Пакетот од четири закони за реформи во јавната администрација до крајот на април ќе биде доставен до Владата, а до крајот на мај или почетокот на јуни се очекува да влезе во собраниска процедура – најави Министерот за Јавна администрација Горан Минчев. По критиките од ЕУ дека земјава доцни со реформите во јавната администрација, Минчев дели дека не чувствува одговоност, бидејки процедурата била во рамки на постоечките рокови предвидени од ЕК.
-Тоа го кажа и во извештајот евроамбасадорот Рокас дека доцниме во реформите, но не доцниме сега, доцниме 10 години, нашиот пакет закони или пак акцискиот план или пак рефоррмската агенда до овој момент е во рамки на постоечките рокови. Тоа значи дека овој пакет на закони кои што ние го нудиме сега од 4, дел од нив со европско знаменце треба да го донесеме до крајот на јуни. Ако сме согласно роковите не би можел да видам причина зошто да имам одговорност,-Горан Минчев – министер за Јавна администрација..
Законот за правична застапеност, не е дел од пакетот.. На неговата подготвка работи група експерти формирана од Владата, а пред да биде испратен во Собрнание, прво ќе оди на проверка во Венцијанската комисија, за да се осигура дека нема повторно да падне на Уставен, кажа Минчев..
-Правичната застапеност на етничките заедници во Република Македонија согласно потпишаниот Охридски договор е уставна категорија. Јас инсистирав и добро е што на тоа законско решение работат експерти, за да не се најдеме повторно во иста ситуација, во рамки на евентуален поднесок до Уставниот суд и повторно поништување на одредени членови од постоечкиот досегашен закон,-Горан Минчев – министер за Јавна администрација.
Како да се дојде до ефикасна и департизирана администрација, Македонија ќе учи од Словенија. Минчев заедно со министерот за јавна администрација на Република Словенија Франк Пропс потпишаа меморандум за соработка, кој меѓудругото предвидува заеднички активности за подобрување на управувањето со човечките ресурси и развој на дигитални решенија за унапредување на пристапот до јавните услуги.