Мик Шумахер идната сезона во Индикар - Канал 5

Мик Шумахер идната сезона во Индикар

 Германскиот возач Мик Шумахер (26), син на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, идната сезона ќе се натпреварува во американската Инди серија за екипата Рахал Летерман Ланиган (RLL), објави денеска тимот.

Мик Шумахер идната сезона во Индикар

Синот на легендарниот седумкратен Ф1 шампион зад себе има 43 стартови во Формула 1 и најдобар пласман на шестото место. Во сезоните 2021 и 2022 Мик Шумахер возеше за тимот Хаас, а подоцна беше тест возач за Ферари и Мерцедес.

„Чест ни е да го пречекаме Мик во нашиот тим. Нè импресионираше со својата брзина, приспособливост и техничко знаење“, рече Боби Рахал, кој е еден од сопствениците на тимот заедно со познатиот телевизиски водител и комичар Дејвид Летерман.

Шумахер ќе го вози Dallara DW12 со мотор на Хонда во сите 17 трки следната сезона.

„Возбуден сум за автомобилот и американскиот начин на мотоспорт, кој се чини дека е повеќе фокусиран на чисто и директно тркање, и токму тоа го очекувам. И секако, љубопитен сум за нови искуства и секогаш сум заинтересиран за проширување на моите хоризонти. За мене, ново патување започнува тука и возбуден сум поради почетокот на сезонат“, рече Шумахер.

Сезоната „NTT Indy Series 2026“ започнува на 1 март, а последната 17 трка ќе се вози на 6 септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Dove претставува дезодоранс за цело тело: 24 часа свежина и нега за секој дел од кожата

​Во секојдневната грижа за телото, повеќето луѓе најчесто се фокусираат на подрачјето под пазувите кога станува збор за спречување на непријатните мириси. 

Dove претставува дезодоранс за цело тело: 24 часа свежина и нега за секој дел од кожата

Сепак, новите сознанија покажуваат дека само мал дел од потта на телото доаѓа токму од оваа област. Затоа Dove го претставува својот иновативен дезодоранс за цело тело, создаден да обезбеди свежина, заштита и нега на сите делови од кожата каде што најчесто се јавуваат потење, влага и триење.

Зошто дезодоранс за цело тело?

Според податоците на брендот, само околу 1% од потта на телото потекнува од под пазувите. Најголем дел од потењето се јавува на други делови од телото како што се внатрешните бутови, под градите, грбот, стомачните набори, стапалата и интимните области.

Токму затоа Dove разви производ кој е наменет за употреба на целото тело, овозможувајќи долготрајна свежина и чувство на удобност во текот на целиот ден.

Дерматолошки тестиран и безбеден за чувствителна кожа

Една од најважните карактеристики на Dove дезодорансот за цело тело е неговата формула која е дерматолошки тестирана и одобрена. Производот е наменет и за најчувствителните делови од телото, обезбедувајќи нежна нега без иритации.

Формулата нуди:

- До 24 часа свежина;

- 0% алуминиум;

- Состојки кои ја хидрираат и смируваат кожата;

- Поддршка на природната заштитна бариера на кожата;

- Заштита од непријатни мириси и триење.

Одредени варијанти се и гинеколошки тестирани за употреба во интимната област, што дополнително ја потврдува нивната безбедност и нежност.

Достапен во повеќе практични форми

Dove дезодорансот за цело тело е достапен во неколку различни пакувања, со цел секоја жена да може да го избере производот кој најдобро одговара на нејзините потреби и дневна рутина.

Спреј

Овозможува лесно и рамномерно нанесување на различни делови од телото.

Крем

Збогатен со витамини за обновување и подобрување на состојбата на чувствителната кожа. Гинеколошки е тестиран и погоден за употреба и во интимните области.

Стик

Практичен за нанесување на делови како внатрешните бутови и кожните набори. И оваа варијанта е гинеколошки тестирана за употреба во интимната зона.

Три освежителни мирисни варијанти

Корисниците можат да изберат помеѓу три различни мирисни ноти:

Original – препознатливиот и чист мирис на Dove;

Лаванда и камилица – смирувачка билна свежина;

Малина и роза – свежа и овошна комбинација.

Каде може да се користи?

Производот е наменет за нанесување на сите делови од телото каде што се појавуваат потење, непријатни мириси или триење, вклучувајќи:

- Внатрешни бутови;

- Под градите;

- Гради;

- Грб;

- Стапала;

- Кожни набори;

- Интимни области.

Со новиот дезодоранс за цело тело, Dove нуди сеопфатен пристап кон секојдневната хигиена и нега, комбинирајќи свежина, удобност и заштита за целото тело во текот на целиот ден.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош вложува во модернизација на јавниот простор

Општина Карпош започна со реализација на активности за унапредување на јавниот простор, поттикнување на рекреативни содржини и создавање места за дружење и активен живот на граѓаните. 

Општина Карпош вложува во модернизација на јавниот простор

Како дел од овие активности, поставени се пет нови шах маси со две седишта кои овозможуваат истовремено користење од двајца играчи. Со оваа иницијатива, јавниите површини во Карпош добиваат содржина која ги обединува генерациите и го поттикнува развојот на интелектуалните и социјалните вештини.

Шах масите се поставени на пет локации низ општината: УЗ Влае – плоштад „Делфина“, УЗ „Пецо Божиновски Кочо“ – кај бродчето, УЗ „Кузман Јосифовски Питу“ – кај споменикот, плато кај Млечен и Карпош 3 – кај фонтаната.

Проектот во наредиот период ќе продолжи да се реалиизра и во останатите урбани заедници, со цел што повеќе жители ќе добијат можност да уживаат во оваа древна интелектуална игра и квалитетно поминато време во своето маало.

Средствата за реализација на активноста се обезбедени преку Годишната Програма за спорт на Општина Карпош, а реализатор на проектот е компанијата Мегаспорт од Скопје.

Општина Карпош останува посветена на создавање современа, функционална и достапна средина за сите граѓани, со содржини кои придонесуваат за подобар квалитет на живот и посилна локална заедница.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На граничните премини „Богородица“, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

На граничните премини „Богородица“, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини “Богородица”, “Дојран” и “Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер