Минчев: Академијата за административни службеници влегува во завршна фаза на подготовка - Канал 5

Минчев: Академијата за административни службеници влегува во завршна фаза на подготовка

Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници не е само нова институција, туку дел од пошироката визија за создавање професионална, ефикасна и современа јавна администрација. 

Минчев: Академијата за административни службеници влегува во завршна фаза на подготовка

Ова беше една од клучните пораки што министерот за јавна администрација Горан Минчев ги упати на денешната тркалезна маса „Идни предизвици при воспоставување и успешно функционирање на Академијата за стручно усовршување на административните службеници“, на која беа презентирани резултатите од досегашните активности, предлог-моделите за организација на Академијата и развојот на програмите за обука.

Настанот беше организиран во рамки на проектот „Поддршка за воспоставувањето на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници“, што Министерството за јавна администрација го реализира заедно со Центарот за управување со промени, со поддршка на Амбасадата на Република Франција.

Министерот Минчев нагласи дека по усвојувањето на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, Министерството за јавна администрација влезе во нова фаза, односно создавање на сите предуслови за Академијата да започне со работа како централна институција за професионален развој на административните службеници.

Во своето обраќање министерот посебно се осврна на поддршката од Француската амбасада и француските институции, оценувајќи дека размената на искуства и добри практики претставува значајна помош во градењето на современ и одржлив систем за обука на јавната администрација.

„Нашата цел е од наредната година да започне целосната примена на Законот, а Академијата да стане централно место каде што административните службеници ќе ги надградуваат своите знаења, вештини и компетенции. Уверен сум дека ќе создадеме институција која ќе биде пример за професионалност, квалитет и одржливост“ истакна министерот.

Академијата за административни службеници претставува еден од најважните столбови на реформата на јавната администрација, место каде што знаењето ќе се претвора во подобри институции, а подобрите институции во поквалитетни услуги за граѓаните.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Секој кој учествува во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, може да биде активен чинител на промените во општеството

Вечерва по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се одржа политичката платформа насловена „Повеќе учество, повеќе демократија“.

Муцунски: Секој кој учествува во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, може да биде активен чинител на промените во општеството

Вечерва по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се одржа политичката платформа насловена „Повеќе учество, повеќе демократија“, во чиишто рамки се одржаа и две последователни панел дискусии.

Во рамките на првиот панел насловен „Учеството како двигател на демократијата“, се обрати и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој рече: „ВМРО ДПМНЕ е семејство, збир на луѓе коишто споделуваат многу повеќе од само политички вредности, луѓе коишто споделуваат визија за иднината на државата, субјект во којшто имаме секогаш време и простор да дискутираме за многу повеќе од секојдневните политики, туку како ја гледаме во државата во еден подолгорочен период“.

Муцунски укажа дека времето во коешто живееме денес е комплексно од повеќе аспекти и дека единственото нешто коешто го немаме, како што вели тој, е луксузот да бидеме рамнодушни, притоа истакнувајќи дека секој оној кој учествува во која било од структурите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, давајќи го својот инпут може да биде активен чинител во општествените промени.

„Во ова време во коешто живееме, коешто е комплексно од многу повеќе прашања, и внатрешно и надворешно политички прашања, единствено нешто на коешто го немаме луксузот-е луксузот да бидеме рамнодушни, да кажеме ништо не зависи од нас, ништо не можеме да промениме. Напротив, тој што учествува во ВМРО-ДПМНЕ, во структурите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, знае дека независно дали е тој или таа активен во месен комитет, во општински комитет, во централна комисија, во една од раководните структури на партијата, можете да бидете активен чинител во промени онаму каде што можете да дадете свој инпут“, истакна Муцунски и додаде:

„Во ова време во коешто живееме, е наша обврска, бидејќи работите навистина толку брзо се менуваат, имаме множност секој, зависно од тоа што најдобро го знаеме и најдобро го умееме, преку политички субјект да дадеме свој придонес“.

