Семејството се насмевна и позира пред фотографите, а ова е прв пат парот да ги носи своите деца на настан каде знаеле дека ќе бидат фотографирани.
Имено, со нивните деца, деветгодишната ќерка Вајат и седумгодишниот син Димитри, во неколку наврати се снимени од папараците, но актерите се познати по тоа што ја штитат својата приватност. Овие двајца не се како другите холивудски парови. Мила нема ни социјална мрежа.

Мила и Ештон не го поминуваат слободното време на пауза од снимање на забава со колегите и одење на настани во Холивуд. Овој нетипичен пар времето го поминува на сосема поинаков начин. Тие неодамна заедно со своите деца учествуваа во чистење на плажа.
На парот не им пречи што пријателите на нивните деца од училиште доаѓаат во нивната куќа. „Нашите врати се секогаш отворени за нивните пријатели, дружењето со нивните врсници е од непроценливо значење за децата. На овој начин се развива социјалната интелигенција, а интеракцијата со другите е клучна за развојот на емпатија и толеранција“, рече Ештон.