ЗабаваМилошевски: Судиската неправда од дуелот со Шпанија нека биде мотив за победа над ИсландГенералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски се огласи пред денешниот дуел со Исланд на кој „црвено-жолтите“ ќе се обидат да останат непоразени и да го задржат третото место на табелата. - Вчерашниот натпревар против Шпанија беше одраз на борбеноста, решителноста и вистинскиот квалитет на нашата селекција. Видовме издание на Македонија кое е беше за почит! За жал, неколку непринципиелни одлуки на судиите досудени по специфични критериуми доведоа до пресврт во последната четвртина од натпреварот. Секоја чест на нашата репрезентација за начинот на кој се справи со сите овие испади на натпреварот со Шпанија, но мораме да се фокусираме на денешниот важен меч со Исланд! Нека оваа неправда биде мотив повеќе да се прикажеме во уште подобро светло, онака како што знаеме и можеме, изјави Милошевски. Македонските ракометари од 17:45 часот играат со Исланд во дуел од 5.коло група Б на Светското првенство во Франција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Малешевска прженицаВо среда (18.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Горан Симевски.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. свинско месо (или џимиринки) 1 - 2 страка праз 3 суви пиперки 1 парче сирење малку буковка масло сол и др. зачини по избор За украсување: 2 лажици кисела павлака магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМал авион се урна во САД, меѓу загинатите има и децаШест лица, меѓу кои и две деца, загинаа во авионска несреќа што се случи вчера во близина на брегот на Мисисипи, потврди Крајбрежната стража на САД. Авионот паднал во Мексиканскиот Залив, пренесува Би-Би-Си. Се урнал во морето, нема преживеани. Според сервисот за следење летови „ФлајтАвер“ (FlightAware), станува збор за мал авион од типот „Цесна 210“ (Cessna 210), кој летал од Њу Орлеанс кон Форт Мајерс, Флорида. Контролата на летање изгубила контакт со леталото околу 15:45 часот по локално време, а надлежните соопштија дека несреќата се случила во областа помеѓу градот Паскагула и островот Хорн. Портпаролот на Крајбрежната стража, Хуан Рос, изјави дека спасувачите со часови трагале по патниците. Првично, на површината на морето пронашле само три појаси за спасување, сплав и делови од кабината. Подоцна, нуркачи ги откриле телата на четворица возрасни и две момчиња – на возраст од осум и десет години – во трупот на леталото. 🇺🇸 UPDATE: LIFE JACKETS, LIFE RAFT, and CABIN located after Mississippi plane crash A Cessna 210 flying from New Orleans to Fort Myers suddenly lost altitude about 30 minutes after takeoff. Flight data shows the aircraft descending from 8,800 feet at a staggering 18,000 FEET PER MINUTE. It was just south of Pascagoula, Mississippi, before its signal disappeared. The Coast Guard was alerted around 3:45 p.m. local time today after the FAA lost contact with the aircraft. Search crews have since recovered 3 LIFE JACKETS, a LIFE RAFT, and the PLANE CABIN near Horn Island, a remote island off Mississippi's coast. Four adults and 2 children were reportedly aboard. Source: CNN, Flightradar24 / Writer: Marie https://t.co/Vm1xmFK6tM — Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 25, 2026 Командантот Тревор Блаунт, координатор на спасувачката операција на Крајбрежната стража, го коментираше исходот од потрагата. „Иако ова не е исходот на кој сите се надевавме, благодарни сме за одличната соработка меѓу сите вклучени служби. Тоа ни овозможи брзо да ги лоцираме патниците и на семејствата да им пружиме барем некаков мир“, рече Блаунт.Тагови: авионска несреќа САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаБерокал нема дилеми: „Македонија оди по нова победа и чекор кон Евробаскетот“!Селекторот на Македонија Жозеп Марија Берокал бара максимална сериозност и дисциплина, а секоја победа е чекор поблиску до следната рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029.Македонската сениорска репрезентација ја очекува важен натпревар против Кипар, втор во втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. По победите над Австрија на стартот од овој циклус, двете селекции влегуваат во меѓусебниот дуел со дополнителен мотив, свесни за значењето на бодовите во трката за пласман во следната фаза. Селекторот Жозеп Марија Берокал е свесен дека нема простор за опуштање и бара максимална сериозност и дисциплина од своите избраници. Шпанскиот стратег нагласува дека секоја победа ја приближува Македонија до поставената цел, но предупредува дека Кипар е квалитетен противник кој заслужува максимален респект. „Ништо не е готово во оваа фаза од претквалификациите. Секоја победа секако нè носи поблиску до целта, па затоа сме фокусирани на тренинзите и подготовките за следниот меч. Го анализираме тимот, опциите што ги имаме, работиме на деталите, а истовремено ги следиме и играчите кои имаат ситни повреди. Кога ќе се комплетира ростерот со Димитријевиќ и Мозес, ќе биде подобро за подготовка и ќе можеме сите да работиме заедно. Мора да бидеме паметни, секој да даде сè од себе на теренот, затоа што овој меч со Кипар ни е многу важен. Тоа е шанса да бидеме поблиску до целта, а тоа е пласман во следната рунда. Мора да одиграме сериозен натпревар“, истакна Берокал. Селекторот се осврна и на предизвиците во работата со националниот тим, потенцирајќи дека неговата обврска е да го извлече максимумот од играчите кои му се на располагање. „Мора да се адаптирам како тренер на сите играчи и да си ја вршам работата со оние што ги имам на располагање. Сега ги имам играчите кои ги имам и мора да се приспособиме на тоа. Лично, само си ја работам работата и го давам најдоброто од себе за да имаме резултат. Можам само да ветам максимална професионалност од сите што се дел од националниот тим, почнувајќи од мене“, порача селекторот на Македонија. Говорејќи за противникот, Берокал издвојува неколку квалитети на кипарската селекција, особено разновидноста во играта и можноста на кошаркарите да покриваат повеќе позиции. „Кипар е добар тим, има шутери, играчи кои можат да играат на повеќе позиции и да се ротираат. Имаат талент во тактичкиот дел и ги гледаат работите на различен начин. Не го знаеме нивниот конечен ростер, затоа што често се менуваат работите во овие ФИБА-прозорци. Она што го посакувам и го барам е максимално сериозен и дисциплиниран натпревар од мојот тим“, заклучи Берокал. Натпреварот Македонија – Кипар се игра во четврток (26 ноември), со почеток во 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за нашите кошаркари во обидот да стигнат до нова победа и да направат важен чекор кон следната рунда - квалификациите за Евробаскетот 2029.Тагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook