Миле Ѓорѓијоски и Витомир Долински ќе настапат на „Сатира фест“ во Белград - Канал 5

Миле Ѓорѓијоски и Витомир Долински ќе настапат на „Сатира фест“ во Белград

Двајца македонски афористичари, Миле Ѓорѓијоски и Витомир Долински ќе настапат на 15. меѓународен фестивал за хумор и сатира „Сатира фест“, кој ќе се одржи денеска во Белград.

Миле Ѓорѓијоски и Витомир Долински ќе настапат на „Сатира фест“ во Белград
Овогодинешниот собир на најдобрите афористичари и сатиричари од Балканот и пошироко се одржува на тема „Беше еднаш еден лав“ посветен на 95-годишнината од раѓањето на големиот српски книжевник за деца Душан Радовиќ.

Како што истакна делчевскиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски, „Сатира фест“ е најзначајниот фестивал за хумор и сатира на Балканот.

На него учествуваат најзначајните автори од оваа област во регионот и пошироко. Учеството на овој фестивал не е само признание за авторите кои учествуваат туку и за хуморот и сатирата од каде што доаѓаат. Македонија оваа година, како и минатата ќе ја претставуваат сатиричарите Витомир Долински и Миле Ѓорѓијоски.

Овој фестивал го доделува и највисокото признание во областа на сатирата, а тоа е наградата „Златен круг“ за придонес во развојот на светската сатира, рече Ѓорѓијоски.

Добитници на оваа врвна награда во областа на сатирата се и македонските сатиричари Васил Толевски и Миле Ѓорѓијоски, а и двајцата се членови на Друштвото на писатели на Србија.

Инаку, во соработка со ЈЛБ „Илинден“ од Делчево, македонските сатиричари за време на својот рпестој во Берлград ќе донираат книгина библиотеката при Националниот совет на Македонците во Србија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. 

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

САД се залагаат за дипломатско решение на војната меѓу Украина и Русија, но без дијалог со Москва шансите за мирно решение се многу мали, изјави американскиот специјален пратеник Стив Виткоф по средбата со украинскиот претседател Зеленски во Киев.

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со Зеленски и Трамп. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека клучните прашања, вклучително и територијалните, можат да бидат решени само на состанок на највисоко политичко ниво. Виткоф заедно со другиот специјален пратеник кушнер претходно беа на средби со Путин во Москва, но не беше постигнат опиплив напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер