Милошоски: Две тајни коалиции за овие избори - Канал 5

Милошоски: Две тајни коалиции за овие избори

Левица во координација со ДУИ за Струга и Тетово, во Карпош Заев и Филипче договорени со Јакимовски за маркици и тендери.

Милошоски: Две тајни коалиции за овие избори

Овие избори ги сојузија едни од најголемите манипуланти и штетници во Македонија против ВМРО-ДПМНЕ во две не толку видливи но сепак проѕирни коалиции, коишто имаат за цел да зашитат два бизнис интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го објавува интегрално.

Првата коалиција е коалицијата помеѓу ДУИ и Левица. Левица извади свои прокси кандидати во Струга и во Тетово, се со цел за да го спасат ДУИ од пораз во прв круг во овие две општини.

Тоа е истата онаа Левица и истиот Апасиев, кои го помагаа СЈО за дебели хонорари.

Апасиев нема кандидат во Штип, каде што има пратеник Крмов, затоа што знае дека ќе изгуби. Апасиев нема кандидат во родниот Велес, затоа што знае дека ќе биде поразен, но во Струга и во Тетово, каде што на сите им е јасно дека немаат ниту теоретски шанси, Левица има кандидати за градоначалници коишто треба да служат како гума за спасување на кандидатите на Али Ахмети.

Пратеничката Јована Мојсоска имала средба со висок претставник на коалицијата на Ахмети, неколку дена пред да ја поднесе својата кандидатура за Струга. Дали се работи за истата Левица којашто за СЈО работеше за хонорари, и сега продолжуваат да шуруваат со Ахмети за одредени хонорари, времето набрзо ќе покаже.

Но еднаш дека им помагал и им делел хонорари спомна токму претходниот премиер Заев, којшто кажа дека имале заедничка цел да работат против ВМРО-ДПМНЕ, на парламентраните избори коишто Заев ги изгуби.

И оваа коалиција е коалиција за заштита на бизнисите на ДУИ. А Левица повторно е тука за нечии туѓи интереси, за некоја позиција, и за одреден паушал.

Втората коалиција е коалицијата помеѓу Венко Филипче и Стевчо Јакимовски којшто се наоѓа на црната листа на САД. Оваа коалиција ја прави лично Зоран Заев во име на Венко Филипче, бидејќи Зоран Заев и Стевчо Јакимовски се стари другари од едни претходни локални избори, имаат добро разработена шема со градежната мафија и со доделувањето на маркици во општина Карпош.

Во оваа коалиција гледаме дека кандидатката на СДСМ е кандидирана само ради реда, не се ни појавува на одредени митинзи, не се ни појавува ниту во јавност.

Кандидатката на СДСМ е буквално пуштена низ вода, да фигурира на гласачкото ливче, но насоката на Заев преку Венко Филипче е членовите и симпатизерите на СДСМ во општина Карпош, да гласаат за Стевчо Јакимовски, при што ниту на Заев ниту на Венко Филипче не им пречи што Стевчо Јакимовски има првостепена осуда, ниту им пречи што е на црната листа на САД.

Имаат разработено шема на маркици, коишто Јакимовски ги дели, поддршката од одредени актери од урбаната мафија сметаат дека ќе им биде од корист и Стевчо Јакимовски се разбира го има усовршено методот на бетонизација за профит и тоа го спојува со Заев и Филипче, она што претходно долго време го правеа на ниво на општина Струмица.

Планот е во иднина Карпош да му послужи и на Заев и на Филипче, но исто така и на Стевчо Јакимовски, да биде базата од каде што ќе се финансираат овие поединци, групи и нивните политички опции, преку коишто треба во иднина да делуваат.

Затоа проѕирна е коалицијата на Заев, Јакимовски и Венко Филипче, бидејќи маркиците за градба, тендерите, корупцијата им се побитни од владеењето на правото, и почитувањето на црната листа на САД, иако зборуваат за евроатлантски интеграции и стратешко партнерство со Америка.

Во секој случај, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата има доволно силен потенцијал, граѓаните на Карпош се свесни и зрели и сметам дека овие политичари особено оние коишто се на црната листа, а и Зоран Заев којшто се обидува во Карпош да наметне и да определи кој ќе биде градоначалник ќе ги испратиме во политичка пензија.

YouTube video

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бразил и Барселона се договорија за Рафиња!

Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено.

Бразил и Барселона се договорија за Рафиња!

Бразилските медиуми пишуваат дека предводникот на шпанскиот шампион, Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено, односно дека тој ќе добие минутажа на споменатите натпревари.

Бразил ќе игра против Јапонија, а потоа ќе се соочи со Сингапур. За напаѓачот на Барса претстои патување со авион во должина од околу 22.000 километри во двата правци, а со оглед на тоа што од последните три репрезентативни собири тој се враќаше повреден, јасно е од каде доаѓа загриженоста и немирот кај стручниот штаб.

