Минималните месечни трошоци за ноември според ССМ изнесуваат 65.173 денари - Канал 5

Минималните месечни трошоци за ноември според ССМ изнесуваат 65.173 денари

Сојузот на синдикати на Македонија со ново барање за повисок минималец, на следниот состанок на Економско социјалниот совет ќе бараат 600 евра минимална плата.

Минималните месечни трошоци за ноември според ССМ изнесуваат 65.173 денари

Сојузот на синдикати на Македонија со ново барање за повисок минималец, на следниот состанок на Економско социјалниот совет ќе бараат 600 евра минимална плата – велат со месеци наназад минималната синдикална кошничка која ја пресметуваат со овие плати на работниците не може да се покрие.

Минимум 65 илјади денари месечно му се потребни на едно четири члено семејство само за основните потреби, доколку на ова се додадат трошоци за изнајмен стан од 60 квадрати тогаш сумата достигнвуа 80 500 денари – покажува последната пресметка на ССМ. Споредбено со претходниот месец минимлната синдикална кошничка бележи благо намалување од 370 денари главно во делот на храна и пијалаци, но од ССМ велат храната секојдневно е се поскапа и поскапа намалувањето во ноемвриската кошничка според потпретседателот на синдикатот Пешевски се должи пред се на акциски цени на сезонското овошје и зеленчук кои ги затекнале во маркетите.

„Има благо намалување кај портокалите, нешто зеленчук, но одо друга страна видовме дека јајцата како продукт се зголемени за 39 денари – кога ќе ставием се на кантар народски кажано повторно гледаме дека од ден во ден се е поскап животот на граѓаните и работниците и за таа цел ССМ направи истражување кое го презентиравме и на следната седница на ЕСС ќе бараме 600 евра минимална плата....“ - Иван Пешевски потпретседател на ССМ .

Во маркетите и на пазарите може да се забележи дека последниве две недели најголемо е поскапувањето кај јајцата - табла јајца достигна и 360 денари, а пакувањето од 6 или 10 јајца во одредени маркети се продава и по цени од 90 па се до 150 денари.... и последните податоци на статистика покажаа дека годишната инфлација изнесува 4,5 %...

Граѓаните кои ги анкетиравме сметаат дека надлежните треба да интервенираат со мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

„Скапо е треба да се превземе нешто за да биде поевтино...Се е од увоз затоа, млечните производи се навистина скапи, еве сега земав сирење и стварно скапо е ....“

„Како за кого за некого се високи за некого не зависи кој колкви примања има... Треба да има секој да може да преживее....“

„Има квалитено ама за ова време скапо е... “

„Средно има и за богат има и за сиромав.. Табла јајца е од 300 до 350 денари... “

На последниот брифинг со новинарите министерот за економија Бесар Дурмиши рече дека во перидот кој следи ќе се анализираат цените на прехранбените поризводи, засега не се размислува за мерки, но ако има значително зголемување особено за време на празниците ќе интервенираат.

Во однос на минималецот дека согласно анализите кои ги направиле како министерство покажале дека во моментов нема никаква економска логика за нивно интервентно зголемување....

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува активности за чистење на просторот под Камениот мост

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување и рачно миење на целокупниот простор под Камениот мост во Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува активности за чистење на просторот под Камениот мост

Во овој период беа отстранети и вкупно 905 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад – вкупно 190 кубни метри, е расчистено во општината Ѓорче Петров.

Претпријатието подигна и транспортира приближно 3000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Воедно продолжи и замената на старите и дотраени контејнери со новите садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, при што во моментов се заменети вкупно 700 контејнери.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 25 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 10, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Со еко-работилници во градинката Снежана лоцирана во општината Чаир, ЈП Комунална хигиена-Скопје ги започна едукативните активности за правилно постапување со отпадот за учебната 2026/2027 година.

Во работилниците учествуваа вкупно 150 дечиња од двата објекта на градинката, коишто се запознаа како правилно да го одлагаат отпадот и да ја вршат неговата примарна селекција и како се одвива процесот на рециклирање и реупотреба на комуналниот отпад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Во Македонија првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром

Во Македонија првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна генетска болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да доведе до бубрежна слабост.

МЗ: Во Македонија првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром

По спроведените потребни медицински испитувања, утврдена е компатибилност меѓу донорот и примателот, а мајката е оценета како соодветен жив дарител. Нејзината одлука му дава на детето нова шанса за живот и претставува значаен медицински успех во третманот на пациентите со ретки заболувања.

„Ова е пример за најдоброто во нашето здравство – стручност, тимска работа и човечност. Секој трансплантиран бубрег значи нова шанса за живот“, вели министерот за здравство, Сашо Клековски.

Пред неколку дена, министерот Клековски ги посети пациентите на кои им беше извршена трансплантација на бубрег на Универзитетската клиника за урологија. Кај двајца пациенти беше трансплантиран бубрег од починат дарител, додека кај третиот беше извршена трансплантација од жив дарител.

Со овие три трансплантации, вкупниот број трансплантации на бубрег на Универзитетската клиника за урологија годинава достигна 15, во споредба со 11 трансплантации во текот на цела 2025 година.

Алпортовиот синдром е ретка наследна болест која го зафаќа бубрежното ткиво, а во потешките случаи може да доведе до бубрежна слабост и потреба од дијализа. Овој случај покажува дека со соодветна дијагностика, темелна медицинска процена и внимателна подготовка, трансплантацијата може да биде можност и за пациенти со ретки генетски заболувања.

„Упатуваме благодарност до семејството за довербата и за согласноста случајот да биде јавно споделен, како и до целиот медицински тим кој деноноќно е вклучен во оваа сложена медицинска постапка“, изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонски концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народ

Македонски Концепт изразува остро противење на прославите на Зебрњак, со кои се велича српската воена победа од 1912 година.

Македонски концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народ

Македонски Концепт изразува остро противење на прославите на Зебрњак, со кои се велича српската воена победа од 1912 година, по која следува воспоставување српска окупаторска власт врз Вардарска Македонија и жесток српски терор врз етничките Македонци и други несрпски народи во Македонија. За македонскиот народ, овие историски настани не претставуваат национално ослободување, туку почеток на нов период на туѓа власт, национално потиснување и негирање на македонската посебност - етноцид.

Неприфатливо е на територијата на Македонија да се слават историски настани кои за етничките Македонци претставуваат симбол на окупација и национално понижување. Ваквите манифестации, особено кога имаат карактер на шовинистичко величање на минатите освојувања, можат да предизвикаат меѓуетнички тензии, да ја нарушат меѓусоседската доверба и да ги оживеат историските поделби во регионот.

Македонски Концепт смета дека почитувањето на српската историска меморија не смее да се претвори во негирање на македонското историско искуство. Историските освојувања не смеат да бидат повод за современи националистички демонстрации на територијата на Македонија.

Ги повикуваме надлежните македонски институции да обезбедат почитување на достоинството на македонскиот народ и да реагираат на секое јавно поттикнување етничка омраза или величање на национално потчинување. Посебно очекуваме од министерот за култура Седат Сулејмани да преземе соодветни мерки за забрана на вакви настани во иднина.

Македонски Концепт се залага за пријателски и рамноправни односи со Република Србија, засновани врз заемно почитување, историска чувствителност и почитување на македонскиот национален идентитет. Пријателството меѓу народите се гради со меѓусебна почит, а не со прославување на историските порази и страдања на соседите. Македонија мора да биде држава во која историското достоинство на македонскиот народ ќе биде почитувано и заштитено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер