Милатовиќ: Три затворени поглавја e важен момент за Црна Гора - Канал 5

Милатовиќ: Три затворени поглавја e важен момент за Црна Гора

- Ова е важен момент за Црна Гора. Затворени се три поглавја од преговорите, што е сигнал за посветеноста на Европската унија кон Црна Гора на нашиот пат кон полноправно членство, напиша Милатовиќ на Х.

Милатовиќ: Три затворени поглавја e важен момент за Црна Гора

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ го поздрави затворањето на три поглавја на европскиот пат на Црна Гора, оценувајќи дека ова е важен момент за земјата, но во исто време ја критикуваше Владата што не го затворила четвртото поглавје, поради, како што наведе, недоволната посветеност на Владата на агендата на ЕУ и нарушувањето на односите со Хрватска.

- Ова е важен момент за Црна Гора. Затворени се три поглавја од преговорите, што е сигнал за посветеноста на Европската унија кон Црна Гора на нашиот пат кон полноправно членство, напиша Милатовиќ на Х.

Тој им се заблагодари на сите кои работеа на исполнување на обврските со цел затворање на поглавјата 7, 10 и 20, пред се на членовите на преговарачката структура, без чие стручно знаење овој резултат немаше да биде возможен.

Во Брисел вчера се одржа 17-от состанок на Меѓувладината пристапна конференција ЕУ-Црна Гора на кој привремено беа затворени три преговарачки поглавја. Се работи за поглавјата 7 – „Право на интелектуална сопственост“, 10 – „Информатичко општество и медиуми“ и 20 – „Претпријатија и индустриска политика“.

Црна Гора досега привремено затвори три преговарачки поглавја, додека во исто време преговара по 33 поглавја во преговорите за членство во ЕУ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Две вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа.

Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани.

Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските.

Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

Од ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. 

 Намалени  цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното..

Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер