Милошоски до Османи: Зошто не кажете што содржи тој Нон пејпер ?

Зошто не кажете што содржи тој Нон пејпер кој што сте го испратиле во декември во Софија?

Она што јас сакам да го упатам како критика на ваквиот пристап кој според мене е провизорен повеќе е формален, а во него има помалку суштина. Министерот Османи збореше да изградиме заеднички позиции, збореше за зрелост, почит и меѓусебна доверба. Како ние да имаме доверба како пратеници кои што ги избрал народот, пратениците ја избрале владата а владата не сака со нас да сподели еден Нон пејпер кој што во декември бил испратен во Софија, праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната собраниска комисија за надворешна политика.

Како да ги изградиме тие позиции во кои што вие сте го напишале вашето мислење, стручно лице го дополнило тоа мислење а вие не ни давате ниту право, ниту доверба како пратеници да дадеме сугестија за тој Нон пејпер кои што сакаме да биде во согласност со Декларацијата која што ова собрание ја усвои. Нас државата ни дава полна доверба со тоа што ни дава државни сертификати да имаме достап до секоја државна тајна, колку и да е класифициран тој документ, и ако државата ни дала доверба, тогаш зошто еден политичар кој што води државна институција, да не ни дава доверба. Еве можеби вие немате доверба во мене, можеби Никола Димитров нема доверба во вас, можеби граѓаните немаат доверба во владата, но зошто вие да немате доверба во пратеници на СДСМ и ДУИ, и тие се пратеници и ве гласале, со нив барем да споделите што има во тој Нон пејпер, вели Милошоски.

Вие сега правите нов преседан каде што потврдувате дека има документ, дека истиот е неформален, е работна верзија, а ја ускратувате можноста пратеници во таа работна верзија да го дадат својот придонес, и мислам дека тоа е потценување на зрелоста, почитта и на довербата кон пратеници за која вие зборевте, додаде тој.

Милошоски истакна дека одлуката за преговори била условен бидејќи како што рече тој денеска немаше да се разговара на оваа тема, додавајќи дека Бујар Османи, Никола Димитров и Оливер Спасовски како тогашен технички министер на прес конференција пред македонската јавност изјавиле дека одлуката е без услов.

Втора работа која што сакам да ја спомена е зборевте за одлуката од март 2020 година за почеток на преговорите. Но, кога таа одлука беше донесена вие лично на прес конференција пред македонската јавност со Никола Димитров и Оливер Спасовски како тогашен технички премиер кажавте дека одлуката е без условна, а гледаме дека сега има 5+1, 3+1, 2+1 имаме услови кои што задираат дотаму што одат до Уставот на Република Македонија кој што е темел на политичкиот суверенитет на една држава, појасни Милошоски.

Милошоски вели дека тенка е линијата помеѓу разговори и преговори, посочувајќи дека приоритет на власта е да опстане на власт и може да влезат да разговараат за идентитетот и јазикот, прашувајќи зошто доколку има добра волја од страна на Бугарија не се прифати да се потпише договорот помеѓу Македонија и Фронтекст.

Третата поента е по однос на идентитетот и јазикот. Вие велите дека не преговараме за идентитетот и јазикот но има разговори. Штом има разговори, тенка е линијата помеѓу разговори и преговори, може да се направи политички притисок, гледаме дека владата си има свои зацртани цели, главниот приоритет е опстанувањето на власт и може тој приоритет да ве наведе да влезете и во преговори, нагласи Милошоски.

На крајот од краиштата ако има добра волја и ова е за интерес и на Македонија и на Бугарија и на Европската унија, тогаш зошто новата бугарска влада ако има навистина поинакви гледишта не прифати да го потпише Договорот помеѓу Македонија и Фронтекст, вели Милошоски.

Милошоски истакна дека ова е трет меморандум кој што се потпишува од стана на македонската и бугарската страна за изградба на Коридор 8.

Ова е трет потпишан меморандум за Коридор 8, но вашата влада не може да го заврши Блаце пет години, вашата влада не може автопатот Кичево Охрид Струга и сега потпишале меморандум за Коридорот 8, одлично е тоа, но вашите дела не, не уверуваат дека може да се постигне она што се потпишува како декларација, дециден е Милошоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер