Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
2Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
БалканМилановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ја обвини владата за узурпирање на државата и бескрупулозно предизвикување поделби.„Заклучокот на Владата на Република Хрватска, врз основа на кој ја узурпираше организацијата на дочекот на хрватската ракометна репрезентација на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб, е неуставен, незаконски и пиратски акт, чие донесување нема апсолутно никаква правна основа“, напиша претседателот на Фејсбук. Тој изјави дека „од тоа неуставно и незаконско дејство на Владата произлезе незаконска употреба на полициска сила против комуналните служби на Град Загреб, на кои им беше спречено да ги остварат своите овластувања јасно пропишани со закон“. Милановиќ притоа се осврна на фактот дека полицијата во центарот на Загреб денеска ги спречила комуналните редари да ја извршуваат својата работа, односно да го оградат просторот со лента, бидејќи владата не побарала ниту добила дозвола од Градот Загреб за собирот на плоштадот „ Бан Јелачиќ“. „Владата на Хрватска изврши намерна деструкција на уставниот поредок, а претходно измисли законска основа за своите постапки и постапките на полицијата. Ваквите постапки на владата всушност ја узурпираат државата и бескрупулозно предизвикуваат поделба меѓу хрватскиот народ. Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ, е одговорен за ова“, напиша Милановиќ. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, претходно денеска ја обвини Владата на Хрватска за институционално насилство и обид за соборување на демократски избраната влада во Загреб. Тој оцени дека владата го крши Уставот и законите со организирањето на приемот на бронзените ракометари на главниот плоштад „Бан Јелачиќ“ во Загреб, каде што, и покрај забраната, ќе настапи контроверзниот пејач Марко Перковиќ Томпсон. Иако мораше, владата не побара дозвола од Градот за собирот, а целиот настан доведе до големи поделби во општеството. Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) синоќа го откажа приемот организиран од Градот Загреб, бидејќи градските власти не го исполнија барањето на ракометарите пејачот Томпсон да настапи на него, затоа што од претходно му е забрането да настапува во Загреб поради усташкиот поздрав „За дом спремни“. Владата објави дека ќе организира прием во 18 часот на главниот плоштад во Загреб, бидејќи станува збор за настан „од национален интерес“. На плоштадот се очекува доаѓањето на Томсон и членовите на владата. Некои правни експерти предупредија дека владата со таквото однесување го крши Уставот и поделбата на власта. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, исто така го обвини ХРС дека политички се усогласува со ХДЗ. На власт во Загреб е зелено-левичарската коалиција „Можеме“ и Социјалдемократската партија, од која доаѓа претседателот Зоран Милановиќ, додека на власт на национално ниво се Хрватската демократска заедница на премиерот Андреј Пленковиќ и десничарското Татковинско движење.Тагови: Зоран Милановиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки Ќе добие ли втора шанса во Собрание Законот за јавни набавки чијшто указ претседателката Сиљановска одби да го потпише? Таа го врати со една забелешка, но сега предлогот доби над 2000 амандмани, од кои повеќето од опозициската СДСМ. Во пресрет на утрешната седница кадешто ќе се разгледува во трето читање, од пратеничката група на СДСМ за Канал 5 велат дека предлог законот сериозно влијае на транспарентноста на јавните набавки бидејќи се зголемуваат лимити за трошење на јавни пари без тендер. - 10000 евра може да потроши функционер каде сака и по било кои цени без да има никаква постапка, односно јавна набавка. - Се укинува обврската воведена во 2019та институциите да добиваат мислење од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без оглас. Ова ќе даде можност за склучување договори во четири очи без никаква контрола. - Три пати се зголемуваат надоместоците за поднесување жалба. Целта на ова е да се обесхрабрат фирмите, особено помалите, да поднесуваат жалби и да укажуваат на неправилности во постапките за јавни набавки. Пратеничка група на СДСМ Но, и покрај бројните критики од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека законот ќе биде усвоен, бидејќи според член 183 од Деловникот, амандмани во трето читање може да се поднесуваат единствено во врска со укажувањето на претседателот. За нив е прифатлива забелешката на претседателката Силјановска, која е против неограничена можност за реизбор на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки. -СДСМ имаше време кога да ги отвора овие дилеми низ комисиските процедури, но не го направи тоа. ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман со кој се опфатени забелешките на Претседателката и тие ќе бидат коригирани. Законот ќе биде донесен. Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Со измените на законот прагот за набавки на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера. Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година. Овие измени се дел од реформската агенда, а очекувањата на властите се дека ќе има поедноставни постапките, помали административните трошоци и поквалитетно трошење на јавните пари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВетеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на теренВетеринарите излегоа на протест пред АХВ и Владата.Се жалат на лошата состојба во секторот, недоволното финансирање и застојот во спроведувањето на превентивните мерки за заштита на здравјето на животните. Игор Манасиевски го следеше протестот.. Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКрива Паланка бара владата да прогласи кризна состојба за проблемот со кравитеПовеќе од илјада крави неконтролирано се движат низ кривопаланечко, а Општината бара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба. Градоначалникот Сашко Митовски на прес-конференција, на која присуствуваа и жители чии имоти и земјоделски посеви се оштетени од добитокот, предупреди дека агенциите немаат доволно капацитети да се справат со проблемот. Побара дополнителни ресурси и јасен оперативен план за заловување, транспорт и згрижување на животните. „Врз основа на заклучоците на Општинскиот кризен штаб, бараме итно Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на Општина Крива Паланка и да ги обезбеди потребните ресурси за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток – изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка. Кравите секојдневно се движат низ центарот на градот, загрозувајќи го сообраќајот и уништувајќи земјоделски посеви и приватни имоти. Ако нема слух од владата, Митовски најави протест. „Овој пат јас, заедно со моите граѓани, сме решени да одиме до крај.“-изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка. Според градоначалникот, од 2022 година досега до надлежните институции биле доставени стотици пријави. Иако уште пред две години биле донесени правосилни решенија за одземање на добитокот, тие не се спроведени во целост. Општината најавува и кривични пријави доколку не се постапи. По нарушените односи со претходното раководство на АХВ, како што посочи градоначалникт, се очекува соработка со новиот директор Јовица Андовски, со кого и ќе се сретнат во текот на денот. Од АХВ претходно посочија дека и Општината има законски надлежности за контрола на добитокот на јавни површини. Според Агенцијата, обидите за одземање на животните биле попречувани од одгледувачите, поради што решенијата не биле целосно спроведени. Додека институциите ја префрлаат одговорноста за оштетените жители, Општината најави единствен регистар за утврдување на штети и подготовка за заедничка тужба за надомест. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook