Мицкоски за дата-центрите: Јасно е каде оди светот, ќе продолжиме да ја водиме државата кон просперитет
1Мицкоски за дата-центрите: Јасно е каде оди светот, ќе продолжиме да ја водиме државата кон просперитет
3ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски заедно со кадрите на Венко и Заев со троцифрен број на одобренија за градба, да не глумат борци против бетонизацијата
МакедонијаМинистерката Царовска ја презентираше социјалната реформа пред експерти во Стразбур Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска ја презентираше реформата во социјалната и детската заштита во Македонија. Потребата од реформата како и очекуваните ефекти од нејзината примена која треба да стартува од идната година ,Царовска ја образложи пред експерти од 42 земји члнки на АД ХОК Комитетот за Роми. – Со реформата воведуваме програма за гарантиран минимален приход, што ќе овозможи финансиска поддршка за сите лица што живеат под линијата на сиромаштија. Целта на овој приход е да им обезбедиме доволно средства за подостоинствен живот, да ги вклучиме во општеството, но и да работиме на нивно оспособување за трајно вработување. Се бориме и против детската сиромаштија, бидејќи секое дете ни е важно. Воведуваме детски и образовен додаток, а право на овие надоместоци освен корисниците на гарантираниот минимален приход ќе имаат и домаќинствата со минимални приходи, рече министерката Царовска. Таа, како што соопшти Министерството, во Стразбур имаше работна средба со заменик генералната секретарка на Советот на Европа, Габриела Батаини Драгони. На состанокот се разговараше за активностите на Министерството за труд и социјална политика поврзани со интеграцијата на Ромите, како и за поголемиот дел законски регулативи во надлежност на МТСП. Батаини Драгони ги поздрави напорите што Владата на Република Македонија и министерството за труд и социјална политика ги прави за подобрување на социјалната и детската заштита и изрази поддршка за техничка помош за скрининг процесот во делот на социјалните прашања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски за дата-центрите: Јасно е каде оди светот, ќе продолжиме да ја водиме државата кон просперитетОпозицијата со своето мочуриште се однесува неодговорно кон граѓаните.Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска при посетата на Општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со дата-центрите, истакна дека тоа е неповратен процес и Владата во таа насока ќе продолжи да ја води земјата кон просперитет и иднина, а опозицијата со своето противење не само што се однесува неодговорно кон државата и граѓаните, туку е изолирана со уште малкумина, затоа што и САД, Европа, но и азиските земји се развиваат на тоа поле. „Во Европа конкретно, нашата опозиција не само што се однесува неодговорно кон економијата, државата и граѓаните, туку е изолирана со уште неколкумина во светот кои се борат против центрите за податоци или, во јавноста познати како, дата-центри“, потенцираше премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски потсети на обраќањето на претседателот на САД, Доналд Трамп, во кое тој на противниците на оваа индустрија им вели дека дата-центрите ќе донесат повеќе успех, но и пониски даноци и работни места, а потсети и дека источните земји се развиваат преку дата-центрите. „Така што јасно е каде оди светот и овој процес е неповратен. Секогаш кога ќе појдете на Исток, посебно во тие азиски земји, кога ќе ги видите оние хуманоидни роботи, кога ќе видите како таму функционираат сообраќајните решенија, кога ќе се соочите со тие предизвици, тогаш се враќате овде со воодушевување. А кога овде Владата ќе ви каже: ‚Ајде луѓе и ние да направиме нешто‘, е тогаш сте против. Така што тие нека си продолжат со својот талог и своето политичко мочуриште, а ние знаеме каде да ја водиме Македонија и ќе ја водиме кон просперитет и иднина“, нагласи премиерот Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаПриведени 19-годишник и 13-годишник од Скопје, при тепачка со нож повредени три лицаИзвршен е увид на местото на настанот.На 01.09.2026 полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Б.И.(19) и 13- годишник, двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека на 31.08.2026 околу 22:00 часот на територија на Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и И.З.(19), 13-годишник и 16-годишни, сите од Скопје, од друга страна, при што 13-годишникот кој е приведен, со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, а 16-годишникот со телесна повреда. Извршен е увид на местото на настанот, а за понатамошна постапка се одземени три ножа, пендрек и други предмети. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје.Тагови: нож Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски заедно со кадрите на Венко и Заев со троцифрен број на одобренија за градба, да не глумат борци против бетонизацијатаГоран „бетон“ Герасимовски, со троцифрен број на одобренија за градба, најмалку има право да зборува за бетонизација, уште помалку да ја обвинува опозицијата во Општина Центар, каде што ТОЈ владее заедно со кадрите на Венко и Заев.Кога на Горан не му успеваат намерите, тогаш за него време е да стопира градби за кои веќе има дадено одобрение. Како му беше сè во ред кога издал одобрение за градба, а сега глуми борец против бетонизацијата која ТОЈ ја спроведува. Шемите им смрдат на КОРУПЦИЈА, а нивното расипништво има докажан континуитет. СДСМ и Герасимовски најмалку имаат право да зборуваат и за интересот на центарци, бидејќи се покажа на дело дека мислат само на себе. Истите методи што сега ги спречивме, во минатото ја чинеа Општина Центар 2,5 милиони евра отштета за градежната компанија „Пелагонија“, која сè исплаќаше со години. Ако и оваа одлука им поминеше на Совет, уште колку милиони евра ќе требаше да плаќаат центарци, само поради неуспешни комбинаторики на Горан, за кои зборува цел Центар? ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27