Муцунски напомена дека ВМРО-ДПМНЕ е политичкиот субјект кој има јасна слика за тоа каде треба да се движи државата и како треба да се гради Македонија во наредните години.

„ВМРО-ДПМНЕ е тој политички субјект којшто има јасна слика за тоа каде треба да се движи државата, независно дали е тоа економска, финансиска политика, независно дали е тоа политика насочена кон развојот на индустријата, на инфраструктурата, на надворешната политика, ние сме онаа структура којашто знае како треба Македонија да се гради за следните 10, 15 и 20 години“, посочи Муцунски.

На крај, Муцунски упати повик до сите амбициозни луѓе во државата, велејќи: „сите коишто сакаат заеднички да ја претвориме Македонија во подобро место за живеење да се приклучат, да станат дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ и да помогнат да изградиме држава каква што заслужуваме“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева со Декларација на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ: „За една повеќе“ е наша определба за повеќе учество

Денес сите ние можеме да зборуваме за политика, затоа што генерации пред нас се бореле за правото на политички став.

Митева со Декларација на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ: „За една повеќе“ е наша определба за повеќе учество

Денес можеме слободно да се натпреваруваме со идеи, затоа што генерации пред нас овозможиле да имаме независна Македонија и независни институции и во таа историја, нашата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ има клучна улога. Како политичка организација своето постоење го врзува со идејата за слободна, за независна, за демократска Македонија, рече Марија Митева претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата на вечерашната прва политичка платформа по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, насловена „Повеќе учество, повеќе демократија“.

И, кога денес зборуваме за демократија, додаде Митева, ние практично, зборуваме за нашето сопствено политичко искуство, посочувајќи дека во таа историја ја има и приказната за жените во политиката.

„Жените во политиката не се вклучиле од вчера. Напротив, низ историјата биле дел од сите општествени процеси. Некогаш биле во првите редови, многу често биле под сенка, многу често не им било признаено, но секогаш со работа, со труд, со истрајност се грижеле и за семејството, и за заедницата, но и за Македонија“.

Митева додаде дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, има клучна улога во сите овие процеси.

„Многу често, Унијата на жени градела и успеала да изгради сериозно, високо профилирани жени политичарки во Македонија. УЖ е организација каде што жените се организираат политички, дебатираат, разменуваат ставови, мислења и преземаат одговорност“, истакна Митева заблагодарувајќи му се на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ што веќе десет години дава безрезервна поддршка на Унијата на жени.

Посочи дека токму затоа денеска, преку дијалог со претседателот Мицкоски ќе успееме да ја направиме разликата за тоа што значи присуство и што значи учество.

„Можеби е лесно да се заклучи дека демократијата не е нешто коешто се освоило и се придобило и тука завршува. Туку напротив, преку политички дијалог и политичка култура треба континуирано да ја наградуваме и тука, мислам дека, УЖ ја има клучната улога. Не сме само организациска структура, затоа што тука има огромен политички потенцијал и жените кои се присутни вечерва, кои се постојано на терен, жените коишто работат во своите општини, во своите институции, коишто работат и се грижат за своите семејства носат едно огромно знаење и искуство, а наша работа е дали оваа енергија ќе остане само енергија или ќе ја преточиме во една политичка сила“, рече Митева.

Понатаму, Митева потенцираше дека целта на демократијата не е само да зборуваме, туку и да работиме преку дела, токму затоа во соработка со членките на ИК на Унијата на жени и во комуникација со членките на партија се изработи Декларација „За една повеќе“ која е определба за повеќе учество.

„Кога го разработувавме концептот заедно со членките на ИК на Унијата на жени, па и во комуникација со нашите членки од партијата заклучивме мора да произлезе некаков резултат од она што денес го говориме. И затоа, сакам пред Вас, но и пред сите присутни вечерва да ја презентираме Декларацијата за повеќе учество, повеќе демократија којашто се заснова на десет политички заложби на Унијата на жени. Повеќе учество, повеќе одговорност, за една повеќе. Сакам заедно сите да ја усвоиме вечерва, не затоа што ќе остане некој документ во архивите на партијата, туку затоа што ќе не потсетува дека секоја година треба да видиме што сме направиле и како да ја надградиме“, потенцираше Митева, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриена е тајната на гробот на Исус, стара 1.700 години, археолозите воодушевени (ФОТО)

Новите археолошки истражувања спроведени под Храмот на Воскресението во Ерусалим донесоа значајни откритија .

Откриена е тајната на гробот на Исус, стара 1.700 години, археолозите воодушевени (ФОТО)

Новите археолошки истражувања спроведени под Храмот на Воскресението во Ерусалим донесоа значајни откритија кои даваат нови податоци за тоа како изгледала областа каде што, според христијанската традиција, се наоѓале Голгота и гробницата на Исус Христос.

Ископувањата се спроведуваат веќе неколку години како дел од работата за реставрација на подот на храмот. Истражувањето го водат археолози од италијанскиот универзитет Сапиенца во Рим, а нивните резултати се особено интересни поради совпаѓањето помеѓу пронајдениот антички пејзаж и описот од Евангелието, пишува порталот Protothema.gr.

Антички каменолом

Едно од најважните откритија е голем антички каменолом кој се наоѓал на местото на денешниот Храм на Воскресението. Некои од неговите делови достигнуваат длабочина од околу шест метри.

Според археолозите, каменолом бил активен во време кога Ерусалим брзо се развивал. Кога престанало вадењето камен, областа постепено била напуштена, а вдлабнатините биле исполнети со земја. На овој начин, поранешниот каменолом делумно бил претворен во обработливо земјиште.

Ова е особено значајно бидејќи во евангелската традиција, местото на распнувањето на Христос е опишано како простор надвор од градските ѕидини, додека градина и гробница врежани во карпа се споменуваат во непосредна близина.

Траги од градина, маслинови дрвја и лози

Археолозите пронајдоа и траги од земјоделска употреба на областа. Меѓу најинтересните наоди се остатоците од маслинови дрвја и лози, што укажува дека поранешниот каменолом подоцна добил поинаква намена.

Ова дава многу интересна слика за древниот Ерусалим: областа што првично се користела за вадење камен подоцна можела да се претвори во градина или земјоделско земјиште, додека гробниците се наоѓале во близина.

Токму оваа комбинација - каменолом, градина и гробници - го привлече посебното внимание на истражувачите поради нејзината сличност со описот во Евангелието според Јован, во кое се наведува дека на местото на распнувањето имало градина, а во неа и нова гробница во која претходно никој не бил положен.

Гробници врежани во карпа

Истражувањата открија и гробници врежани директно во карпата. Овој тип на гробница бил карактеристичен за Ерусалим за време на периодот на Вториот храм и одговара на начинот на кој Евангелијата го опишуваат гробницата на Исус Христос.

Самото ова не докажува дека една од овие гробници била на Исус. Сепак, покажува дека областа околу денешниот Храм на Воскресението навистина имала карактеристики што одговараат на историскиот и географскиот контекст на распнувањето и погребувањето во 1 век.

Од особена важност е што областа во тоа време била надвор од ѕидините на Ерусалим, што се совпаѓа и со текстот на Посланието до Евреите, според кое Христос страдал „надвор од портата“.

Траги од историјата по Христос

Археолозите пронашле и други предмети што помагаат во реконструкцијата на историјата на ова место, вклучувајќи монети од 4 век. Ваквите наоди се важни затоа што токму во 4 век, за време на владеењето на царот Константин Велики, биле изградени монументални христијански градби на ова подрачје.

По усвојувањето на христијанството, Константин наредил изградба на голема базилика на местото што христијаните го поврзувале со Голгота и гробницата на Христос. Ова му даде монументална форма на просторот што со векови беше поврзан со сеќавањето на страдањето на Исус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер