БалканМилановиќ: Ќе продолжам да се залагам за што побрз влез на Албанија во ЕУХрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска му рече на албанскиот премиер Еди Рама дека ќе продолжи да се залага за „што е можно побрз влез на Албанија во Европската унија“, земја што ја опишува како „доверлив сојузник во НАТО долго време“.Хрватскиот претседател го прими албанскиот премиер во Пантовчак и ја повтори цврстата и континуирана поддршка на Хрватска за Тирана за членство во ЕУ, се вели во соопштението од Кабинетот на хрватскиот претседател. Милановиќ и Рама разговарале за соработката меѓу Хрватска и Албанија и ги оцениле односите меѓу двете земји како „исклучително пријателски и добри“. Тема на разговорот била и безбедносната и политичката состојба во Југоисточна Европа, при што беше истакнато дека зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот е од голем интерес за двете земји, се вели во соопштението. Рама е во официјална посета на Хрватска, а претходно беше примен од премиерот Андреј Пленковиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСоветниците на СДСМ во Пехчево против дата центарПобараа тргање на точката од дневен ред!„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Балкан43 годишен Македонец во Србија, понудил мито во замена за казна за брзо возењеВластите во Србија вчера уапсиле 43-годишен државјанин на Македонија кој е осомничен дека им понудил мито на полицајци за да не му напишат казна за брзо возење, објавија српските медиуми.Припадници на министерството за внатрешни работи на Србија, управата за криминалистичка полиција и службата за борба против корупцијата, по налог на посебното одделение за сузбивање корупција при вишото јавно обвинителство во Краљево, го уапсиле осомничениот, со иницијали З. А., за кривично дело давање поткуп.Тагови: мито Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДали ова е најдобрата Панда досега? Познатиот водител го даде својот суд (ВИДЕО)Фиат Гранде Панда под лупата на Џејмс Меј: Наследник на легендата или чекор назад?Познатиот британски автомобилски новинар и ТВ водител Џејмс Меј детално ја претстави Гранде Панда, модел на Фиат произведен во Крагуевац, истражувајќи ги нејзините клучни карактеристики, дизајнот и местото што го зазема во историјата на овој легендарен модел. Меј, кој е познат како голем обожавател на Фиат Панда и кој долго време поседува копија од втората генерација на овој модел, ја спореди новата Гранде Панда со претходните верзии што одбележаа повеќе од четири децении од историјата на италијанскиот производител. Тој посвети посебно внимание на промените во дизајнот, но и на начинот на кој филозофијата на брендот се прилагоди на барањата на современиот пазар. По тест возењето на блага хибридна верзија, Меј разговараше со гостите за тоа колку новата Гранде Панда останала верна на оригиналната идеја за прифатлив и практичен автомобил за широките маси. Гранде Панда носи посовремен изглед, поголеми димензии, повеќе технологија и електрифицирани опции за погон, но во исто време се обидува да ја задржи едноставноста и функционалноста што ја направија Панда еден од најпрепознатливите европски автомобили. Како што наведува Џејмс Меј, Фиат успеа да ги спои носталгијата и модерната технологија, создавајќи модел што би можел да привлече и долгогодишни фанови на Панда и сосема нова генерација купувачи. Извор: Б92Тагови: Фиат Гранде Панда Џејмс Меј Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter