ФудбалМилан и Аталанта ремизираа, Наполи го освои бодовите против ЛечеАталанта синоќа ремизираше 1:1 со Милан во 9. коло од италијанското фудбалско првенство. Натпреварот се одигра на стадионот „Атлети Аѕури д'Италија“ во Бергамо.Во 4. минута, Самуеле Ричи им донесе водство на „Росонерите“. Домаќините израмнија кон крајот на првото полувреме, со гол на Адемола Лукман. Наполи со голот на Замбо Ангиса во 69. минута забележа победа (1:0) на гости со Лече. Во 55. минута, домашниот напаѓач Франческо Камарда промаши пенал. Милан има 18 бода од девет натпревари и е трет на табелата. Аталанта е седма со 13 бода. Наполи има 21 бод и останува на врвот на табелата. Лече има шест бода и е на 16. место.Тагови: Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВРЕДИ: Шасивари, Ферати и Сулејмани ќе раководат со трите нови министерстваПо вечерашната седница на Претседателството на ВРЕДИ, донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат личности кои носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните.За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Во новиот владин состав продолжуваат да ги извршуваат своите функции Беким Сали како прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како министер за економија и труд, како и Мухамет Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање. ВРЕДИ решително продолжува по патот на промените, носејќи нова енергија, професионални кадри и одговорен пристап кон владеењето. Со овој тим, ВРЕДИ повторно ја потврдува својата посветеност на реформите, развојот и достоинственото застапување на интересите на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател, СДСМ се зајакнува„СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на #СДСМ.Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат. Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ. Продолжуваме заедно, со посветеноста и новата енергијата на целиот наш тим, за подобра иднина на Македонија. „ Соопштение - објава на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче -https://www.facebook.com/share/1CQxHidueX/ Скопје, 02.07.2026 СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Реформите кои ги спроведува Владата на ВМРО-ДПМНЕ со дигитализацијата даваат резултатиРеформите кои ги спроведува Владата на ВМРО-ДПМНЕ со дигитализацијата даваат резултати, крај на бирократијата и ефикасни институции во корист на граѓанитеРеформите кои ги спроведува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати. Дигитализацијата носи конкретни резултати за граѓаните и крај на бирократијата и чекањето по шалтери. Дигиталната трансформација е обврска кон граѓаните. Државата мора да работи брзо, ефикасно и без бирократски лавиринти, а институциите конечно да бидат во служба на народот, а не обратно. Преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk граѓаните добиваат можност да ги завршуваат административните постапки без непотребно чекање по шалтери. Тоа е само почеток на процесот кој мора да продолжи со уште посилно темпо. Паралелно, се работи на усогласување на законодавството со европските стандарди, со што македонските граѓани ќе можат да ги користат придобивките од иницијативата „Роаминг како дома“ при патување во земјите од Европската Унија, без дополнителни трошоци за комуникација. Реформската агенда останува врвен приоритет. По најобемниот пакет закони донесен во 2025 година, реформите продолжуваат со уште посилен интензитет. Македонија веќе обезбеди 31,7 милиони евра од Планот за раст во делот на дигиталната трансформација, средства кои мора да се претворат во конкретни услуги и подобар животен стандард. Истовремено, бројот на центрите за услуги е значително зголемен, со што институциите стануваат подостапни за граѓаните низ целата држава. Посебен фокус се става и на развојот на вештачката интелигенција преку Националниот центар „Везилка“, со цел развој на македонски јазични модели, заштита на културното наследство и изградба на доверлив национален систем за примена на вештачката интелигенција во согласност со европските стандарди. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена да стави крај на спорите, нефункционални и скапи административни процедури. Дигитализацијата значи помалку бирократија, помалку трошоци и повеќе време за граѓаните. Разликата е јасна, наместо празни ветувања и изгубени години како во минатото и владеењето на СДС, денес се градат системи кои носат реални резултати. Целта е институциите конечно да работат брзо, транспарентно и во интерес на секој граѓанин. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54