„Шпанскиот клуб и Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) веќе се договорија за деталите околу минутажата на Рафиња, со цел тој да се врати здрав и да се минимизира ризикот од трета последователна повреда за време на настапите за националниот тим“, пишува „Глобо Еспорте“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Децата кои консумираат повеќе ултра-преработена храна покажуваат поинакви мозочни реакции на неа

Според студија објавена во списанието „JAMA Network Open“, децата кои консумираат повеќе ултра-обработена храна може да покажат посилни мозочни реакции кога гледаат слики од примамлива храна.

Децата кои консумираат повеќе ултра-преработена храна покажуваат поинакви мозочни реакции на неа

Во истражувањето учествувале 46 деца на возраст од 7 до 10 години, кои биле дел од долгорочната студија „BrainChild“, која го испитува ризикот од дијабетес и дебелина.

На почетокот на студијата, сите деца имале здрава телесна тежина. Истражувачите извршиле магнетна резонанца (МРИ) на мозокот на децата додека тие гледале слики од примамлива храна, како што се колачиња и помфрит. Исто така, биле собрани податоци за нивната исхрана, индексот на телесна маса (ИТМ), процентот на телесни масти и обемот на половината.

По една година, истражувачите повторно ги измериле ИТМ, процентот на телесни масти и обемот на половината кај децата. Резултатите покажале дека децата кои консумирале повеќе ултра-преработена храна покажувале поголема активност во дорзалниот стриатум – мозочен регион поврзан со наградување и мотивација – кога гледале слики од храна.

Истражувањето продолжува

Зголемената активност во овој регион, исто така, била поврзана со зголемување на ИТМ и процентот на телесни масти во текот на следната година. Понатаму, истражувачите откриле дека земањето предвид на разликите во мозочните реакции на сликите од храна ја намалило забележаната поврзаност помеѓу консумирањето ултра-обработена храна и ИТМ за 31%. Поврзаноста со процентот на телесни масти се намалила за 44%. Наодите од истражувањето сугерираат дека реакцијата на мозокот на храна може делумно да ја објасни врската помеѓу консумирањето ултра-преработена храна и зголемувањето на телесната тежина. Студијата не може да докаже дека ултра-преработената храна директно предизвикува промени во мозочната активност или доведува до зголемување на телесната тежина, бидејќи таа само ги набљудувала постоечките обрасци.

За подетално да ја истражат оваа поврзаност, истражувачите планираат да спроведат интервентна студија во која децата што редовно консумираат ултра-обработена храна ќе бидат поттикнати да преминат на помалку обработена храна. Потоа, истражувачите ќе испитаат дали нивните мозочни реакции на сликите од храна се менуваат и дали тие промени се поврзани со помал пораст на телесната тежина со текот на времето.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукаревска до Славески: Дали проверивте кој е вистинскиот сопственик на Алта банка?

„Половина милион луѓе го виделе ова видео и слушнале од телевизиска дебата дека името Алта доаѓа од Александар Вучиќ и Тамара, неговата втора сопруга, верувам сте го виделе и вие“- му рече Лукаревска на Славески: 

Лукаревска до Славески: Дали проверивте кој е вистинскиот сопственик на Алта банка?

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, му презентираше видео на гувернерот Трајко Славески.

„Половина милион луѓе го виделе ова видео и слушнале од телевизиска дебата дека името Алта доаѓа од Александар Вучиќ и Тамара, неговата втора сопруга, верувам сте го виделе и вие“- му рече Лукаревска на Славески:

„Може ли еден ситен сопственик на една менувачница да стане милијардер? Може, ако татко на таа банка е Александар Вучиќ. Сега ќе кажам една атомска бомба од извори од Белград. Што е тоа Алта – Александар и Тамара, втората жена на Вучиќ“, се наведува во видеото.

Лукаревска отвори прашања за издадената согласност за купување на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка АД Белград, посочувајќи дека постојат сериозни сомнежи во однос на репутацијата на сопственикот и исполнувањето на законските услови.

„Имате издадено согласност за купување на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка АД Белград на лице кое не поседува репутација, со што се загрозува сигурноста на банката, кршејќи го Законот за банки“, рече Лукаревска.

Таа посочи и на постапувањето на Европската централна банка во врска со поврзани лица на сопственикот на Алта банка, наведувајќи дека во август 2024 година биле изречени мерки за одземање на управувачките и гласачките права во Адико банка, како и парични глоби и забелешки за транспарентноста на сопственоста и потеклото на средствата.

„Решението за купување на Стопанска банка АД Битола е ваша одговорност во загрозувањето на работењето на банката спротивно на закон, спротивно на забелешките од австрискиот надзорен орган на финансискиот пазар“, нагласи Лукаревска.

Таа го отвори и прашањето за информациите за приведувањето и истрагата против официјалниот сопственик на Алта банка, Давор Мацура, кој, според нејзините наводи, е и член на Надзорниот одбор на Алта банка Битола.

„Официјалниот сопственик на Алта банка, Давор Мацура, е приведен во Србија, има истрага, се споменуваат 380 милиони евра, а тој е воедно и член на Надзорниот одбор на Алта банка Битола. Дали проверивте кој е вистинскиот сопственик на Алта банка?“, праша Лукаревска.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер