МакедонијаМилошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети испорачува за бандата и криминалцитеКадарот на Филипче, Заев и Ахмети испорачува за бандата и криминалците, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра.Шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој одработува за Филипче, Заев и Ахмети, односно за СДС и ДУИ, донесе контраверзна наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 милиони евра. Ислам Абази, соседот на Али Ахмети од Зајас, си ја одработува добиената функција шеф на ОЈО ГОКК, и по насока на триото Филипче, Ахмети и Заев, донесе одлука да се запре судска постапка во која осомничени меѓу другите беа и членот на СДС и бегалец од правдата Васко Ковачевски, и синот на пратеник од ДУИ, Асмир Јахоски и Ратко Капушевски. Целата јавност во овој скандалозен случај, виде перење на пари, криминал и труење на животната средина, само Ислам Абази не виде ништо. Постапката е запрена. Бегалецот е слободен. Довербата во правосудството од 2 проценти, со обвинители како Ислам Абази ќе падне и на 1 процент. Пред неколку часа дознавме дека постапката против Васко Ковачевски и другите, за набавка на мазут е запрена. Обвинителството вели дека немале докази, но зарем бегството на Васко Ковачевски не е доказ или силна индиција дека осомничениот бега од правдата? Ковачевски не е во Македонија. Побегна кон крајот на 2024 година и оттогаш за органите на прогонот не е достапен. И наместо тоа да биде дополнителна индиција и мотив Обвинителството да го води овој случај, за обвинителот Абази тоа стана решение да го затвори овој случај. Нема присутен обвинет, нема водење на постапка, особено не ако припаѓаат на спонозорите на Ислам Абази. Ова е трагичната шема по која работат остатоците од власта на СДС и ДУИ во судството и обвинителството. Да потсетиме дека Антикорупциската комисија утврди дека на фирмата РКМ и биле платени повеќе пари за помалку доставен мазут. Дури 18 илјади тони помалку мазут е скапо наплатен. Парите отишле во нечии џебови, а Мазутот не дошол. Дали дел од тие пари отишле кај менторите на Ислам Абази како обвинител? Сега ни кажуваат дека нема штета. Дека сè било законски исклучок. Дека енергетската криза оправдувала секаква постапка. Но ниедна енергетска криза не оправдува анекси кои менуваат услови во корист на ист добавувач и плаќање на недоставен мазут. Денес поставуваме три прашања за кои очекуваме одговор: Прво, зошто Ислам Абази одлучи да ја запре оваа постапка и врз основа на чија проценка? Дали проценката е правна или лукративна? Второ, зошто запирањето дојде токму сега, додека Ковачевски е надвор од земјата и е недостапен за органите на прогонот? И трето, дали некој воопшто го побарал сведочењето на сите засегнати страни пред да се донесе оваа контраверзна и лукративна одлука? Ковачевски треба се врати. Да одговара. Ако е невин, нека го докаже тоа пред судовите, а не преку бегство и лукративно затворање на овој предметот. Ние нема да го затвориме овој случај само затоа што Ислам Абази одлучи на контроверзен начин да го затвори ова досие. ВМРО-ДПМНЕ го повикува шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, веднаш да поднесе оставка, и да ја остави работата на професионалците, коишто поради таквите обвинители како него, не можат да дојдат до израз во правосудството. Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook