Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите
1Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите
3СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на Михаилова
Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
2Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
МакедонијаМилошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, ете ги “успесите” на СДС и ФилипчеВето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ.Една од тезите со која Филипче ја манипулира јавноста дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот идентитет е тврдењето дека преговарачката рамка гарантира дека македонскиот јазик ќе стане и еден од службените јазици на ЕУ. Ова е голема манипулација која има за цел да создаде чувство на лажна сигурност и обид политички да се покрие грешката со која владата на СДСМ го прифати бугарското билатерално прашање како составен дел од "францускиот предлог". За жал, демантот на ваквото лажно тврдење на претседателот на СДСМ доаѓа токму од документите на ЕУ, меѓу кои е и последната стратегија "Preparing for a wider Union", каде се нагласуваат членот 55 од Договорот за ЕУ и чл.342 од Договорот за функционирањето на ЕУ. Правилото е едноставно: официјалните јазици на институциите на ЕУ, без исклучок, се определуваат со едногласна одлука од страна на Советот на ЕУ! Односно, ЕУ може да добие нов службен јазик ако тоа биде побарано од земјата кандидат која преговара, но под услов ниедна земја членка да нема приговор/ вето на таквото барање. Ваквата методологија на одлучување во комбинација со Декларацијата која официјална Софија ја достави до Советот на ЕУ во јули 2022 со нагласување дека споменувањето на македонскиот јазик во преговарачката рамка не може да се толкува како негово признавање од страна на Бугарија, е доволна и за политички аматер да може да погоди која ќе биде земјата која ќе стави вето за впишување на македонскиот јазик како официјален јазик на ЕУ, при евентуална можност за зачленување во Унијата. За жал, тоа се "плодовите" од сервилните потписи на владата на СДСМ и ДУИ ставени на Договорот за добрососедство од август 2017, како и на вториот протокол и анекс на Договорот од јули 2022 година. Евтините потписи на Заев и Бујар Османи, скапо ќе ја чинат Македонија и ќе бидат постојан ризик за официјалната промоција на македонскиот јазик во рамките на ЕУ. Користењето на терминот македонски јазик во преговарачката рамка на ЕУ не е ист правен акт со потребата од нова едногласна одлука за негово вклучување меѓу официјалните јазици на ЕУ во иднина. Тука ветото од Бугарија, според досегашниот однос на официјална Софија, е кец во кец. Затоа, кога станува збор за идентитетските прашања и македонскиот јазик, важно е да се знае реалноста, а тоа е дека со ниту еден документ досега не е потврдено, уште помалку загарантирано дека македонскиот јазик би добил едногласна одлука за да биде впишан како еден од службените јазици на ЕУ при евентуалното членство во сојузот. Од страна на Македонија ќе биде потребно да се вложи огромен политички напор, континуиран дипломатски ангажман и сериозни сојузници за да се поправат овие трасирани грешки на претходната влада. И на крај во контекст на оваа тема, добро е да се напомене дека во моментов во Брисел се водат преговори дали да во подготвувањето на нацрт пристапниот Договор за евентуалното членство на Црна Гора во ЕУ да се впише и црногорскиот јазик како нов службен јазик на Унијата. Без да се прејудицира исходот, засега дипломатски може да се рече дека за оваа тема кај најмалку една земја членка постојат лингвистички дилеми. Дилемата пак за буџетските трошоци и логистиката за превод во секоја ЕУ институција на уште еден нов официјален јазик е дополнително присутна кај уште 2-3 членки. Но, за неколку месеци ќе има и појасна слика за оваа тема, како и за политичката клима дали во ЕУ постои едногласност за нови официјални јазици. Компаративно, без разлика на нивните историски спорови и конфликти, сепак рационалноста на Шпанија и Португалија, на Германија и Полска, како и разумноста на Данска и Шведска, за жал, сеуште се далечни стандарди во споредба со (не)прагматичноста на Бугарија во односот кон Македонија. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалУЕФА ги казни БиХ, Хрватска и Унгарија УЕФА изрече казни за фудбалските сојузи на Босна и Херцеговина, Хрватска и Унгарија поради прекршоци за време на октомвриските натпревари во Лигата на нации.Најголема сума ќе треба да платат Унгарците, кои веќе имаат изречена условна казна. Федерацијата на БиХ е казнета со вкупно 50.500 евра по натпреварот против Полска, одигран на 5 октомври. Причините за казната вклучуваат расистички извици, употреба на ласери и пиротехника, фрлање предмети на теренот и доцнење на екипата. Исто така, изречена е мерка за затворање на пет отсто од капацитетот на стадионот, но оваа мерка е условна во следните две години. Хрватската федерација ќе треба да плати 57.000 евра поради инцидентите на натпреварот против Шпанија на 6 октомври. Казните се однесуваат на употреба на пиротехника, блокирани премини и други прекршоци на трибините. Делумното затворање на стадионот, кое опфаќа 20 отсто од капацитетот, исто така е условно во траење од две години. Според истиот извор, Унгарија е казнета со 77.578 евра по гостувањето во Украина. Поради расистичко однесување, активирана е условната казна изречена во октомври 2024 година, па така федерацијата нема да може да продава билети за еден натпревар на гостински терен. На Унгарците им е изречена нова условна забрана за продажба на билети за гостувања, како и парични казни за употреба на пиротехника, фрлање предмети, непочитување на националните химни и оштетување на стадионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРадев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциитеБугарскиот премиер Румен Радев го изненади Брисел утринава со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин, и покрај западните санкции против Москва.„Знаете кој е нашиот проблем во моментов во европа? Високите цени на горивата. Секој чекор за намалување на цените на горивата и за гарантирање на нашата конкурентност, го цениме“, рече Радев по пристигнувањето на дводневниот самит.Неговите коментари го доведоа во конфликт со неговите колеги лидери на ЕУ, кои остро го осудија договорот како ризичен, опасен и погрешен. „Многу жалиме за овој договор за дизелот. Очигледно не е многу голем дел, но сепак е во погрешна насока“, рече шведскиот премиер Улф Кристерсон. „Секој чекор сега за да им се помогне на Русите да го зголемат финансирањето на војната е лош знак. Затоа, ние цврсто се држиме до ставот на Зеленски.“рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на средби на средби со Бо Ли и високи претставници на ММФФискалната дисциплина и поддршка на економскиот раст се клучните приоритети на кои работиме.Министерството за финансии вложува напори и спроведува активности кои се во насока на имплементација на реформите во доменот на упраувањето на јавните финансии и спроведување дисциплинирана фискална политика со постепено намалување на буџетскиот дефицит, а при тоа да не го загрози растот. Тоа ја носи државата напред и создава услови за подобар животен стандард на граѓаните. Ова беше истакнато од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на состаноците со високи претставници на ММФ во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ што годинава се одржуваат во Бангкок, Тајланд. На состаноците со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, министерката истакна дека клучен приоритет за Владата и Министерството за финансии е да се оствари определбата за фискална консолидација на среден рок согласно Фискалната стратегија и истовремено да поттикнеме повисок економски раст. „Во моментов во Министерството за финансии се подготвува Буџетот за 2027 година, а веќе во собраниска процедура е Ребалансот на Буџетот за 2026 година. Особено сме внимателни во управувањето на јавните финансии, имајќи предвид дека со соочуваме со голема неизвесност и потребата од преземање мерки за заштита на стандардот на граѓаните, но и поддршка на бизнисот. Во таа насока со Ребалансот правиме интервенции и на приходната и расходната страна со цел да ја задржиме фискалната дисциплина и да не предизвикаме притисок врз буџетскиот дефицит“, рече министерката.При тоа додаде дека буџетскиот дефицит останува во рамки на проекцијата и е насочен кон реализација на развојните политики на Владата, односно поддршка на големите инвестициски проекти. Ова, според министерката, особено е важно за поддршка на економскиот раст и продолжување на овој тренд на стапки на раст од над 3% во изминатите две и пол години. На состаноците беше наведено дека во вториот квартал од 2026 година, БДП забележа годишен раст од 4,3%, што претставува највисок раст во постковид-периодот. Тоа го потврдува продолжувањето на позитивните економски движења и отпорноста на домашната економија во услови на неизвесност во глобалното економско опкружување. Растот во првиот квартал изнесуваше 3,1%, со што растот во првата половина од годината достигна 3,7%. Особено е важно дека еден од факторите на кои се темели е високиот раст на бруто инвестициите, поддржани преку Буџетот. Исто така, согласно Фискалната стратегија 2027-2031, бруто инвестициите ќе продолжат да бидат еден од главните двигатели на економскиот раст. Создавањето предуслови за нов циклус економски раст преку реализација повисоко ниво на капитални инвестиции, постепена фисклана консолидација и унапредување на упраувањето со јавните финансии се основните цели на Фискалната политика за периодот 2027–2031 година. Истовремено, спроведувањето на фискалната консолидација создава основа за заачувување стабилноста и одржување одржлив и инклузивен економски раст. Во овој контекст потенцираше министерката дека буџетскиот дефицит согласно среднорочните проекции ќе се спушти на 2,8% во 2029 година. На состаноците се осврнавме и на пензискиот систем во земјава при што од страна на ММФ беше изразен интерес за поставеноста на вториот пензиски столб. Ова прашање особено ќе биде во фокусот на следната Мисија на ММФ планирана за ноември во Македонија. Ова е и во контекст на прегледот на јавните расходи (Spending Review) од страна на Светска банка во кој е опфатено и прашањето на пензискиот систем, а со цел да се обезбеди подетална анализа на состојбите и унапредување на неговата одржливост. На состанокот беа поздравени напорите на Владата за спроведување фискална консолидација и беше истакнато охрабување да продолжи со реформите кои ќе го зајакнат управувањето и ја зголемат отпорноста на јавните финансии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook