ФудбалМилевски пред дуелите со Италија и Малта: Мораме да функционираме како тим Милевски денеска на прес – конференција во Скопје ги изнесе своите очекувања од претстојните евроквалификациски дуели против Италија и Малта.Предводникот на македонскиот национален фудбалски тим Благоја Милевски денеска на прес – конференција во Скопје ги изнесе своите очекувања од претстојните евроквалификациски дуели против Италија и Малта, изразувајќи надеж за позитивни резултати и покрај проблемите околу составот. - Сакаме да покажеме дека Македонија е конкурентна и покрај проблемите со кои се соочуваме. Ќе го дадеме максимумот, момците ќе бидат подготвени за предизвикот и мислам дека атмосферата во националниот тим ќе биде добра и позитивна. Без разлика на резултатите, Македонија заслужува поддршка од трибините и се надевам дека стадионот ќе биде исполнет до последното место, изјави Милевски. Селекторот објави дека од првичниот список поради повреди отпаѓаат Марјан Радески, Дарко Чурлинов и Ваљон Етеми. Милевски нагласи дека треба сите комплетно да ја согледаат реалната слика на македонскиот фудбал, додавајќи оти „црвено – жолтиот“ тим не е фудбалска велесила, а високиот пораз од Англија треба да послужи како отрезнување. - Македонија може да биде добра само ако функционира како тим и наша должност е сите да се ставиме во функција на тимот, само така може да се надеваме на успешни настапи. Факт е дека постојано, освен со Португалија, секогаш ни недостасувале витални играчи, но ростерот е тој, изборот е тој, тоа е реалноста. Не сме фудбалска велесила. Тоа што ни се случи со Англија е можеби и добро, за да се спуштиме на земја и да почнеме од долу, да градиме тимски дух и тим, додаде Милевски. Македонските фудбалери на 9 септември во Скопје ја пречекуваат Италија, а три денови подоцна гостуваат во Малта во рамки на квалификациската група Ц за пласман на ЕУРО2024. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоИ утре сончево и релативно топло време, дожд од петок и за време на викендот Утре времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 14 Попова Шапка, 18 Крушево, 22 Претор, 23 Маврови Анови, Берово, Прилеп, Крива Паланка, Охрид, Виница, 25 Битола, Тетово, 26 Зајчев Рид, Штип, Велес, Кавадарци, 27 Скопје Петровец, Демир Капија, Струмица, 28 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен јужен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно со мала до умерена локална облачност. ВРЕМЕТО УТРЕ Утрото ќе биде ведро, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Услови за врнежи од дожд ќе има во западните планински делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 27 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре утрото ќе биде постудено, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во петок, во деновите од викендот и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат во пораст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРусија по мистериозната смрт: Нема ризик од епидемија на чумаРуската служба за здравствен надзор, „Роспотребнадзор“, денес соопшти дека не постои епидемиолошки ризик за населението во источносибирскиот регион Иркутск по смртта на вработена во локалниот институт за истражување на чума.„Роспотребнадзор“ го пријави случајот во Светската здравствена организација (СЗО), а лицата кои биле во контакт со починатата работничка биле тестирани за заразни болести. Резултатите не покажаа знаци на инфекција ниту присуство на опасни патогени. „Целосно се спроведени превентивни и противепидемиски мерки и не постои епидемиолошки ризик за населението во Иркутск или во регионот Иркутск“, соопштија од „Роспотребнадзор“. Сомнеж за чума по смртта на вработена во институтот Случајот привлече внимание бидејќи починатата била 28-годишна жена која работела во институт за истражување на чума. По нејзината смрт постоеше сомнеж за инфекција со чума, но руските власти тврдат дека во институтот не се случил никаков лабораториски инцидент. Според „Роспотребнадзор“, жената починала од пневмонија со непознато потекло, а во нејзините примероци не биле пронајдени микроорганизми поврзани со работата на институтот. За каква болест станува збор? Пневмоничната чума е една од најтешките форми на болеста предизвикана од бактеријата „Yersinia pestis“. Таа може да се пренесе преку респираторни капки, а третманот со антибиотици може да биде ефикасен доколку се започне доволно рано. СЗО побара информации за случајот од руските власти во согласност со Меѓународните здравствени прописи.Тагови: русија чума Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
Македонија25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животиПод слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Дваесет и пет години можат да се раскажат низ датуми, бројки и настани. Но вистинската приказна на СОС Детско село се раскажува низ животите што се промениле, децата кои добиле сигурност тогаш кога им била најпотребна, семејствата кои добиле поддршка да останат заедно и младите луѓе кои денес самостојно ја градат својата иднина. Во изминатите 25 години, СОС Детско село промени повеќе од 6.090 животи. Зад таа бројка не стои само статистика, туку илјадници лични приказни, различни почетоци, предизвици, успеси и нови можности. „Домот не е само куќа ниту покрив над главата, туку место во кое ги учиме лекциите за блискост, припадност и доверба. За многу деца и млади, токму ваков дом беше, е и ќе биде СОС Детско село“, - порача претседателката Сиљановска- Давкова, честитајќи го јубилејот и нагласувајќи дека вложувањето во децата е вложување во нивната, но и во нашата заедничка иднина. Денес СОС Детско село работи на превенција и зајакнување на семејствата, советување и поддршка на родители и деца, поддршка и развој на згрижувачките семејства, како и подготовка и поддршка на младите на патот кон самостоен живот. Во основата на сите овие услуги е една иста цел секое дете да расте во сигурна и поддржувачка средина и да добие вистинска можност да го развие својот потенцијал. „Кога велиме дека низ овие 25 години сме поддржале повеќе од 6.090 животи, зборуваме за илјадници надежи, предизвици, успеси и нови почетоци. Зад секоја од тие бројки има нечие име, нечие детство, нечија борба и нечија шанса животот да тргне во поинаква насока. Тоа е вистинското значење на овие 25 години и тоа е нашиот најголем успех“, истакна Јулијана Накова Гапо, национална директорка на СОС Детско село. Јубилејот беше и благодарност до сите оние кои низ годините ја граделе и поддржувале мисијата на СОС Детско село, згрижувачите и стручните тимови, институциите, компаниите, донаторите, партнерите, здруженијата, медиумите и пријателите на организацијата. Јубилејната вечер ги стави во фокус и луѓето зад мисијата. Преку лични приказни, музика и сценски изведби, програмата покажа што значи поддршката кога ќе стигне во вистинскиот момент. По 25 години, СОС Детско село со гордост гледа на изминатиот пат, но уште повеќе гледа напред, кон општество во кое секое дете ќе има сигурност, љубов, поддршка, чувство дека припаѓа и вистинска можност да верува во себе. Затоа што понекогаш е доволен еден човек да направи разлика. А кога цела заедница ќе одлучи да биде тука - МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ.Тагови: СОС Детско село Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08