СДСМ: Има ли директорот на АВМУ улога во влез на српски капитал во медиумите и дали има српско и бугарско државјанство?
2СДСМ: Има ли директорот на АВМУ улога во влез на српски капитал во медиумите и дали има српско и бугарско државјанство?
3ВМРО-ДПМНЕ: Домашното производство во април покри 88,8% од вкупната потрошувачка на електрична енергија
2Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница
Шоу бизМила Кунис: Горда сум што сум Украинка (ВИДЕО)Мила Кунис и Ештон Качер започнаа кампања за собирање средства GoFundMe за Украинците погодени од последиците од руската инвазија.„Додека сме сведоци на храброста на Украинците, сведоци сме и на незамисливиот товар на оние кои решија да одат на безбедно. Ова прибирање средства ќе биде помош за бегалците“, рече парот во видеото што го објавија на Инстаграм. Ештон и Мила решија да соберат 30 милиони долари. Во оваа прилика актерката за прв пат се огласи по рускиот напад на нејзината родна земја. „Роден сум во Украина во 1983 година. Дојдов во Америка во 1991 година и отсекогаш се сметав себеси за Американка. Горда сум. Благодарна сум за се` што направи оваа земја за мене и моето семејство. Но, сега не можам да бидам погорда што сум Украинка“, вели Мила во видеото. „Ова што се случува во Украина е поразително. Нема место на овој свет за ваков неправеден напад врз човештвото“, додаде актерката. „Украинците се силен и храбар народ, но само затоа што сте силни и храбри не значи дека не сте достојни за поддршка. Мораме да го поддржиме народот на Украина“, заклучила актерката. Ештон додаде дека никогаш не бил погорд што бил во брак со Украинка. Тој се согласи дека е исклучително важно да им се помогне на Украинците кои страдаат од руската инвазија. Инаку, Качер и претходно се појавуваше на социјалните мрежи и ја изразуваше својата поддршка за Украина. Тој неодамна на Твитер им испрати порака на Русите. „Ако познавате некој од Русија, јавете му се и кажете му дека нивните медиуми ги лажат. Украинците не сакаат да војуваат, тие едноставно не ја сакаат владата на Путин и не сакаат да бидат окупирани“, напишал актерот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Илинден: Реконструирано мултинаменското спортско игралиште во н.м МариноОпштина Илинден целосно ги реконструираше спортските терени во рамки на мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино, со што жителите добија современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење.Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, при увидот истакна дека во рамки на проектот се реконструирани фудбалскиот и кошаркарскиот терен, а реализирани се и низа дополнителни активности за уредување и заштита на целиот спортско-рекреативен простор. Фудбалскиот терен е целосно обновен на површина од 924 м2, поставена е нова вештачка трева, два нови гола и заштитна мрежа зад головите, со што се создадени значително подобри услови за игра, тренинг и рекреативни активности. Целосна реконструкција е извршена и на кошаркарскиот терен, кој се протега на површина од 436 м2, каде се поставени нови ПП пластични плочки, а заменети се и двете кошаркарски табли и двата обрачи. Во рамки на уредувањето на спортскиот комплекс, поставена е и нова пластифицирана заштитна мрежа и нова панелна 2Д заштитна мрежа на површина од 132 м2. Со реализацијата на овој проект, Марино доби целосно обновен спортско-рекреативен простор со современи услови за фудбал и кошарка, наменет за активностите и потребите на сите генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Има ли директорот на АВМУ улога во влез на српски капитал во медиумите и дали има српско и бугарско државјанство?СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија.Дел од таа операција оди и преку „Ало медиа“ групацијата која пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ“. Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има обврска да излезе и да ја информира јавноста и да каже што презема Агенцијата да го заштити медиумскиот простор во земјата и демократијата. Каква е неговата улога? Дали е известен за промената на сопственичката структура? Како ќе го објасни тоа кога знае за целосното сопствеништво и поврзаноста на компаниите кои влегуваат во Македонија? Дали знае дека на овој начин се создава дополнителна концентрација на политичко и странско медиумско влијание? Има и друго прашање на кое треба Трајчевски да одговори. Дали Трајчевски има српско државјанство, српски пасош или пасош на друга соседна држава? Дали има бугарски пасош? Ова е легитимно прашање од јавен интерес, особено во момент кога странски влијанија се шират во земјава а институцијата со која раководи Трајчевски има законски надлежности во постапките. Јавноста има право да ги знае одговорите. Скопје, 19.08.2026 СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Убавицата од 90-тите не се двоуми да покаже сè, дури во шеста деценија од живототПознатата актерка, русокосата убавица Хедер Греам (56) на Инстаграм сподели фотографии од својот одмор во Италија, на кои покажа дека се уште има тело на кое може да и позавидат и двојно помлади девојки.Хедер прво покажа како изгледа фантастично во провокативно сино, а потоа и во бордо бикини. Актерката беше одлично расположена додека уживаше во летниот одмор. Таа повторно ги воодушеви сите со својот изглед и докажа дека воопшто не остарела од периодот на деведесеттите години, кога беше на врвот на својата слава. Хедер зрачи со самодоверба на секоја објава додека позираше и ја покажуваше својата фигура во бикини, кои ги надополни со темни очила за сонце. Фотографиите наводно ги направил нејзиниот партнер Микеле Чивета (50), италијански режисер и продуцент, кој ѝ се придружил на патувањето. Не застана тука – неповторливата Хедер повторно блесна на плажата, но ја смени бојата на костимот за капење. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00