Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
1Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
2БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
ЖивотМилијардерот кој бил најсреќен додека заработувал 12 долари месечноЖивотната приказна на најбогатиот Кинез се чини како идеално сценарио за филм, бидејќи Џек Ма поминал долго патешествие до титулата на еден од најуспешните претприемачи во светот, како што го нарекуваат медиумите. Во животот имал бројни падови – кога сакал да се вработи во полиција му кажале дека не е доволно добар, додека во „KFC” ги вработиле сите кандидати освен него. Иако неговите идеи, како системот за наплата Алипеј некои ја нарекле најглупавата идеја која некогаш ја имал, неговата визија и упорност сепак на крајот се исплателе и денеска на својата банкарска сметка има повеќе од 25 милијарди долари. Ма повеќе пати напомена дека големото богатство и милијардите долари на банковните сметки не значат и среќа, а за „Бизнис Инсајдер“ изјави дека најсреќен во својот живот бил во периодот од 80-тите години на минатиот век кога работел како професор во еден локален универзитет и кога неговата плата била само 12 долари месечно. „Тоа беше фантастичен период“, често знае да се присети на тој дел од својот живот, а на неодамнешното предавање во Њујорк изјави дека луѓето кои имаат милион долари се среќни. Со тоа мислеше на луѓето кои имаат “само“ милион долари бидејќи тие знаат како да управуваат и како да ги трошат парите, а кога ќе заработат десет милиони долари “тогаш почнуваат проблемите“. Милијарда долари носат само одговорност и означуваат “доверба која луѓето ја имаат во него“ и смета дека при трошењето на тие пари мора да се биде рационален. Исто така поради тоа богатство луѓето поинаку го гледаат и имаат превисоко мислење за него. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСветски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбинаСо вакцина против ХПВ може да дојдеме до целосно искоренување на ракот на грлото на матката и ако сега просекот на заболени е околу 120 жени годишно, од кои половина ја губат битката, тоа за една деценија може да стане минато. Ова е пораката на светскиот денот на Ерадикација на карциномот на грло на матка што преку Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари се одбележува и кај нас. Проф. д-р Глигор Тофоски вели елиминација или 0 заболени не е научна фантастика туку е достижна цел, со вакцинација против ХПВ до 15-годишна возраст. Матичните лекари и докторите од вакциналните пунктови апелираат за редовни прегледи и вакцинација, која се препорачува и за момчиња бидејќи и нив ги штити од други типови на карцином. Вакцината до 19 години е бесплатна, над оваа возраст една доза чини 8.000 денари. Опфатот на задолжителната вакцина е далеку од идеален, а најмал број на деца се вакцинираат во Центар, Карпош и Аеродром. Болестите што можат да се превенираат не треба да дозволиме да бидат наша судбина велат од Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Собранието одбележани 35 години од донесувањето на УставотДенеска, во Собранието, се одржа настан по повод – „35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав“, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државен архив.Прв свое воведно обраќање имаше претседателот на Собранието, Африм Гаши. „ 8 Септември 1991 година и 17 Ноемврии истата година се два неразделни настана во современата историја на државата, бидејки на првиот датум се одржа референдумот, а на вториот беше донесен Уставот на независна Македонија со што на најјасен начин беше изразена политичката волја на граѓаните и нејзината институционализација преку уставниот поредок. Со тој Устав, покрај политичкото прогласување на државноста, Македонија го дефинираше и својот државен идентитет и го задеде своето место меѓу суверените, независни, демократски и социјални држави, станувајки правна држава заснована на владеење на правото, човековите слободи и права, политичкиот плурализам и евроатлантската определба“ – истакна Гаши По говорот на претседателот Гаши, следуваше документарен филм „35 години од донесувањето на првиот Устав“ Директорот на Државниот архив, Димитар Богески, во своето обраќање истакна дека архивските извори претставуваат основа за разбирање на генезата на сопствената држава, нејзиниот политички и правен развој, како и сведоштво за историските процеси поврзани со независноста. Тој нагласи дека Државниот архив претставува институционална меморија на државата и значаен столб на правната сигурност и непреченото функционирање на државните органи. Директорот на ЈНУ Институт за национална историја, Митко Панов, во своето обраќање се осврна на историските случувања во текот на дваесеттиот век, посочувајќи го нивното значење за разбирањето на современите државни процеси. Притоа, ја истакна и важноста на денешниот настан, нагласувајќи дека „Уставот е темелна заштита на идентитетот и достоинството на граѓаните“. Претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, се осврна на својот личен придонес во процесот на донесувањето на Уставот, истакнувајќи дека тој бил усвоен со 92 гласа „ЗА“ и 22 „ПРОТИВ“, што, според неа, го потврдува неговиот цврст демократски легитимитет. Таа говореше и за уставните измени и промените низ кои Уставот поминал од неговото донесување до денес. Осврнувајќи се на значењето на Уставот во современото општество, претседателката го истакна неговото место како најважен општествен договор меѓу граѓаните, повикувајќи се на мислата на Жан-Жак Русо. Во рамки на денешниот настан ќе се одржат и панел-дискусии, како и меѓународен научен симпозиум, на кои учесниците ќе имаат можност да разменат научни сознанија, ставови и искуства, отворајќи дискусија за историските, правните и општествените аспекти на донесувањето на Уставот и неговото значење во развојот на државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Кузман Јосифоски- Питу“ ќе прими 280 студенти: Вселувањето најавено од февруари Од 1 февруари студентите ќе можат да се сместат во реконструираниот студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, кој располага со капацитет од 280 легла. Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави и распишување на оглас за сместување во наредниве денови, а право на сместување ќе имаат студентите кои ги исполнуваат предвидените услови. Обновата на домот е дел од поголем проект за реконструкција на девет студентски домови, вреден 86 милиони евра. Јаневска кажа и дека продолжуваат разговорите со студентите за воведување ваучерски систем за студентскиот оброк, а смета дека сумата што сега се извојува годишно е еквивалентна на вредноста на еден до два студентски дома. ,, Со сумата од 140 денари се издвојуваат помеѓу 16 и 17 милиони евра. Се уште чекаме одговор од студентите, но ние сме во постојана комуникација со нив и веќе од следната недела Министерството повторно ќе ги повика студентите на состанок за да видиме што конечно решиле, начелно го прифатија моделот.“ Во меѓувреме, претседателот на Собранието, Африм Гаши, ги покани студентите на ручек во собранискиот ресторан, откако беше побарано да им се овозможи да се хранат по истите цени што важат за пратениците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook