Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“
2Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“
3На дното на Средоземното Море се пронајдени остатоци од брод, стар 2.100 години- археолозите изненадени од товарот
АвтомобилизамMini Vision Urbanaut нуди бегство од стрес (ФОТО)Во последниве години, Mini се оддалечи од оригиналната идеја по која беше познат, и сега отиде чекор подалеку.Мини веќе подолго време не е минијатурен, дури ни мал. Новиот концепт најдобро го покажува тоа. Неговото име е Vision Urbanaut и, накратко, станува збор за поливалентен миниван чија главна цел е да го направи престојот на патниците што е можно попријатен. И особено кога возилото стои. Тогаш дел од пилотската кабина ќе исчезне и возачкото седиште ќе стане кревет. Доколку е потребно, предните седишта можат да се ротираат. За чувството на салон придонесува задното седиште како дел од т.н. „старосен агол“ што има посебно осветлување, маса, па дури и растение. Да додадеме и дека се отвора шофершајбната, за да се добие ефект на чардак. Реално, кога се гледа глобално, ова Мини е како дневна соба. А, за целосна атмосфера, има и специјална конзола која изгледа како антистресни камења, и нуди три „мини моменти“, имено Chill, Wanderlust и Vibe. Првиот носи атмосфера за релаксација, вториот за забава, а третиот е за возење. А, кога станува збор за дизајнот, скоро сè е ново. Најсложениот дел е системот за отворање на вратите, а најинтересните се фаровите што се кријат додека не се вклучат. Се разбира, вторите се интерактивни и можат да се користат за комуникација со околината. Во зависност од избраниот мини вртежен момент, осветлувањето исто така се менува. И, конечно, треба да се каже дека погонот е електричен, а исто така е предвиден и систем за автономно возење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коскиВо Брвеница синоќа не зборуваше премиер. Зборуваше човек што губи.Паѓа ВМРО. Паѓа тој. Народот им ја зема довербата. Паниката има име: Лаура Ковеши. Европско обвинителство. Истрага што не застанува пред презиме, функција и партиска книшка. Сам призна дека води војна против СДСМ. Не против криминалот туку против единствената опозиција што го именува. Војната ја води со цела екипа. Со Вучиќ, со Орбан, со нивните медиуми, со таканаречените новинари и лажни аналитичари. Ја води со Русија, со играчи на БИА, со Латас, со Ивона. Со луѓе без морал. Со тендер-патриотите од ЗНАМ. Со руската Левица, анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка, што не влезе во салата и не гласаше за минимална плата од 600 евра. Ја води со Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони. Сателити. На далечинско. Не со народ. Луксуз-патриоти со бугарски пасоши. „Институција“ со часовници од 60.000 евра и костим од 10.000. Народот нема за храна, нема за сметка. Тој има за се. Затоа таков говор во Брвеница и закана за втор круг. Христијане. Ќе одговараш. Ти и целата банда. И тоа го знаеш. Затоа врескаш. Затоа ти треба алиби. Затоа ти треба сателит, не глас. СДСМ, заедно со народот, ќе ја врати власта во рацете на народот. Вистината стигна. Правдата доаѓа. За Организираната криминална група ВМРО-ОКГ нема втор круг. Има прв круг - одговорност. Скопје, 09.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина откако во рускиот бомбашки напад вчера загинаа најмалку 35 лица на исток, со што бројот на жртви од руските напади во последните два дена се зголеми на над 70.Неколку часа по нападот на два автобуса во градот Краматорск, Зеленски ги критикуваше напорите на Вашингтон да воспостави економски врски со Русија. Зборувајќи со новинарите во Прилуки, украинскиот лидер ги повика САД да се согласат со неговите барања за проширување на пристапот на Украина до сателитската услуга „Старлинк“ за да ѝ помогнат во таргетирањето на руските лансери на балистички ракети. - Го отворивте кога му одговаравте на Иран... Јас реков сосема отворено - дајте ни го, помогнете ни да го одбраниме нашето небо и да доминираме таму. А потоа Путин ќе седне на преговарачката маса“, рече тој во емотивна изјава. Пред Москва да нападне, високи руски и американски претставници, вклучувајќи го и специјалниот претставник на Сад Џаред Кушнер, разговараа за привлекување американски инвеститор во гасоводите „Северен тек“ што испорачуваа руски гас во Германија објави Ројтерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3Општина Карпош продолжува со редовната акција за подигнување и отстранување на отпадни и хаварисани возила од јавните површини на територијата на општината. Акцијата, која ја спроведува Секторот Инспекторат, во соработка со колективниот постапувач „ГРЕЕН РОАД“ ДООЕЛ – Скопје, започна во реонот на УЗ Карпош 3. Во рамки на акцијата беа подигнати стари отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно биле спроведени соодветни инспекциски постапки. Со отстранувањето на хаварисаните возила се ослободуваат јавни површини и паркинг-простори, а воедно се придонесува кон подобрување на комуналниот ред и квалитетот на животната средина. Акцијата ќе продолжи во наредниот период, сè до отстранување на отпадните возила за кои се исполнети условите за подигнување. Општина Карпош апелира до граѓаните на совесно и одговорно однесување и заеднички придонес кон почист, поуреден и побезбеден Карпош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook