Милошоски: СДСМ да прифати помилувани политичари да не можат да вршат државна или јавна функција

Во овој момент имаме двајца аболицирани политичари кои што се занимаваат со политика, тоа е премиерот Заев и вториот е државниот секретар во министерството за локална самоуправа од Струмица .

Денешната прес конференција ќе биде на тема поврзана со автентичното толкување, кое што ќе повторам, вчера СДСМ имаше шанса да усвои какво сака автентично толкување, без да има опструкција од било кого во собраниската комисија за законодавни правни прашања. Но очигледно е дека во последен момент, некој подобар правник од министерката Дескоска им укажал дека доколку усвојат автентично толкување дека Членот 11 не постои истото толкување ќе мора законски да се вгради односно поништи Членот 11 во законот за помилување од 1993 година па наваму. И во тој случај единствениот дежурен политичар корисник на политички помилувања господинот Заев ќе паднеше повторно на суд, односно ќе мораше да биде отворен случајот Глобал за кој што аболицираниот Заев беше помилуван во 2008 година.

Затоа ги повикуваме уште еднаш, за да нема во иднина злоупотреба на било какви аболиции за политичари да ја прифатат иницијативата за надополнување на Законот за помилување и Законот за избрани и именувани функционери, каде што политичари кои што се помилувани нема да имаат можност да се занимаваат со политика или друга државна или јавна функција.

Во овој момент имаме двајца аболицирани политичари кои што се занимаваат со политика, тоа е премиерот Заев и вториот е државниот секретар во министерството за локална самоуправа од Струмица кој што исто така беше помилуван за случајот Глобал, во 2008 година.

Сметаме дека на ваквиот начин ќе може не само да се реагира во денешно време и да се превенира злоупотребата на политиката за аболиции туку ваков еден законски текст и измени би влијаеле превентивно и воспитно во иднина да не можат политичарите да очекуваат аболиција за нешто што го направиле како криминално дејствие во текот на нивното вршење на функцијата.

Втората работата што сакам денес да ја истакнам е конфузијата која што постои во правниот тим на СДСМ. Во 2016 година кога Уставниот суд одлучувал за поништување на дел од измените на Законот за помилување од 2009 година имаме четворица уставни судии кои што имале издвоено мислење, не се согласувале со одлуката на Уставниот суд.

Тие четворица судии се г-ѓа Габер Дамјановска, член на СДСМ, функционер на СДСМ, моментално директор на Академијата за судии и јавни обвинители, г-динот уставен судија Исмаил Дарлишта, г-ѓата судија Гзиме Старова, по предлог на претседателот Црвенковски е избрана за уставен судија, и г-динот судија денес претседател на Уставниот суд Сали Мурати. Овие четворица уставни судии во 2016 година во издвоеното мислење тврдат дека уставниот суд со укинувањето на дел измените на Законот за помилување од 2009 година го враќаат во правна сила Членот 11 врз основа на кој претседателот на државата може по своја оценка, а по интерес на републиката да носи поединечни акти за помилување.

Затоа нашето главно прашање до СДСМ е кој го води правниот тим во оваа политичка партија каде што колку што има функционери и правници толку има различни мислења. И оваа правна конфузија во владејачката партија навистина е непотребно да ја внесуваат како правна несигурност во целата држава, а со самото тоа да создаваат и правна несигурност на граѓаните на судовите и на другите институции кои што треба да се занимаваат со вакви важни материи.

Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

Иранската државна телевизија објави дека хеликоптерот, со кој се превезувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“.

Телевизијата не соопшти детали за инцидентот, само дека спасувачи се обидуваат да стигнат до хеликоптерот со кој се превезуваа Раиси и други функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Раиси патувал во иранската провинција Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Сафади: Јордан бара меѓународна истрага за можни воени злосторства во Газа

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска соопшти дека неговата земја бара меѓународна истрага за наводните бројни воени злосторства извршени за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Сафади, кој денеска во Аман се сретна со шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини, на заедничката прес-конференција рече дека одговорните за документираните злосторства треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Минатиот месец, Советот за човекови права на Обединетите нации усвои резолуција со која Израел се повикува на одговорност за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

За резолуцијата гласаа 28 земји, 13 беа воздржани, а шест гласаа против резолуцијата, вклучително и САД и Германија.

Резолуцијата ја нагласува „потребата да се обезбеди одговорност за сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за заштита на човековите права со цел да се стави крај на неказнивоста“. /МИА

Пронајдени мигранти од Ирак и Турција

Полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тројца мигранти, двајца од Република Турција и еден од Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Мигрантите се пронајдени рано утрово, во 02.15 часот, на автопатот А1 кај Неготино по што се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за натамошна постапка.

притисни ентер