век, кое е всушност училиште за занаети и уметности од османлискиот период.

Министерката за култура Стефоска во врска со годинешната меѓународната тема за одбележување на 18-ти Април: „Комплексно минато: Разновидна иднина", рече дека со чествувањето на овој ден, ние му оддаваме почит и на нашето огромно културно добро, но не само за да се потсетиме дека го имаме во изобилие, туку и да нè потсети дека мораме да го сочуваме и покрај сите предизвици.

„Затоа, денеска сакам да соопштам дека Завод и музеј - Битола, Ислахането го става во списокот на објекти под привремена заштита. Дефинирањето на режимот на негова заштита ќе зависи од ревалоризацијата на објектот која е во тек.", рече Стефоска.

Министерката Стефоска потсети дека битолското Ислахане, заедно со солунското се последните два сочувани објекти од ваков тип на Балканот, од изградените седум. Ислаханите имале исклучителна улога – да ги вдомат напуштените деца, сирачињата, давајќи им занает, а многу од нив израснале во почитувани луѓе.

„За жал, војните, времето и негрижата се отсликани и на овој објект –Ислахане, што во буквален превод од турски значи – добро место. Такво мора и да остане, зашто, културното наследство е местото каде што се сретнуваат минатото и иднината, а неговата заштита е во сегашноста", рече министерката Стефоска и додаде: „ За Владата, а со тоа и за Министерството за култура, заштитата на културното наследство е аманет и мисија за грижа на културните идентитети на сите граѓани и на културната меморија на сите нас".

На одбележувањето на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, министерката Стефоска потсети дека за остварување на приоритетите во заштитата на културното наследство, Министерството за култура креираше посебна Наменска програма за културно наследство во опасност која ќе овозможи поефикасна заштита на загрозените културни добра.

Со оглед на тоа што битолското Ислахане е во приватна сопственост, а преку Завод и музеј - Битола, како надлежна институција се става на списокот на објекти под привремена заштита, Стефоска порача: „Онаму каде што пишува – „Објектот се продава", нека се допише –„Објектот е заштитен".

Директорката Стојанова пак, додаде дека активностите кои ги реализира институцијата се во однос на зачувување на културното наследство и дека од тој аспект Ислахането како објект одамна е евидентиран и претставува интегрален дел на Секторската студија која се однесува на културно-историското наследство на Битола.

Министерката за култура Стефоска, заедно со директорката на Завод и музеј - Битола, Мери Стојанова и со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, ја посети и Мехмед Ефенди-Јени џамијата.

На овој значаен споменик од културата продолжуваат повеќегодишните археолошки истражувања во дворот, каде и со преходните истажувања на теренот беше утврдено постоење на црковни објекти под темелите на џамијата. Градоначалничката Петровска посочи дека е изработен проект за конзервација и презентација на дел од археолошките откритија, кои понатаму е предвидено да останат достапни за јавноста. Со средства на Министерството за култура и годинава продолжува и реализацијата на конзерваторски проект за конзервација и реставрација на ентериерот на објектот.

Министерката Стефоска ја посети и родната куќа на народниот херој, Стеван Наумов–Стив, каде, како што беше нагласено во изминатите неколку години во континуитет се преземаат зафати за комплетно обновување на објектот. Беше посочено дека за годинава се планираат зафати на објектот што зависи од динамиката и приоритетите кои ќе ги утврдат надлежните служби во Завод и музеј - Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Француски специјалци пресретнаа „нарко-подморница“ во Атлантикот – првпат во историјата (ВИДЕО)

На 12 ноември, француската морнарица пресретна полуподморница без ознаки во Атлантскиот Океан, кое превезувало неколку тони кокаин, пренесува специјализираниот портал „Naval News“. 

 Француски специјалци пресретнаа „нарко-подморница“ во Атлантикот – првпат во историјата (ВИДЕО)

Ова е првпат во историјата француската морнарица да пресретне таканаречена „нарко-подморница“.

Француската морнарица објави снимки од операцијата.

Специјалните сили пресретнаа и влегоа во полуподморницата, шверцерите намерно го потонале пловниот објект

Според соопштението на француското Министерство за вооружени сили и ветерани, објавено на 15 ноември, француска фрегата го пресретнала пловилото – кое не истакнувало никакво знаме – со поддршка од хеликоптер што се наоѓал на фрегатата, како и од американски поморски патролен авион кој дејствувал под команда на Заедничката меѓуагенциска оперативна група – Југ (JIATF-S). Пресретнувањето е извршено во согласност со правната рамка на Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето (UNCLOS).

Додека тимот од фрегатата се приближувал кон полуподморницата, тројца од четворицата поединци што се наоѓале внатре скокнале во океанот. Француските морнари се качиле на пловилото и го извлекле четвртиот член на екипажот, кој во меѓувреме веќе го активирал системот за намерно потонување на пловниот објект. Полуодморницата потонала за помалку од три минути.

Шверцерите и 146 кг кокаин се извлечени од морето

Француските пловила ги извлекле сите четворица осомничени од морето, а потоа собрале остатоци што пловеле на површината, како и четири пакети – со вкупна тежина од 146 килограми – за кои со тестирање е потврдено дека содржат кокаин. Останатиот дел од нелегалниот товар, со тежина од неколку тони, потонал заедно со полуподморницата.

Коментирајќи ја операцијата на социјалната мрежа „X“, француската министерка за вооружени сили и ветерани, Катрин Вотрен, ги пофали вклучените екипажи за нивниот професионализам и одлучност за време на оваа операција на отворено море.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники

Министерот за здравство Сашо Клековски, денес ги прими новоименуваните директори на три јавни здравствени установи.

Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники

Министерот за здравство Сашо Клековски, денес ги прими новоименуваните директори на три јавни здравствени установи — Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија.

За директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија е именуван вонр. проф. д-р Владимир Андреевски, специјалист интернист и супспецијалист гастроентерохепатолог, раководител на одделот за ендоскопија при Клиниката и генерален секретар на Македонското здружение за гастроентерохепатологија. Автор е на над 120 рецензирани труда во домашни и меѓународни списанија, со експертиза во интервентната ендоскопија и ЕРЦП.

За директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија е именуван асс. д-р Панче Караѓозов, специјалист по дигестивна хирургија, со стручно усовршување по лапароскопска хирургија во Виена и Истанбул и активно учество на меѓународни конгреси од областа на колопроктологијата и хепатобилијарната хирургија.

За директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија е именуван асс. д-р Благоја Србов, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија, асистент на Катедрата по хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје и еден од основачите на Македонската асоцијација за реконструктивна микрохирургија (MARM).

Министерот Клековски им честиташе на именуваните и им посака успешна работа, нагласувајќи ја очекуваната одговорност во водењето на трите клиники — стабилно и предвидливо работење, воведување нови методи и постапки, скратување на листите на чекање и зголемена доверба на пациентите.

Претходно денес министерот Клековски ги прими и досегашните директорки — проф. д-р Мери Трајковска и прим. д-р Јасмина Ѓорѓиевска-Павловска, на кои лично им се заблагодари за соработката и за постигнувањата во водењето на клиниките. Благодарност упати и до досегашниот директор на Клиниката за дигестивна хирургија, проф. д-р Огнен Костовски. Проф. д-р Костовски и прим. д-р Ѓорѓиевска-Павловска со своите тимови беа на првата линија во справувањето со последиците од трагедијата во Кочани, а под раководство на проф. д-р Трајковска на Клиниката за гастроентерохепатологија беа воведени четири нови методи на лекување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавна расправа за Законот за семејството – нови решенија за пристап до податоците за посвојување

Со јавната расправа претседаваше членката на Комисијата, Олга Лозановска.

Јавна расправа за Законот за семејството – нови решенија за пристап до податоците за посвојување

Комисијата за социјална политика, демографија и млади, во рамките на денешната 26. Седница, одржа Јавна расправа по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за семејството, поднесен од пратениците Весна Бендевска, Даниела Белимова, Павле Арсоски, Бобан Карапејовски и Даниел Стојчевски.

Со јавната расправа претседаваше членката на Комисијата, Олга Лозановска, а Предлог-законот го образложи потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, во име на предлагачите. Во дискусијата учествуваа експерти од областа, претставници на здруженија, граѓански организации и институции, како и претставници на Министерството за социјална политика, демографија и млади, кои изнесоа свои мислења, забелешки и предлози во однос на предложеното законско решение.

Со Законот за семејството се уредува посвојувањето како и правата и обврските кои произлегуваат од него. Согласно постојното законско решение, податоците за посвојувањата претставуваат службена тајна. Целта на Предлог-законот е уредување на пристапот до податоците и списите на предметите за посвојување, преку воспоставување механизам за остварување на правото на полнолетниот посвоеник на увид во списите на предметот за неговото посвојување. Се уредуваат и постапувањето и одлучувањето по барањата за пристап, пристапот до податоци од медицински причини поврзани со здравјето на малолетниот посвоеник, како и пристапот на крвните сродници на полнолетниот посвоеник под условите утврдени со закон.

Потребата од законските измени произлегува и од пресудата на Европскиот суд за човекови права во предметот „Митревска против Северна Македонија“, со која е утврдена повреда на членот 8 од Европската конвенција за човекови права. Судот констатирал дека при одлучувањето по барањето на посвоеникот за пристап до информации за неговото потекло не била воспоставена соодветна рамнотежа меѓу различните интереси. Посочена е и потребата од предвидување исклучоци од начелото на тајност на податоците, особено во случаи кога пристапот до одредени информации е неопходен од медицински причини.

Во широка дискусија беше истакната сложеноста и чувствителноста на прашањето, како и потребата предложените решенија внимателно да се разгледаат од правен и практичен аспект. Учесниците посочија дека конечните законски решенија треба да бидат јасни и применливи, со прецизно утврдени правила и критериуми, кои ќе овозможат соодветно постапување и одлучување во зависност од околностите на секој конкретен случај.

Терминот за продолжување на оваа јавна расправа ќе биде дополнително утврден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер