Милионер, осуден на 150 години затвор , бара по 11 години да излезе на слобода - Канал 5

Милионер, осуден на 150 години затвор , бара по 11 години да излезе на слобода

Берзанскиот милионер,Американецот  Бернард Мадоф, кој беше осуден на 150 години затвор во 2009 година за најголемата финансиска измама во историјата, бара предвремено ослободување од затвор заради терминална болест.

Милионер, осуден на 150 години затвор , бара по 11 години да излезе на слобода

Во телефонско интервју за „Вашингтон пост“, 81-годишникот изјави дека е во последните фази на заболувања на бубрезите и бил пренесен во единицата за палијативна нега во Медицинскиот центар за затвори во Северна Каролина.

Адвокатот на Мадоф вчера поднесе предлог до судот за неговото предвремено „ослободување поради сожалување“. „Вашингтон пост“ објави дека затворската администрација признала дека неговите здравствени услови укажуваат дека тој има околу 18 месеци живот.

Мадоф отслужи 11 години од 150 години затвор што ги доби во 2009 година, откако се изјасни за виновен за 11 точки на обвинението, вклучително и перење пари и измама.

Финансиерот измами инвеститори за околу 65 милијарди американски долари во најголемата финансиска измама во американската историја.

„Нема лек за мојата болест“, ја цитираше Вашингтон пост изјавата на Мадоф.

"Па, знаете, oстарев. Јас стареам 11 години и да бидам искрен, страдав во тоа време", рече Мадоф.

Роден во скромно семејство во Њујорк, Мадоф изгради богатство од пирамидалната шема, која започна да пропаѓа во 2008 година кога финансиската криза ги погоди инвеститорите, кои си ги бараа своите пари назад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Бугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата.

Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23.

Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда..

Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер