ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапи
1ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапи
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаМинималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари, најави БектешиОд следната година, минималната плата ќе порасне за околу 50тина евра. „Од март 2024 година, најниска плата во земјава ќе изнесува минимум 22.500 денари, двојно поголема од минималната плата во 2017 година“- најавува министерот Крешник Бектеши на социјалната мрежа Фејсбук. Во моментов, минималната плата изнесува 20.175 денари, а новото усогласување доаѓа по договорот на Владата и синдикатите според кој минималната плата се усогласува со 50 отсто од порастот на трошоците на живот и 50 отсто од порастот на просечната плата, минатата година. И Министерката за труд и социјала Јована Тренчевска се согласува дека платите се во постојан раст и вели дека само мал дел од вработените добиваат минимална плата. -Минималната плата ако се сетиме пред 2017та година беше 8000 денари, сега е 20 175, со интенција во март 2024 година , согласно методологијата и законот за минимална плата да порасне согласно параметрите кои што се вклучени во методологијата И просечна плата и минимална плата постојано растат, меѓутоа особено за минималната плата, тоа е плата која што мал дел од вработените ја добиваат,- Јована Тренчевска. Во март годинава пак, беше донесена одлуката на Уставниот суд за зголемување на платите на фукционерите за 78%. Тренчевска истакнува дека во Владата постојано бараат начин како да се реши прашањето во однос на ова покачување. Таа вели дека едно решение е Законот за плати во јавен дектор, а другото би било измена и дополнување на 6 или 7 други закони со кои се регулираат платите, но парламентот е тој што го има последниот збор. -Ние како Влада ќе ги донесеме измените, меѓутоа треба да отидат на парламент, парламентот е тој што го има последниот збор за платите на фукционерите, затоа што и пратениците во периодот на одлуката до сега можеле да донесат законски решенија на иницијатива на пратеничките групи, -Јована Тренчевска. Според Тренчевска, решение се очекува да се најде до крајот на годината. Покачувањето на фукционерските плати предизвика бурни реакции во јавноста, но и низа на протести за повисоки примања во повеќе служби како јавнообвинителската и судската, како и кај пензионерите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапиДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти за време на владеењето на СДСи ДУИ.Државата плаќала 4,6 милиони евра провизии за неповлечени средства додека железничкиот Коридор 8 со години стоел незавршен. Ова е сериозен скандал и резулат од неодговорното управување на СДС И ДУИ со стратешките инфраструктурни проекти. Првата и втората фаза не биле завршени, роковите биле пробиени, а наместо железничка инфраструктура граѓаните добиле милионски трошоци и нови долгови. ДЗР констатирал неефикасно управување, a дополнително предупредил и ризик од губење на 61 милион евра европски грант за третата фаза на железничкиот Коридор 8. Кој е одговорен за овие пропусти? Кој дозволил државата да плаќа милиони евра провизии? И кој ќе одговара ако со нечие постапување или непостапување е нанесена штета на државниот буџет? СДС и ДУИ неодговорно постапувале со парите на граѓаните. Јавното обвинителство мора да постапи по наодите на ДЗР. Да се испитаат сите одлуки, договори, постапки и одговорни лица и да се уврди дали има основа за кривична одговорност. СДС и ДУИ не можат да се кријат и да молчат додека граѓаните ја плаќаат сметката за нивното катастрофално владеење во минатото. 4,6 милиони евра провизии, години доцнење незавршена железница и ризик за европски средства. Тоа е наследството од СДС и ДУИ. Бараме одговорност за секој потрошен денар и за секоја одлука со која е оштетена државата. Не сме исти. Разликата е евидентна. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО - ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
СветВоз излета од шините во Франција, најмалку 20 повредени (ВИДЕО)Околу 20 лица се повредени во железничка несреќа што се случи вчеравечер кога воз излета од шините помеѓу Руан и Кан во северна Франција, објавија француските власти.Возот превезувал 180 патници и излетал од шините во близина на градот Клеон во Нормандија, објави францускиот министер за транспорт Филип Табаро на социјалната мрежа „X“. Un train déraille en Seine-Maritime, 44 blessés dont une personne en urgence absolue pic.twitter.com/bH4BRfA6Yx — BFM (@BFMTV) September 11, 2026 140 пожарникари биле на местото на несреќата помагајќи им на повредените и патниците, додаде тој.Тагови: воз Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 5.5 милиони евра - оваа година лото добивката се падна кај МицкоскиОваа година лото-добивката – се падна кај Мицкоски и неговата Организирана криминална група.5,5 милиони евра преку криминални договори кои Мицкоски сакаше да ги сокрие дека се „нула денари“. Огромни народни пари, во време кога Владата нема пари за земјоделците, нема пари за плати, за пензии, за мерки за помош на граѓаните поради високите цени. Тоа се 5,5 милиони причини граѓаните да ја знаат целата вистина, да ги видат документите и да добијат одговори каде завршија нивните пари. Кои компании добиле милиони евра и врз основа на кои критериуми? Како била избрана тричлената комисија во АД „Државна лотарија“, која одлучувала за изборот на фирма за прославата? Како е можно претседателот на таа комисија истовремено да се јавува и како автор на оркестрациите и аранжманите за концертот? Врз основа на кои критериуми биле ангажирани фирми-ќерки и колку милиони евра народни пари добиле преку Државната лотарија? Колку пари се потрошени за провизии и проценти и во чии џебови завршиле? Кога биле платени изведувачите и колку? Дали со Гета сè било претходно договорено, уште пред да биде завршен јавниот повик и пред да се знае кој ќе биде избран на тој повик? Мора да има одговори на сите прашања. Ова е оргомен сомнеж за проневера на народни пари и уште еден доказ за арамискиот концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook