3ЈО: Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс” и поврзаните фирми
Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
1Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
БалканМикати – Мицотакис: Многу е важно да се имплементира договорот за примирјеЛибанскиот премиер по средбата рече дека разговарале за трговските и економските односи со цел нивно зајакнување, за Либан да најде излез од економската криза, но и за општата ситуација во земјата.Подготвеноста на Грција да помогне во зајакнувањето на државните институции во Либан и спроведувањето на прекинот на огнот, како и во зајакнувањето на економијата, ја истакнал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата во Бејрут со либанскиот премиер Наџиб Микати, кој рече дека Грција изразила подготвеност и да им помогне на вооружените сили на Либан, јави дописничката на МИА од Атина. Либанскиот премиер по средбата рече дека разговарале за трговските и економските односи со цел нивно зајакнување, за Либан да најде излез од економската криза, но и за општата ситуација во земјата. -Многу е важно да се имплементира договорот за примирје, но и одлуката 1701 на Советот за безбедност на ОН. Ја подвлековме улогата на војската на ова поле. Премиерот на Грција спомена дека Грција е подготвена, целосно подготвена да им помогне на вооружените сили на Либан и ова, детално беше разговарано од началниците на Генералштабовите. Би сакал да ја поздравам оваа иницијатива на Грција, посочи Микати. Мицотакис освен со премиерот, се сретна и со претседателот на либанскиот Парламент Набих Бери, а на средбите, како што информираа од неговиот кабинет, ја изразил грчката поддршка за „стабилноста и мирот во Либан и ја истакна важноста од спроведувањето на прекинот на огнот од 27 ноември за мирот и стабилноста во поширокиот регион“. -Зајакнувањето на државните институции на Либан е од најголема важност за нас. Се надеваме дека наскоро ќе се избере нов претседател и Грција ќе биде на ваша страна. Тоа беше мојата главна порака до премиерот. Би сакал да му пренесам на либанскиот народ дека Грција е и ќе остане вистински партнер во вашите напори за обнова на вашата земја, порача грчкиот премиер. Во изјавата по средбата со Микати се осврна и на ситуацијата во Сирија, велејќи дека „падот на режимот на Асад е добредојдена разврска, но повлекува значителни ризици за безбедноста и миграцијата“. Посетата на Бејрут на Мицотакис првично беше закажана за 6 декември, но тогаш се одложи поради дефект на владиниот авион. /MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
СветИзраел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 годинаИзраелските граѓани денеска гласаат на парламентарни избори, први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.На изборите ќе се одлучува за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Анкетите покажуваат неизвесна трка меѓу блокот на Нетанјаху и опозицијата.опозицискиот блок Јашар го предводи поранешниот началник на генералштабот, Гади Ајзенкот. Ниту еден од двата табора, според анкетите, нема сигурно мнозинство од 61 пратеничко место.Тоа би можело да доведе до долги преговори за формирање нова влада. Изборите се одржуваат во услови на меѓународни критики за војната во Газа. Критики има и поради насилството и проширувањето на еврејските населби на западниот брег. Резултатите се следат и во странство, во време на зголемени тензии меѓу Израел и Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотДенеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?На 27 октомври, православните верници го одбележуваат празникот посветен на Света Петка Епиватска, позната и како Света Петка Трновска. Во народот празникот е познат како Петковден, а светицата се почитува како заштитничка на жените, децата, болните и сиромашните. Со нејзиното име се поврзуваат бројни народни верувања, обичаи и преданија што се пренесуваат од генерација на генерација. Според народните верувања, Света Петка ги штити луѓето од несреќи и природни непогоди, а жените ѝ се молат за здравје, семејна благосостојба и пород. Во многу места во Македонија празникот се одбележува со посета на црквите, палење свеќи и молитви. Кoja била Света Петка Епиватска? Во христијанската традиција се почитуваат повеќе светици со името Параскева, односно Петка. Меѓу нив се Света Параскева Римјанка, чиј празник се одбележува на 8 август, и Света Параскева од Иконија, која се празнува на 10 ноември. На 27 октомври се чествува Света Петка Епиватска, позната и како Трновска, една од најпочитуваните светителки во православието. Според житието, таа била родена во Епиват, во близина на Цариград, кон крајот на X век, во благочестиво христијанско семејство. Нејзиното име, Параскева, потекнува од грчкиот збор што значи „подготовка“ и се поврзува со петокот, денот пред еврејскиот сабат. Нејзиниот брат Ефтимиј исто така го посветил животот на верата, се замонашил и станал епископ. По смртта на родителите, Петка го напуштила семејниот дом. Прво заминала во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што, според преданието, живеела во молитва, пост и духовно искушение. Кога остарела, ѝ се јавил ангел кој ѝ порачал да се врати во родниот крај. Таа се вратила во Епиват, каде што живеела уште две години, а потоа починала. Бидејќи жителите не знаеле која е, била погребана надвор од градот како непозната туѓинка. Преданието за нејзините мошти Според црковното предание, неколку години по нејзината смрт, во близина на местото каде што била погребана бил закопан и починат човек. При откопувањето на гробот, присутните забележале дека телото на светицата не се распаднало. Во преданието се раскажува дека една ноќ на човек што учествувал во погребот му се јавила светителка во сон и побарала нејзините мошти да бидат извадени и достоинствено положени на друго место. Така, според верувањето, било откриено чие тело почивало во гробот. Моштите на Света Петка првично биле пренесени во црква во Епиват, а подоцна, во текот на историјата, биле преместувани на повеќе места. Биле чувани во Трново, во денешна Бугарија, потоа во Влашко, Белград и Цариград. Денес нејзините мошти се наоѓаат во градот Јаш, во Романија, каде што голем број верници доаѓаат да им се поклонат. Во народното верување и денес постои предание дека Света Петка може да им се јави на луѓето во сон, носејќи им утеха или предупредување. Зошто Света Петка е толку почитувана во Македонија? Култот кон Света Петка е широко распространет и во Македонија. Во нејзина чест се изградени цркви и манастири, а бројни извори и лековити води во народната традиција се поврзуваат со нејзиното име. Во различни делови од земјата се негуваат посебни обичаи за Петковден. Верниците го одбележуваат празникот со молитва, посета на храмовите и палење свеќи, а некаде се носат и леб, пченица и вино. Еден од познатите обичаи е таканареченото „петолебие“, при кое верниците носат пет леба во црквата. Обичајот се поврзува со библискиот настан во кој Исус Христос со пет леба нахранил пет илјади луѓе. По осветувањето, еден од лебовите се враќа кај верникот, додека другите остануваат во храмот. Што велат народните обичаи за Петковден? Петковден во народната традиција се смета за значаен празник, кој треба да се помине во мир, молитва и почит. Верниците често се воздржуваат од тешки физички работи и денот го посветуваат на семејството и духовниот живот. Во некои средини постои обичај во црквата да се носат дарови, како масло за јадење или облека, наменети за оние на кои им е потребна помош. Иако обичаите се разликуваат од регион до регион, заедничка е вербата во заштитничката улога на светицата и молитвата за здравје, мир и благосостојба. Петковден и денес има посебно место во духовниот и народниот живот на многу семејства во Македонија, а преданијата за Света Петка продолжуваат да се пренесуваат од генерација на генерација.Тагови: празник Света Петка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
МакедонијаВо Скопје посебен сообраќаен режим на посета доаѓа претседателката на парламентот на КосовоПретседателката на парламентот на Косово, Албуљена Хаџиу, денеска доаѓа во Скопје. За време на посетата таа ќе престојува во македонското собрание, каде што ќе се сретне со собранискиот спикер.Според информациите на прес-службата на собранието, Хаџиу ќе биде пречекана со високи државни и воени почести, по што ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на парламентот Африм Гаши. Ќе се потпише и во книгата на впечатоци.поради посетата на делегацијата од Косово, денеска во главниот град ќе има посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје. МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook