Милиони Европјани со инвалидитет нема да може да гласаат на изборите за ЕП

Милиони европски гласачи со инвалидитет нема може да гласаат на изборите за Европски Парламент во мај , соопшти денеска Европскиот економски и социјален одбор.

Според извештајот , околу 800 000 гласачи низ Европа нема да може да излезат на избортие за новиот состав на ЕП ,зашто им е одземено гласачмкото право поради загуба на правна способност, додека многу поголем број нема да гласаат поради различни технички и правни препреки.

Од одборот се загрижени зашто во девет земји членки на ЕУ лицата без правна способност автоматски го губат гласачкото право, а во седум земји за тоа решаваат судовите или докторите. Додека во некои земји оваа загуба на правото се однесува на тешко болните и неподвижни лица, во други земји лицата со инвалидитет се подвргнуваат на тестови , за да може да се покаже дека се способни за гласање и покрај физичкиот инвалидитет. Така , меѓу прашањата , кои треба да ги одговорат точно , овие лица треба да знаат која е брзината на светлоста или пак која била царицата Катерина.

Авторот на извештајот, Кшиштоф Патер спровел две анкети и вели дека податоците ја покажуваат грдата страна на Европа, далеку од мешународните правни акти и политичките декларации.

Така , на пример во 18 држави не ЕУ , слепите лица нема да може да гласаат сами. Во половина од земјите членки , нема регулиран пристап за инвалидизираните лица до гласачките места , а само во Шпанија , Луксембург и во Германија , сите може да гласаат и по пошта. Во Австрија , Ирска, Полска, Словенија и Шведска , сите кои не може да дојдат на гласачките места ќе може да гласаат по пошта.

Затоа, пак во 12 земји на инвалидизираните гласачи им е забрането да одберат гласачки места што им се достапни според нивниот инвалидитет. Нема да гласаат ниту оние кои се во болница. Во Бугарија се отвора гласачко место само доколку има над десет гласачи, во Полска 1 , а во Италија 200.

Во Хрватска и во Германија ќе има мобилни гласачки места , што на денот на изборите ќе ги посетуваат болниците и другите институции. Во Белгија , Грција и во Луксембург , гласањето е задолжително со закон , освен во Луксембург за оние над 75 години.

Во Белгија , секој што нема да излезе да гласа ќе плати казна од 40 до 80 евра за првото изостанување , а за следното казната е поголема и изнесува од 80 до 200 евра. Во Луксембург првата казна е од 100 до 250 евра , а следните казни се од 500 до 1 000 евра за неизлегување на избори.

Во Грција нема парични казни , па сепак со закон е задолжително излегувањето на избори.

Убавата Ирина Шајк во потрага по ново момче!?

Руската убавица Ирина Шајк во последно време дефинитовно нема среќа во љубовта.

По разводот со актерот Бредли Купер, со кој има ќерка, убавата манекенка стапи во врска со познатиот НФЛ играч Том Брејди, но и таа врска не траеше долго и „пукна“, па сега Ирина е во потрага по ново момче.

Сексапилната манекенки наводно бара некој кој е познат, убав и има пари, изјави извор за „PageSix“.

Сепак, не е лесно Ирина Шајк да го пронајде вистинското момче кое ќе ги задоволи сите нејзини критериуми.

"Таа бара дечко, но има малку луѓе со кои излегува. Потребни ѝ се познати, згодни и богати.

Колку се такви, пет, десет", рекол извор кој сугерира дека новиот дечко на Ирина би можел да биде големиот холивудски заводник, актерот Том Круз, која неодамна раскина со атрактивната Русинка Елсина Каиров.

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Газа

Саудиските власти денеска повикаа на смирување на тензиите на Блискиот исток и предупредија на економските последици од војната во Појасот Газа, на отворањето на специјалната средба на Светскиот економски форум.

Дводневниот форум се одржува во Ријад во присуство на многу лидери и високи функционери, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестински претставници и високи дипломати вклучени во напорите за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

-Војната во Газа, како и конфликтите во Украина и на други места, вршат „голем притисок“ врз економското опкружување, изјави саудискиот министер за финансии Мохамед ал Џадан.

- Израел не е претставен на состанокот, додека преговорите за примирје со посредство на САД, Катар и Египет се во тек на други места, но настанот ќе биде можност за разговори со клучните играчи, рече саудискиот министер.

Блинкен утре ќе пристигне во Ријад каде што ќе „разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што овозможува ослободување на заложниците“, соопшти Стејт департментот.

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме, а општина Демир Хисар ќе добие средства од предвидените 250 милиони евра за општините за да може да се развива

„Денес ни е потребно единство за да можеме да испорачаме резултати. Денес ни е потребно единство за да може да донесеме развој, единство на сите граѓани за да може да донесеме подобро образование, подобра инфраструктура, да донесеме надеж која е изгубена кај граѓаните, заеднички со вас може да го направиме тоа и оние кои гласале за другите политички партии и не верувале, но и сите оние кои останаа дома повикајте ги, денес на Македонија сте и потребни сите, денес за да формираме влада која треба да испорачува на македонските граѓани. Затоа па од денес па до 8 ми убедете што повеќе луѓе да донесеме огромна победа за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“, истакна носителот на ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.

Тој истакна дека знаат како ќе испорачаат она што го ветиле за сите населени места.

„Ние знаеме како и ќе испорачаме за сите населени места тука. Ќе испорачаме со изградба на инфраструктура и ќе го направиме патот Кичево – Демир Хисар – Битола. Ќе направиме голем дел проекти заедно со градоначалникот затоа што ветивме дека општините ќе добијат 250 милиони евра и Општина Демир Хисар ќе добие средства за да може да вложува во Демир Хисар да се развива“, вели Сајкоски.

Тој продолжи и додаде:

„Ветуваме бидејќи знаеме како и можеме да донесеме нови инвестиции тука и нови работни места. Ќе направиме подобро образование, ќе ја вратиме надежта кај сите и заедно ќе донесеме подобра Македонија, ние ви укажуваме и ветуваме и обрзвуваме дека ќе се зголемат пензиите со 5,000 денари и основицата на сите пензионери. Земјоделците вистински ќе добијат 180 милиони евра ќе донесеме раст и развој, ќе донесеме голема надеж за Македонија, македонскиот народ, македонските граѓани и сите граѓани кои живеат во Македонија“, дециден е Сајкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер